Не сум баш многу информирана, но мислам дека и на фармација има специјалистички студии по козметологија (не е исто дерматологија и козметологија), а исто така и во текот на студирањето има предмет козметологија, а и по многу предмети кога се учат регулативи за лекови се спомнуваат и козметички производи. И секако твојата одлука не мораш да ја донесеш врз основа на тоа што работат твоите туку што е тоа што ти сакаш да го работиш, но штом веќе имаш разработен бизнис многу ќе ти биде полесно, ќе можесш само да ја водиш аптеката и да бидеш работодавец, а во исто време ќе можеш да ја земеш специјализацијата за козметологија па да работиш нешто поврзано со тоа. Ова е сепак мое мислење.
Да, но сепак ако дипломирам фармација и се посветам на магистерски козметологија или индустрицки био инженеринг.. можам да ги водам и аптеките? Тоа нели би било работа на две места.. зависи кај си пријавен. Мислам дека не е можно.. Исто живеам во многу мало место.. така да цел ми е да просперирам во Скопје. Односно таму да барам работа.. во некоја фирма и фармацевстка индурстрија. Сепак има доста отворени и селедев дека побарувачката на фармацевсти е доста голема. Ти што си по професија? Или сеуште студираш?
Точно е дека побарувачката на фармацевти е голема, но... за жал во нашава држава со завршен фармацевтски факултет си само продавач на лекови или максимум менаџер на некоја аптека каде што ќе вршиш набавки на лекови, ќе организираш достава, ќе правиш фактури и испратници значи пак нешто што само по закон треба да го врши фармацевт, а всушност тоа е трговија и може било кој да го работи. Да речеме работа од типот на овие што се сопственици на маркети и разни продавнички. Ние немаме развиена индустрија за производство на лекови за да се пронајдеш таму. Можеби нешто малку Алкалоид ама ми се чини дека повеќе пакуваат отколку што произведуваат, како и да е само Чак Норис може да влезе во Алкалоид да работи ете толку лесно е таму за вработување . Значи одлучи си дали си спремна да продаваш лекови?
Овде се слагаме потполно!!!! И јас го мислам истото и токму поради тоа не сум на чисто.Втора опција ми е медицина и ми се лини дека тоа е дури побетер од првата идеја
Јас студирам фармација и без навреда Јагода1979, ама ова "Продавач на лекови" ми ја крева косата! Буквално! Незнам како да напишам, а никој да не навредам, сигурно околу оваа тема подобро би се изјаснила усно, ама ете ќе напишам и се надевам дека никој нема ова да го сфати лично! Македонија е земја каде што доминира ограниченост во се', па така и во размислување. Ужасно е да кажеш продавач на лекови, кога тоа што ние го знаеме на многу им помага. Нека биде кој било продавач на лекови?!- Неможе. Нека се запишат на Фармацевтски Факултет 200 души?!- Не одат, бегаат како од чума, зошто факултетот бара одговорност и пред се' мноооогу посветеност и учење. Имав прилика да разговарам со угледен судија и ме праша околу факултетов и ми рече:"Добар избор си направила. Секоја фирма, поради криза од било кој вид, конкретно економскава криза која моментално владее, се распаѓа, но аптека и фармацијата општо, никогаш тоа не го чувствуваат." Зошто?! - Заради тоа што "големите, светски продавачи на лекови" пуштаат свински грип, грипот зафаќа големи размери, па пуштаат Тамифлу! Ова е само еден пример, кој би ја објаснил интелегенцијата на продавачите на лекови. Потребно е знаење, многу знаење, зошто фармацевтот е тој кој посредува помеѓу докторот и пациентот. Секој е добро запознаен со тоа што го интересира, на пример правник, адвокат, судија - со право, економист - со економија итн. да не набројувам, па затоа се сметам компетентна да кажам дека широк е спектарот на работа што можеш да ја работиш со титула Магистер по фармација. Нема да набројувам, сигурно многу не ги интересира, ама ПРОДАВАЧ НА ЛЕКОВИ е последната варијанта или во мојов случај, прва, зошто планирам да отворам аптека, здравје Боже. И јас можам да кажам за правник- приправник, поттрчко, жити факултетот со читање положуваат со 8/9/10 и триста други работи кои ги викаат личности со огранучени сфаќања, ама не!- Знам дека и тој факултет, како и секој друг има своја тежина, дека и таму почнуваш од нешто во кариерата, па се тек на време и судија можиш да станиш. Така ти е и во фармацијата. И дали е добар избор? Па да, сооглед на почетната плата од 20.000тина илјади е супер. Титулата, исто. Кругот на луѓе во кој се движиш, големи, образовани личности, ако го земеме в предвид тоа дека сега ако имаш пријатели, имаш се'. Знаењето со кое се стекнуваш. Тука можам да надополнам дека прво го учиме она што докторите го учат околу болести, симптоми и сл. Она што биохемичари, молекуларни биолози го учат- генетика, крвна слика и испитување и тек после следат лековите и испитувањата околу нив, зошто ако ги немаше продавачите на лекови, ќе испоцркавме од Парацетамол.
