Фармацевтски факултет Jас планирам да одам на фармација, сеуште немам одлучено дали Cкопје или Штип. Има ли други заинтересирани за овој факултет? И ваше мислење за овој факултет? :geek:
Фармацевтски факултет Јас сакам исто на фармација во Скопје. Имам слушнато дека е тешко и дека професорите не доаѓале во пресрет кога ти била потребна помош. Јас сепак на фармација ќе се запишам
Фармацевтски факултет Колешки значи Ако имате некои прашања, слободно прашајте ме, јас сум на фрамција прва година во Скопје.
фармација во Штип (или кој било друг од новокомпонованите факултети) мене тоа ми е помалку од средно ...ниво 0 ако сакате да студирате се знае каде се студира
По многу критики дека нема да успеам ако се запишам за фармацевт и дека било премногу тешко а тешко се наогало работа јас се запишав вчера за фармацевт.
си се запишала за фармацевт или за фармацевтски техничар ??? гледам 14 години си што знаци си се запишала средно а со средно се станува фарамацевстки техничар за фармацевт ке треба уште многу да го потиш столчето
Каде? Навистина би сакала да знам. Се извинувам за оф - топик. Горе - долу се имам изјаснето во однос на темава .
а математика што учевте ,кои теми, јас средно фармација завршив, а математика само 2 години ушевме ( според мене малку математика средно, а на факултет се бара мн математика )
Ќе може некој да ми каже како е со стипендиите на факултетот во Скопје ? Бидејќи планирам тука да се запишам ....кои услови треба да се исполнат за да се добие стипендија ??
мислам дека треба да бидеш во првите 5 на список....така барем беше лани, незнам дали сеуште важи после прва можеш да конкурираш за стипендија од владата, но за неа големо влијание имаат и домашните приходи (покрај просекот)-јас конкурирав за Б али не добив..многу студенти се извлекоа со В тип поради тоа што мал број на социјални случаи се пријавуваат и мислам дека им дадоа на сите што конурираа (за В не треба просек). После 2 и 3 можеш да конкурираш за алкалоид стидендија, даваат по 10 ситпендии годишно (10 во 3та и 10 во 4та), приходите се бодуваат помалку а проекот повеке. стипендијата е 100 евра месечно, треба да имаш барем 8 просек, но ако не го задржиш ќе треба да ја вратиш стипендијата...мислам дека тоа е тоа...
http://www.ff.ukim.edu.mk/dokumenti_o/875030957.pdf еве нешто корисно за ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, некако не е активна темава ајде кажете кој ќе се запишува годинава на фармација, колку од феминкиве ќе одат..?
Ќе можи некој што учи на фармација да ми кажи малку подетално за распоредот во Прва година? Колку време сте на факултет, вежби предавања што како, и дали има паузи меѓу предавањата, мислам големи паузи од по неколку саати? Многу ми е важно да го знам ова, бидејќи планирам да седам во населба баајѓи оддалечена од факултетот и да патувам со автобус, ама ако треба да се враќам на факултет по два пати во денот ќе ми биди пренапорно.
Да напоменам прво дека вака беше лани, што не мора да значи дека и оваа година ќе имате сосема ист распоред. Најнапорно беше на почетокот, во смисла дека највеќе време поминувавме на факултет бидејќи следевме два предмета истовремено (веројатно знаете дека програмата е турнусна- слушаме предмет по предмет). Значи почнавме со воведен курс и математика, воведен предавања од 10 до 12, од 13 до 16 математика предавања и од 16 до 19 математика вежби. Е сега, имаше мали измени, значи некои денови имавме само математика, бидејќи воведен се помалку предавања. Математика предавања и вежби имавме 7 дена и после мала пауза, па прв колоквиум, после пак 7 дена предавања и вежби, па мала пауза за спремање па втор колоквиум или испит за тие што не го положиле првиот. Материјал има многу со оглед на тоа што секој ден по неколку саати само истиот предмет го слушаш и тоа што кога не би било турнус би го слушал цел семестар (нормално заедно со други предмети), овде го поминуваш во 2 недели. Ама затоа имаш и слободни денови за спремање кога не одиш на факс, и ако сериозно се почне и се искористи времето, се постигнува. ЗА останатите предмети, не би одела за секој поединечно, ќе видите, но што се однесува до распоредот: за некои предмети е така направен да нема чекање, пример 8-11 првите две групи вежби, 11-14 предавања сите заедно, 14-17 вторите две групи вежби и никој не чека, или ќе бидеш на факс 8-14 без чекање или од 11-17. Ама за некои предмети предавањата се од 8-11, и една од неделите кога си на