1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали добро ќе постапам?

Дискусија во 'Сингл' започната од smiley.x3, 17 февруари 2012.

  1. smiley.x3

    smiley.x3 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Значи вака, има еден со кој на ФБ пишувам подолго време, тој ми призна дека ме сака и јас му реков дека го свиѓам иако тоа нее така! |( Знам дека згрешив, но што да правам? Детево е срце, знам дека планира нешто посебно со мене. Сите ми кажуваат дека бил добар, и го знам тоа, предобар е, секогаш кога ми е лошо тој ме расположува, а јас? Мене ич не ми е гајле за него. А имам план ако побара да излеземе да одам, и ако ми понуди врска сакам да му прифатам. Мислам дека со тек на време ќе го засакам... Што мислите? Дали ќе направам добар избор? :|
     
  2. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Не,јас мислам не.Не е фер воопшто од твоја страна така да го залажуваш ако немаш чувства кон него.Немој да го повредиш,како би ти било тебе?зошто не мислите на своите постапки,и зошто сте себични?Извини но мене изгледа истото ми го направија и ми го скршија срцето,а бев во озбилна врска во која ме убадуваше дека ме сака,ме однесе кај неговите,секој ден се слушавме и ми пишуваше најубави работи,и сега?сега го снема,Не ми даде никакво објаснување,ме остави,не ми крева ни тел.ни врати на пораките.И што да мислам јас?Разочарана сум,се прашувам зошто,а немам одговор.Испаднав искористена и излажана,зошто некој да ме лаже?Подобро нека ми кажел искрено.Немој те советувам,ќе го повредиш.Ќе мисли дека го сакаш ако прифатиш врска,ти што би мислела?Не е фер за вакви сериозни работи да се лаже,и да се преправа.Камо сите да беа како мене искрени,ама џабе има секакви луѓе,просто неможам да поверувам.
     
    На rak4estip му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Лошо си постапила што си го излажала, но сепак ти си знаеш најдобро. Ако ти е симпатичен и мил, може па сакаш да се обидеш, па со тек на време тоа да прерасне во нешто убаво и посериозно.
    Размисли си некое време, среди си ги чувствата и биди на чисто-што сакаш а што не од него? Може и да излезеш со него, да видиш како ќе се одвиваат работите. Се надевам дека ќе ја донесеш најправилната одлука.
     
  4. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Се согласувам и јас дека лошо си постапила. Не може од сожалување или од тоа што е многу добар да бидеш во врска со него. Не му давај на детето лажна надеж само попусто. И што ако не го засакаш? Тогаш повеќе ќе го повредиш.. Немој така. Остави да видиш што ќе покаже времето. Можеби тој ќе те освои па навистина ќе го засакаш, но вака без ни малку љубов немој да влегуваш во врска.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека да, сепак можеш да му дадеш шанса никој не знае што ќе се случи со тек на време. Па ако пак не оди, кажи му го тоа нема потреба да го лажеш и да му даваш лажна надеж. :)
     
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Мој совет е ако веќе се запознаете, поминувајте повеќе време заедно, пробај подобро да го запознаеш, и ако навистина ти се допаѓа и карактер и се.. Тогаш фатете се :) А вака ако се фатиш со него,тоа од сожалување ќе е само, ќе му дадеш лажна надеж и само што ќе помисли дека се му тргнало на добро, ти баш така “ќе го треснеш од земја“.. тоа не би ти препорачала :)
     
  7. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Зошто сакаш да му бидеш девојка на некој кој не ти се допаѓа? :^)
    Не, нема да направиш добар избор.
     
  8. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Колку е во ред од дечко со кој ми е пријатно , и сака да биде со мене , иако гледам дека може да се заљуби во мене , да кријам некои важни факти од мојот живот и да се зближам повеќе, и можеби некој ден да го повредам со тоа ? :wasntme:
     
  9. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Доколку се факти кои понатаму би го повредиле, и ако мислиш дека тоа лошо би влијаело на вашиот однос, тогаш е подобро сега да му кажеш би требало да има разбирање за тебе, но сепак, треба да имаш доверба во него, поготово ако се работи за нешто што не треба секој да го знае :)
     
  10. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Фала на одговорот :) .
    Сепак се работи за некои многу важни факти кои повеќето околу мене ги знаат,
    т.е. тоа се како основни работи за мене, ама успешно ги кријам од него,
    и немам намера наскоро да му кажам, едноставно уживам во третманот кој го добивам сега.
    И решив да бидам малку себична, и да дозволам да си гаи некои лажни надежи ,
    зашто секогаш бев искрена и доста беше..
     
  11. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Vнимавај sweet25, немој да одлучуваш за овој дечко врз основа на она што ти го приредиле другите. Nе заслужува овој да "плаќа" за гревовите на бившите. Tи си знаеш што треба да му кажеш и кога, мене само ме поттикна да ти пишам она "И решив да бидам малку себична, и да дозволам да си гаи некои лажни надежи ,
    зашто секогаш бев искрена и доста беше"
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Знам дека си во право :) .
    Затоа и не ми е скроз сеедно што од него кријам.
    А наш познаник со кој и он се гледа често знае,
    ама јас го убедив дека се тоа само мои лични работи и јас дека ќе кажам ако сакам ..
    Всушност се работи за тоа дека од дечково кријам дека сум била мажена и дека имам деца :tmi: .
    И не зашто сакам да го наместам нешто, туку едноставно уживам во третманот кој вака го добивам, кога ме гледа како девојче , сака да бидеме пар, си замислува нешто , и знам дека не е нешто што долго ќе трае, ама бидејки секако само такви и ми приоѓаат , решив да не бидам веќе толку строга со себе, да не се грижам толку за туѓите чувства и да живеам за моментот...
     