прекрасно кажано, токму тоа што јас би го кажала, сосема точно! Кај нас сепак најбарана професија е фармацијата и не го кажувам ова зошто тоа е мојот избор. Заењето и праксата со која се стекнува еден студент на фармација е огромно, за разлика од другите факултети кај нас се учи ама стварно се учи (да се разбереме, не спаѓаат тука сите факултети има и други кај што се учи ама стварно се учи ). И ние фармацевтите сите се наредуваме од тоа ''само продавач'' зошто ние најдобро си знаеме што значи да бидеш магистер по фармација и какви се можности ти нуди дипломата. И не е само алкаоид кај нас, има илјада можности иако е ова Македонија. Инаку ние не се сметаме како продавачи туку како експерти за лекови, поточно терапија.
Дали е можно да ме примат фармација, во овој случај во штип ако две години поминам со 4 а две години со 5. Исто така сакам да прашам дали има математика бидејќи математика ама ич не ми оди имам 2 и поради неа две години поминувам со 4 а не со 5 , инаку другите предмети ми се ок особено хемијата која што мислам дека е најпотребна за фармација баш ми лежи.
Devojki dali so diplomiran laboratoriski bioinzier dobivas titula - DIPLOMIRAN FARMACEVT! I potoa ako sakas da otvoris apteka dali ke mozes?
Девојки дали можете да ми кажете нешто за полагањето на државниот испит по фармација? Како оди процедурата, кои предмети се полагаат? Имам завршено средно фармација пред 5годиини но, се запишав на факултет и не полагав државен испит , сега кога завршив со испитите сакам и ова да си положам
Оваа година сум матурантка и би сакала да знам нешто повеќе за фармацевскиот факулет.Знам дека не се полага приемен,ако не сум грешка.Не сум сеуште одлучна дали тоа ќе биде мојот краен избор,па би сакала совет од некој на фармацевскиот факултет???
Po moe mislenje mislam deka farmacijata ne e dobar izbor, zatoa sto odis ucis 5god. faks za da bides prodavacka(aptekarka), mislam nema logika
Spring995 и јас уште се мислам, а највеќе ме двоумат резултатите од матура...да се надеваме дека ќе бидат во ред, па и колешки да бидеме ако се одлучиме
Моите две сестри се фармацевти и заработуваат многу добро. Supergirl1 не е точно дека учиш 5 години за продавачка,многу е малоумно мислењето дека можеш да ги споредиш образована личност која работи си лекови со продавачка за облека. Можеби тежината на факултетот не соодвестува со работа во аптека за 15 000. Не знам од каде ви е идејата дека фармацевтите работат само во аптека ... Сигурно сте слушнале Мукаетов, Алкаолоид тој е меѓу најбогатите поединци во Македонија. Има работа за фарамацевти во Алкалоид, Крка, Реплек, Белупо... со плати на завидно ниво,два пати повеќе од просечната плата во Македонија. Има работа како преставници,продукт менаџери на истоимените фирми кои вршат посети кај доктори,покрај што во овие фирми имаат секторите за производство и за контрола на лекови каде исто така работат фармацевти. Пари се земаат многу осбоено во првиве две фирми. Е дека без труд и со просек 7 на факултет ке ве земат да работите тоа не, во тој случај ке си работите во аптека бар нив ги има многу. Факултетот е тежок 5 години,и можеби ти изгледа дека не се исплаќа за да работиш во аптека еве ти алтренативни можности каде можеш да работиш а да не си во аптека.
Моите две сестри се фармацевти и заработуваат многу добро. Supergirl1 не е точно дека учиш 5 години за продавачка,многу е малоумно мислењето дека можеш да ги споредиш образована личност која работи си лекови со продавачка за облека. Можеби тежината на факултетот не соодвестува со работа во аптека за 15 000. Не знам од каде ви е идејата дека фармацевтите работат само во аптека ... Сигурно сте слушнале Мукаетов, Алкаолоид тој е меѓу најбогатите поединци во Македонија. Има работа за фарамацевти во Алкалоид, Крка, Реплек, Белупо... со плати на завидно ниво,два пати повеќе од просечната плата во Македонија. Има работа како преставници,продукт менаџери на истоимените фирми кои вршат посети кај доктори,покрај што во овие фирми имаат секторите за производство и за контрола на лекови каде исто така работат фармацевти. Пари се земаат многу осбоено во првиве две фирми. Е дека без труд и со просек 7 на факултет ке ве земат да работите тоа не, во тој случај ке си работите во аптека бар нив ги има многу. Факултетот е тежок 5 години,и можеби ти изгледа дека не се исплаќа за да работиш во аптека еве ти алтренативни можности каде можеш да работиш а да не си во аптека.
Потполно се сложувам со тебе Cheryll,а JennyFromTheBlock матурата е страшна работа,посебно екстерниот по биологија И јас незнам искрено што сум направила
Здраво јас сум нова на форумов и сакам да ве прашам дали е добро да се запишам фармацевт во Јане Садаски Штип и кој предмети ѓи има Однапрет Благодарам на Помошта Извнете ако се прецтавив вака нова сум
Dali ke mozhe nekoj od vas shto e upaten vo fakultetov da mi kazhe shto e razlikata pomegju DIPLOMIRAN BIOINZHENER i MAGISTER PO FARMACIJA? I dali otkako kje gi zavrshish 3te godini za laboratoriski bioinzhener mozhesh da zemesh magisterska za klinichka farmacija?
Здраво на сите, јас сакав да ве прашам на што смерови за на факултет можам да продолжам со средно фармација?