вежби 11-14 ти е ок, ама другата недела, од 8-11 предавања и после имаш три саати празни, пошто на вежби си од 14-17. И бидејќи и јас живеам далеку од факултетот, не е ни да се враќаш, ни да чекаш. Некои денови чекав на факултет, нешто да читам, ама не е тоа-тоа, не се издржува (евентуално да одиш во читална да го поминеш времето, ама во главно таа во трговски е полна, не се знае дали ќе најдеш место, а за читалната во студентскиот медицинар, тука што е до факсот, не знам не сум отишла). Некои денови се враќав дома, со тоа што за да се вратам ми треба саат , за да стигнам ми треба саат, и најмногу што имав време дома да одморам беше еден саат, тоа е во идеални услови, ако не каснат предавањата па покасно да завршат, ако не чекам многу авобус итн, инаку некогаш и само пола саат останував дома, а другото време го поминав по патиштата враќајќи се и доаѓајќи. Особено зимава, кога имаше снег и не се одеше така брзо, по тоа снеговите да идам и да се враќам се изнамачив, ама не се издржува ни да чекам на факс, а и за во читална немам концентрација одма нешто да читам, и бирав и покрај толку патување, бар тој пола саат-саат дома да го искористам за да легнам малку да одморам. Среќа што не беше така за сите предмети. Напорно е и времето на факс, за тие што се далеку и патувањето до факс, обемен е и материјалот.. да земеме просек 300 страни по предмет, не сметајќи ги вежбите каде има посебни практикуми, извештаи и за секој предмет се полага и завршна вежба (му доаѓа како трет колоквиум со материјалот од вежби). Органска хемија во прв семестар не спаѓа во овој просек, пошто тоа е стварно многу и треба сериозно да се почне да се учи. Бара доста напор факултетот, ама со упорност може да се постигне, не е страшно . Со среќа на сите што ќе се запишете и многу успех!!!!
Спојлер Фала на обемниот одговор За воведниот курс ќе може да кажиш нешто повеќе-дали е тешко, што отприлика се изучува, теоретски е или практично? Бидејќи јас прашав неколкумина што се на фармација, ама тие се сега 4 година и учеле според старата програма, па воведен курс немале.
воведен курс е теоретски, прво има неколку предавања теорија од историја на фармација и слично, а после доаѓаат разни предавачи од алкалоид, биро за лекови, од аптеки итн. и даваат некои општи информации, и овие предавања би требало да ти помогнат за да изработиш проект, бидејќи нема полагање испит туку преку проектот се положува предметов, затоа и нема оценка, туку оценувањето е положил/неположил. Проектот ние имавме рок до почеток на следната академска година, ама мора да се носи порано за корекции, т.е можно е и повеќе пати да треба да го исправаш, затоа на време треба да се однесе првичната верзија
Дали би можела според вас да го совладам матерјалот на Фарамцевски факултет доколу се запишам, ако до сега т.е. во средно не сум многу обратила внимание на Хемијата, бидејќи немав одлучено што ќе студирам,а сега ова е мојата желба. И дали навистина немаш време за ништо друго освен за учење?
Само ќе ти кажам дека во прва година 90% од предметите се хемии, со исклучок на математика, статистика и биофизика, така да многу, многу, многу тешко ќе ти биде ама! ако тоа ти е желба пробај, немаш што да изгубиш
4 година сум средно и сеуште не сум на чисто што сакам да студирам. Се мислам помегу медицина и фармација. Моите имаат аптека и мајка ми добро работи веке со години. Одлична ученичка сум неможам да се пожалам дека хемија не ми оди само математика ми е слаба точка но со доволно време на вежбање може да покажам резултат. Одсекогаш се двоумев помегу овие две.. медицина ми се допага но страв ми е да не заглавам, а и многу години ми се чинат.. плус и здравтвото во државата не е баш сјајно. Фармација ми се свиѓа но не би сакала да просперирам како аптекарка..повеке ме влечи козметологија. Само што си мислам и да идам фармација нели е малку глупо моите веке имаат разработен бизнис, а јас сега ке треба да почнувам нешто сосема трето. Како и да е... и кога би идела на медицина желба ми е да бидам дерматолог..но и страв ми е да размислувам пошто прво треба општа медицина да завршам, и се работи за дста долг период. Не е време да токави планови. Ве молам за цовет. На две сум веке долго време не знам што да правам. Мислам дека доколку идам на фармација нема да е лошо бидејки имам желба,но РЕАЛНО кажете ми дали постои шанса во нашата држава да завршам основни студии и плус сомагистерски козметологија да најдам работа?!