Odlicno So licence koja se dobiva so plus 10 ispita na zavrsen farmacevski fakultet vo MK dobivas $45 na saat. E sega da se razbereme full time rabota nema zosto sekoj saka odmoren I trezven farmaceut da ima vo apteka. No sepak odlicno se zivee so tie pari I + platata na mm.
ние сите се затрчавме за Канда па ногу ни е гајле колку е саатото на некој читај она шо работи у аптека јбг тежок печалбарски живот како ке се изпофалиш инаку колку си платен
Реално со фармација може убава работа да се има во странство. Не викам дека и тука не може да се добие добра работа. Убав факултет е, има работни места каде би можеле да работат фармацевтите, но за жал во Македонија 95% од тие што ќе завршат фармацевтски факултет работат во аптека. И поради тоа е многу потценет факултетот бидејќи многу имам слушано, да бе со фармација ќе работиш во аптека, ќе продаваш лекови.
Душо немој да понижаваш некои што работат во аптека не се тие обични касиерки не продаваат чипсови, продаваат лекови сите ги сметаме како доктори секако дека е ценето во аптека да работеш само што е мала платата да зимат плата техничари 30 илјади а фармацевти 50 60 ќе видеш дали ке ги викаш само продавачи на лекови. Не е само аналгино и парацетамоло, имаш состав на рецептата и треба да знаеш кој лек е тоа
Не знам каде прочита во мојот коментар дека јас ги понижувам нив. Прочитај убаво: пишува дека другите го велат тоа, а јас не. И имам убаво објаснето за оваа професија колку е тешка и бара многу напор, така што совет до тебе: во иднина читај убаво што е напишано! Едит: прочитај малку низ темата порано што пишувале и види кој ја понижува оваа професија.
Покрај сите небулози кои ги прочитав, морав да го цитирам мислењево и да кажам дека се согласувам од збор до збор! Само ќе додадам дека за ваквите амбициозни луѓе и луѓе кои своите потенцијали ги искористуваат на правилен начин, перспектива има секаде. Во фармацијата особено! Зборувам за кај нас од искуства на многу блиски, за во странство нема ниту потреба да коментирам. Најинтересно ми е што потценувачките коментари со кои сум се среќавала доаѓаат од искомплексирани и неписмени луѓе кои патем се "образовани".
Општо сакав да се изразам дека само на овие простори таа професија е потисната и се смета за обична работа а траже многу концентрација и психичка работа
Тоа е така. Но моето мислење не е такво, а ако сакаше општо да пишуваш не мораше да го цитираш моето мислење. Второ прочитај порано во темата што пишувале и ќе видиш дека фармацевти пишуваат продавачка во аптека. Значи дури тие не се изборат за својата професија, мислењето за жал тука ќе остане исто и мислам дека треба да им се укажува на тие личности дека работата во аптека и те како бара знаење и стручност, но и концентрација и напор.
Фармација е предобра,но за жал во нашава држава нема добра индустрија за тоа.Во Алкалоид не можеш да припариш без врски.Според мене работа во аптека е повише за Фармацевтски техничари,затоа што со факултет ми е некако претежок за утре да завршам и да продавам само лекови.(Не дека е лошо работењето во аптека али со факултет кој притоа бара толку многу учење да завршам како продавач малку ми е чудно ).Се на се смерот е доста чист,бара доста учење така што и покрај се најбитно е да се избере она што највеќе ве привлекува.Не сакам никој да навредам со мислење во,сепак ова си е мое мислење.Среќно на сите оние кои се на Фармација .
4 години. Англиски е меѓу главните предмети како и македонски, сигурно 4год се учи пак и покрај новите измени што ги направија во програмите.
Колку време трае стажирање во аптека после средно и дали може да се почне со стажирање два-три месеци пред да завршам средно?