За прв семестар само знам, пошо прв година сум и тек сега треба да го запишувам 2 семестар. Математика, Основи на органска хемија, Општа и неогрганска хемија и Биофизика, тоа се предметите од 1 семестар, Воведен курс не го бројам дека само проект треба да се направи. Математика само 1 семестар и Статистика во 2 и толку. Па да тешко е, мора постојано над книга да си и јас дури сега дознав дека 2 семестар со предавања ќе го завршиме на 22 јуни а другите факултети со предавања завршуваат на 14 мај, има доста за учење, ама тоа е сега....некаде полесно некаде потешко. А тоа дека фармацевт само во аптека може да најде работа многу се грешите и не за само 250 евра плата, другарка годинава магистрира и одма се вработи во веледргогерија почестна плата 300 евра, различно е ама сите колеги и колешки кои што имаат завршено фармацевтски факултет сите се запослени.
Според заводот за вработување моментално нема невработени фармацевти, а според УЈП најплатена е фармацијата можеби ова ќе те премисли
Дефинитивно,добар и исплатлив избор е фармацијата.Како прво,треба да се остави на страна тоа што народот го создаде равенството за нас ФАРМАЦЕВТ=АПОТЕКАР.Да работиш на шалтер во аптека е само една од позициите што можеш да ги имаш.Секако,со добар просек,и среќа можеш да работиш во фармацевтска индустрија,како претставник,во биохемиски лаборатории,или во клиничка аптека,што за жал го има само по клиниките во Скопје.Плус,за да отвориш своја аптека не ти треба голема сума за опремување како што би ти требала,пример,за стоматолошка ординација. Побарајте и на интернет,ќе видите дека фармацевт е една од топ 5-те најбарани професии во Европските земји,а факултетот во Скопје е воглавно признат низ цела Европа.Има перспектива во оваа професија,а факултетот не е толку тежок,колку што бара посветеност,логика и активност,ама оној што знае да си го организира времето и квалитетно да учи ќе помине лесно (од лично искуство ) Сега,да не го замислувате како Филолошки или Правен,оти е далеку потежок,ама вреди !
Сакам да прашам дали има повеќе насоки на фармацевтскиот факултет или е само чиста фармација и тоа за лабораториски биоинженер 3 години?
Има Фармација (3+2- тие наредните две се задолжителни на некој начин па се здобиваш со звање-Магистер по фармација) и лабораториски биоинжињер ( 3 години ). Само тоа има сега засега, не верувам дека нешто друго ќе отвораат допрва. Поздрав.
Јас сум средно 4-та и мојот избор за понатака е фармација,ми кажувале дека е многу тешко ама ако гледам така сите факултети имаат на свој начин своја тежина.Кога ќе се вклопиш во шемата друго е после.
Значи колку што бев сигурна и решена дека ја сакам оваа професија и овај факултет за понатаму, сега исто толку сум изреволтирана и огорчена. Во мојот град за жал нема фармацевтска компанија во која дипломираните фармацевти би можеле да се вработат, да го покажат своето знаење и да си добиваат плата која ја заслужиле со оглед на тоа дека факултетот е претежок. Некои ми велат оди си на фармација, ама остани си во Скопје, тука нема ништо да направиш. ОК е сето тоа, ама не може секој да остане во Скопје. Некој не може, некој не сака. Други ми велат не оди на фармација, претешко е, а не се исплаќа. Ова второво ми го велеше дипломиран фармацевт, 30 годишна девојка која работи во аптека во Еурофарм. Па луѓе вие не можете да замислите колку жената беше огорчена. Работа колку сакаш, плата за ништо ( 200 евра ), секоја недела се гњави со инспекции финансиски, санитарни, па ако заборавила некој рецепт да го внесе во компјутер и ја намалуваат и така мизерната плата...плус секој ден после работа како аптекарка мора и да си исчисти таму, да избриши прашина, да го светни тоалетот... No comment!
Леле што се случува во нашава држава не се цени никакво знаење и труд само татини и мамини мази се снаоѓаат.Катастрофа,се разочарав.
Само на лошата страна да се гледало. Немора да значи дека и ти ќе се запослиш во аптека и со такви сопственици. Еве јас ќе дадам друг пример, девојчево само што дипломира се запосле во веледрогерија со почетна плата од 30.000 денари, зависи од среќата точно дека во нашава држава скоро се` работи преку врски, но ако си способен барем со оваа струка можеш да најдеш работа не мора во Алкалоид ама има преспектива.
