- Немој !!! Немој, стварно нема да испаднеш фер... како би ти било ти некој да го сакаш а тој да ти вика ДА ДА ТЕ САКАМ,а тоа не е така ? И се на крај да испадне само една лага !! Лошо Лошоооооо, не прифаќај ... А ако веќе нешто си направила па пиши ни Поздрав..
Се чувствувам многу патетично сега Ама еве како е... Моментално живеам во Холандија, но се враќам во Македонија за 11 дена. Едно дете ми беше симпатија цела година, ама еве и сега малку. Почетоков на месецов, ми кажа да седнам до него на француски... Се смеевме и си зборевме... Чудното беше што не зборевме и не комунициравме ич пред тоа. Од тогаш, забележувам дека гледа во мене... Навистина ми се допаѓа Си одам за 11 дена, а тој незнае како јас се чувствувам и јас што мислам. Им кажав на другарките, три викаат да не речам ништо но една смета дека најдобо е да му кажам да ме почека после француски и да му кажам дека ми се допаѓал порано, па после дека и сега... Цела генерација ќе знае Ама другарка ми смета дека вреди, прашање е дали ќе го видам пак. А тој си е многу срамежлив, како што јас бев на почетокот. Дали добро ќе постапам, ако соберам сили и да му кажам дека ми се допаѓа? Благодарам.
Па вака е..Со едно дете си пишеме подолго време на фб и сега од најдорбата другарка дознавам дека ме свигал, и јас ништо.. Ама нз како и тој ме привлекува мене т.е и ја го свигам..(Да преминам на главното) Иии прееска беше тоа си пишеме така ии овој ни пет ни шест пита ме дали сакам врска на фб така другарски а јас шо да зборам се скаменив т.е се збунив и пишам му нз ии он вика само другарски ии за кратко време си мислам ама како шо почнал овој.. ии сега дали добро ке постапам ако му кажам да?
Што е финтата со тие фејсбук понуди за врски? Значи, им ја олесни фб работава на машките.. Па, нека те праша лично! Каква е таа врска на фб? Глупости. Океј, можеби му е срам и се тоа, ама вашата врска ќе се состои од виртуелни бакнежи?! Ако веќе се гледате и се тоа и ако ти се допаѓа - прифати, зошто да не. Но, мора ли сите да те знаат дека си во врска? Ако веќе не сакаш да криеш и не ти пречи фактот дека дечкото може утре ќе се предомсли, тогаш прифати си. А, ова што те прашува да се ставите на фб во врска „другарски“ мене ми изгледа како да сака да се покаже пред неговите виртуелни пријатели дека има женска.. Сепак, се се сведува на твојот личен избор. Како и да направиш, нема да погрешиш додека постапиш онака како што ти мислиш дека е правилно. И, ајде со среќа.
тој не знај како да ти се приближи и ти вика да се направите во врска на фб оти сака да му бидеш ти женска и мисли дека ако се приближите вака ке можи да ти биди поблизок и сите ке зборуваат ке викаат леле ма одите ли , ? кога се фатифте ?? и ке се зближите повеќе , ке комуницирате и ке се фатите навистина, ова е само глупа фраза бидејки се срамит дечково и затоа сака вака )
Фејсбук врска !? Мене тоа ми е некако ,незнам,туку ајде баталете.Тој незнаел како да ти пријде па со таа врска мислел дека ќе се зближите,а ако се свѓате не дозволувајте тоа да остане само Facebook врска,разговарајте
Детето го запознав вчера, и сега ми кажа на фб дека ме свиѓа и дали сакам да му бидам девојка. Е не го сакам јас, му кажам дека има време и дека треба да се видиме пак. А тоа не го мислев навистина, во суштина, не сакам да видам детето пак. А он вика обавезно да се видиме. Не сакам!! Дали да му откажувам цело време, или? Ваш совет?
Цвеќе имаш 12 години , така ? Инаку убаво. Браво за храброста на момчето. Не можам да сфатам како девојка на 12 годинки да му бидеш ? Бидејќи сте седнале во иста клупа детето е колку тебе во возраст, така ? Ако и ти го сакаш, тогаш речи му дека може да излезете заедно во парк или да јадете сладолед, да одите в слаткарница, заедно да играте надвор ( макар не знам колку денешниве дечиња играат надвор со топка и слично ) .... Ама дечко и девојка да бидете мислам дека сте мали. И не сфаќам , како тоа детето го запозна вчера ? Тоа е истото дете со кое си седела на француски ?
Не, не, Друго е. Вчера на базен го запознав. И јас не разбирам тоа со дечко и девојка. се согласувам со тебе. Е мала сум, мала. Он е за прва, ама глупави ми се тие работи. Работата е што не сакам да се видам со него пак. да му откажувам сепак? Обично не пишувам во овие теми, не сум баш јас.
Јас сум за не? Едно видување и одма те бара за девојка. Од мене имаш едно големо НЕ. Малечка си не знам како да ти објаснам. Ако ти речам ќе те искористи нема ништо да ме сфатиш. Тогаш вака ќе ти речам. Никогаш не прифаќај да му бидеш на некого девојка само ако го имаш неколку пати видено, додека не пораснеш. Кога ќе имаш 16 тина години ќе ме сфатиш . Послушај ме. Инаку ќе ти ги повреди чувствата. Речи му дека си сеуште мала и не сакаш дечко. Одбиј го . Тоа е мој совет.
Дружи се закачајте се смешки ово оно ама немој дечко уше сеа.Гледај да си поминеш убаво летото и да си се забавуваш со другари/ки немој уше сеа да се замараш со дечковци. Глава нема да кренеш од нив понатака Затоа сеа си уживај