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е меч со две острици. Ако доволно се зближите, а ти упорно криеш некои факти, како што велиш, може и ти да заглибаш со емоциите, па од врската да излезеш поповредена од него.
    Те читав и во друга тема. Твоите важни факти, како што ги нарекуваш, се две живи и здрави дечиња, кои пред се треба да ти бидат гордост што ги имаш и воопшто да не го занемаруваш нивното постоење за да се изгребеш од некого љубов и внимание. А ако тој некој вистински те сака, ќе те прифати комплетно онаква каква што си.
    Најпрвин ти прифати се себе си, за да настапуваш како цврста и стабилна личност, ако сакаш да те прифатат и другите.
     
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    А можеш ли да си замислиш како е , запознаваш дечко, си се допаѓате, се спријателувате, мисли дека во прав момент те сретнал кога решил да се смири, пресреќен е :^) , и одеднаш ти му кажуваш дека имаш не едно туку две деца, и веќе те осеќа подалечна, жали што нема да ви биде на двајцата исто прво искуство, зашто јас ова го доживеав безброј пати , иако звучи неверојатно :fubar: .
    И не верувам во тоа, правиот ќе прифати :shake: , а и не ни барам некој да прифати...

    Мислам дека овој пат ќе си го чувам срцето ладно , и нема да излезам повредена ....

    Инаку јас не се срамам и не ги кријам децата за внимание како што изгледа, туку мислам дека се тие моја приватност, и дека сеуште нема потреба во почетна фаза на било каква врска да ги изнесувам ,
    не им барам татко па да чекам одговор...
    Дури се соочив со она што ми се случува во моментот, дека се сретнувам се со такви какви што требало порано, и бидејки судбината си поигрува со мене , решив во тоа да најдам нешто позитивно, и ќе се фатам за позитивното , па макар дури ако е тоа нешто што еден ден ќе го прекинам :^) ...

    Не сум паметна за себе , што да правам :worried:
     
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Кога-тогаш ќе се дознае. И не знам зошто мојот одговор си го доживеала како осуда. Објективно гледав на твоето прашање и мислам дека понудив уште пообјективен одговор.
    Ако можеш да влезеш во врска во која нема да вложиш емоции, тогаш оди напред. Досега ти си била повредената, ризикуваш сега некого ти да повредиш, што лично јас не би го оправдала, од проста причина што сите кога влегуваме во нешто што за нас би било сериозно, даваме се од себе и никој не би сакал да излезе изигран. А на крај краева и самата знаеш како изгледа кога некој ќе ти го сруши светот на глава.
    Сепак, ако решиш да останеш со него, времето најубаво ќе покаже, до кој степен треба да оди твојата искреност.
     
    На miss.ella и sweet25 им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Јас и ти ќе се караме :D се зезам
    Овака звучиш како да бараш само авантура. Ако е само авантура тогаш терај ама пази да не се вплеткаш во емоции па да ти биде уште потешко. Не мора да значи ако бившиот те повредил дека и со секој нареден ќе биде така.
    Млада си и треба да побараш/најдеш некој за озбилно кој ќе ја прифати целата ситуација. Еве баш сега во сабота бев на свадба каде што мајката има ќерка од 9-10 год и се мажеше. (на Геа ќе и текне можеби за кого станува збор :) учителка е жената :$ ). Кога се заозбили работата после втор-трет состанок таа си ја кажа целата вистина, дечкото прифати (и неговите) и еве ги среќни се.
    Не губи надеж и не размислувај така дека никогаш нема да најдеш некого кој ќе ги прифати твоите деца. Со кажување на вистината ќе му го дознаеш вистинското лице.
     
    На Gea и sweet25 им се допаѓа ова.
  17. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Имаш право , некако заради сите што ми се појавија во животот,
    изгубив верба дека повторно ќе сакам...
    Така и решив, да ми биде само забава, ама да не знае :lol:
    Едноставно сакам да имам партнер, нели , најнормално, љубов, убави моменти, се,
    ама без оној дел, мажење, деца со него и сл.
    А ако му кажам, ќе си бара друга за врска
    и сигурно ќе ми се понуди само за секс :devil:
    па затоа ќе си уживкам малце вака,
    зашто и они се иначе себични........
     
  18. Ania96

    Ania96 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    еепа вака.. ми се допаѓа едно момче .. али вака не сакам многу да се замарам ,не дадов никуј да му каже дека ми се свиѓа ,оставив тој сам да си примети... ама тој не примети и си се врати на бившата и сега си мислам дали би требало да се откажам и да не им пречам.Не се во врска,само се муваат ,да не се сфатиме погрешно ,и тој ми има кажано од порано дека не ја сака,сепак не сакам да пречам ,како што реков. не го сакам лудооооооооо ,но ми се допаѓаа....... дали мислите дека треба да отстапам или да се борам ???
     
  19. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Мислам дека треба да отстапиш и да го оставиш нека е со неа. Тоа дека не ја сака не можеш да знаеш колку е точно. Ако не ја сака зошто и се враќа? Ако у случај раскине со неа, фрли се на работа. ;)
     
  20. Ania96

    Ania96 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Tие не се во врска,но сеедно ја немаше да се испречам помеѓу нив и да ги скарам .. сепак овие симпатии нема да исчезнат туку така,па ако во случај тие повторно завршат можеби тогаш ќе му дадам до знаење дека ми се допаѓа.