Баш ми ја погодивте темата јас сум средно медицинско насока фармација и сега сум матурантка. И морам да размислувам за понатаму... немам поима што да правам исто и на мене некој ми вика оди некој не , знам дека не треба никој да слушам затоа што е моја иднина ама не сакам да направам грешка. Фармацијата е убава професија чиста ама за некој што нема желба за неа.... и тоа е ако не одлучам ке мора на тоа...
Секако дека има МНОГУ за учење, затоа и се запишуваш на факултет, нема повеќе лесно да е како во средно, сега секој за себе си гледа и гледа што повеќе да научи за себе, затоа што утре ќе почнеш да работаш.
Јас сум средно фармација и да имам за учење, особено стручните предмети. Си сака редовно учење, јас не се жалам одлична сум и ќе продолжам фармација на факултет
Се двоумам дали да се запишам фармација средно училиште сега сум 8 некој совет да одам ? Да не одам стварно незнам
Ако се има љубов, се се може. Ете јас го сакам англискиот, го учев , го учам и до крај ќе го учам. Мислам , доколку ја сакаш хемијата, експериментите, латинскиот јазик.. Нема да имаш проблем. Имам слушнато дека фармација средното училиште има некои потешкотии , но се ќе ти се исплати на факултет . Ќе немаш никакви проблеми за совладување на некои материи кои веќе се во главата впишани. ))) Морам да кажам дека не смееш да ја пропуштиш шансата доколку сакаш и знаеш дека можеш.
Имам желба а и добро ми оди хемијата до сега. Некои мислења ме замислуваат малце со тоа што ми велат за средното фармација каде што ми е најблиско било лошо бидејќи ништо не учеле а сите отценки се пишувале со врски па малку се разочарав, стварно незнам има време ама дури да трепнам ќе летне...
Јас велам да се запишеш. Посебно затоа што сакаш да го учиш тоа, а и од друга страна би требало полесно да најдеш работа, дури и да не запишеш факултет. Аптеки се отвараат на секој шекор, а имаш простор за вработување и во фармацевтскиве компании, како Алкалиод на пр. Со лесно нека е
И јас имам желба да студирам фармација, па ме интересира дали е тешко совладлив материјалот, дали е обемен, и каков е распоредот ? Дали се учи еден предмет неколку недели па потоа се полага или...?
Распоредот е чуден малку. Се учи еден предмет по еден - односно учиш еден предмет цела недела и таа е најнапорна, скоро цел ден си на факултет. После имаш една до две недели празни за да се спремиш за првиот колоквиум. Откако ќе пројде, пак почнуваш една (или повеќе) недела на предавања и вежби и така во круг. Напорен е распоредот меѓутоа мислам дека доколку би бил обичен како кај повеќево факултети би било уште потешко. Бааѓи потешко. За материјал има стварно многу, бараат и професори и асистенти, се бара и редовност посебно на вежби. Е сега, една работа за која јас не бев спремна и стварно сум многу гневна. СПРЕМЕТЕ СЕ МАТЕМАТИКА. Ако не ви оди математика - многу тешко ќе ви биде. Прво затоа што првиот предмет е математика и не е толку лесен, второ затоа што и во хемиите има бааѓи задачи за решавање и обично не ви го прегледуваат колоквиумот ако немате барем две задачи решено. Мене ова никој не ми го кажа, а доаѓам од средно медицинско каде математика се решава на најниско можно ниво и тоа две години. Рачунајте колку сум изгубена. Вие што сте исто од средно медицинско спремајте се летово, одете по професори ама сериозно учете, не набафтање. Кога би можела да го вратам времево, летото само на математика би си го посветила. И најважно, за сите кои планирате од догодина да ми бидете колешки - учете редовно. Иначе нема шанси да поминете ниту еден колоквиум.
Да одиш! Јас учев средно фармација и презадоволна сум. Прва година ќе ти биде малце напорна ама редовно ќе си учиш и нема да имаш никаков проблем. Праксата во 3та година е најубава. Тогаш ќе правите кремчиња, лосиони и сл. Ехх си ја сакам струката бе