Обично не дозволуваме,сепак тоа е некултурно и нехигиенски.А за слави или некој повод така може бидејќи после тоа секако следи одма генералка.
Јаооооооо смрт ми е, поготово брат ми кога ке влезе се нешто се брза тој море.... значи не не дозволувамммм никако!!!
Само кога има некоја прослава дома иначе така не се нервирам им давам влечки а и шкафот е веднаш до вратата.....
Сега да бидејќи немаме теписи и лесно ми е, скоро секој ден бришам со џогер. Ама здравје кога ќе ставиме теписи нема со кондури. И мм се нервира за тоа. Лесно се решава тоа - неколку пара папуши и кога ќе влезе некој само му ги подаваш папучите
Како што сум фрик и чистам на 2-3 дена, ке треба секој ден да чистам ако ми влегуваат по нов лакиран паркет со чевли no way младоста во чистење ке ми помине
Не ми е толкав проблем затоа што и не обожавам многу многу гости да ми идат. И јас ретко одам од друга страна (евентуално ако ептен инсистираат) затоа што си одам според мене, колку ми е мене важна таа комоција во домот. Поубаво ми е со пријателите во ресторан да седнеме да се видиме иако и тоа не е многу често. Затоа и кога идат, не правам голем проблем ако не ги собујат чевлите.
Кај мене имам речено да се соблакаат чевли , и имам на потсетна табла напишано пак не се почитува и кој и да дојде си влегува со чевли со некои исклучоци И се нервирам ама од култура не викам ништо Секој ден морам да пуштам правосмукалка од причина што малово лази и става се во уста , и лежи по теписите ! ме нервираа тоа што баш тие што ми се шетаат низ дома со чевли кај нив дома правило е одма Нема Чевли Епа неможе бе па
И јас колку што знам, гостинот треба облечен да влезе. Обично дозволувам и моите дома, а понекогаш некој ако инсистира да се соблече му давам папучи. Поздрав
Обожавам гости, често имам. Никој не влегува кај мене со обуени чевли..шо знам, валда си знаат луѓето Освен се разбира, за некој повод каде има големи собиранки како роденден, слава, именден.. Иначе верувам да е обратно страшно би ме нервирало..си го знам наравот, ама не би се дрзнала да речам на некој да се соблече.. отпосле ќе чистам и ќе пцујам Се знае за кај се носат чевли а за каде домашни папучки
Мене многу ме иритира кога некој ќе ми влзе по дома со кондури.Тоа дали чорапите му се скинати,усмрдени или било што,негова работа си е.Или па,барем пред да дојде на гости,нека ги смени.Како што понекогаш си седев на теписон *порано*.Сеа веќе не седам,зашто и моиве си влгуваат со кондури,братѕ ми,сестра ми...Им викам,соблечете ги,ама они се нешто се брзаат ,аха,како не,се брзале,а кога ќе влзат по 2 саати седат со кондури .Мразам да ми влгуваат дома со кондури,ама ништо неможам против тоа
Јас воопшто тоа не го дозволувам, затоа што не можам по секој со смукалка и доместос да одам, само колку бактерии и нечистотии се внесуваат дома, а најмногу ме нервира што кога ќе ми дојдат гости, на онака во претсобје ми се собуваат е тоа ужасно ме нервира само за слава дозволувам обуени да влагаат да не им ги средувам на сите еден по еден кондурите а после тоа секако темелна генералка
Доаѓа гостинот и се молам во себеси те молам те молам соблечи ги чевлите ма не си влегува гајле нема косата ми се крева ама што да правам неучтиво ми е да му кажувам сепак самиот гостин треба да биден свесен за тоа дека не е убаво да се влегува со чевли во нечиј дом, мене не ми е тешко да исчистам да направам дезинфекција ама не се чуствувам убаво кога некој ми влегува со чевли ама тоа е
Па нормално е да ги соблече чевлите... што они дома со чевли да не седат? И јас дома не се шетам обуена па нема ни на гости. Исклучоци има, на пр кога има некакво славење па гужва се прави па ајде некој и обуен да седи. Ама вака за секој ден не бива. Се и сешто газиш по улициве па уште и дома да си го носиш. Јас само еднаш влегов обуена, кога имав едни чизми што немаше шанси да ги обујам без лажица, а домаќиниве немаа. И тогаш седев со кондури и цело време ми беше незгодно и гледав што побрзо да си одам.
Не го оправдувам тоа, ама неможам да му речам излези надвор соблечи се некако не ми е згодно иако се чисти секој ден кај нас ама подруго е кога нема да влегува со кондури
Кај нас гледам се соблекуваат некои гости кога доаѓаат, мм се соблекува и јас си се соблекувам. Но, нема некое правило како што кај некои на врата им пишува "соблечете ги чевлите" !!! Што е претерано тоа е претерано што е многу-многу е Ако некој не сака да ги соблекува нема проблем, не правам проблем воопшто. Може на некои им мирисаат нозете непријатно ќе се чувствуваат, на некои скинат им е чорапот Пример да речеме Така да, ако сакаат бујрум нека се соблечат, ако не никому ништо.
Ни јас не сакам шетање по дома со чевли. Како што кажа една феминка погоре, сешто газиме по улиците и ајде сега дома ќе го носиме. Па уште и ако има дете во домот, ептен е греота. Секој треба сам да е свесен. На оние што ги чувствувам поблиски, или почесто што доаѓаат, послободна сум да им речам да се собујат, во случај да не се сетат сами. Но, некој што едвај еднаш или два пати ми дошол, не би можела да го опоменам, ќе се исплаши и друг пат нема да му текне да дојде. Спојлер Така еден гостин и‘ се налутил на мајка ми порано кога го натерала да се собуе. Ама ние сме биле мали, сме лазеле по подот и таа направила како што сметала дека е правилно. По 10-тина години, кога истиот тој имал мали деца дома, мајка ми го прашала што мисли сега за тогашната случка, а овој и‘ рекол: „во право си била, сега и јас не сакам да ми шетаат со чевли дома“.
Не! Ниту јас дома не шетам со кондури ниту сакам гости да ми шетаат. Нема потреба бактерии да ми влегуваат во домот А ако некој ми влезе без да се собуе љубезно му ги подавам гостинските папучки
Не, не и не. Тоа најмногу го мразам. Многу сакам хигиена, и ова мене ми е тотално нехигиенски. Не сакам да ми влегува никој со чевли!! Кога одам на гости никогаш не влегувам со чевли, евентуално само кога нешто се работи па мора со чевли.