1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали дозволувате да се влегува со чевли во домот?

Дискусија во 'Дом' започната од stilas7, 15 декември 2010.

  1. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    И јас мразам да ми влегуваат со чевли дома..но фала богу што се сетени луѓево..одма помислуваат на менее.демек ќе требало да чистам после пошто бел ламинат сме имале... :D
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Мое е како љубезна да се понудам да не ги слекуваат иако во умот си викам аман слечете ги :D :D не е нешто тешко да се избрише после тоа,ама ме фаќа инат си викам секакви бактерии има од кде да знам кој каде газел со чевлите претходно :lol:
     
  3. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    1.582
    Пол:
    Женски
    Да моиве дозволуваат,али сепак само во дневна одат не се шетаат низ цел стан.
     
  4. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
  5. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Јас не дозволувам да ми шетаат по станот со чевли од причина што додека дошле до кај мене кој знае низ што газеле, а и сега + со мало бебе уште од врата напоменувам дека кај нас е забрането и веднаш им нудам собни влечки.
    Истото си го применувам и кога одам негде, колку и да инсистираат да влезам со чевли јас се соблекувам и си барам влечки.
    Единствено можам исклучок да направам доколку некој си има мака со нозете, доколку му мирисаат, па да го пуштам така, но фала богу до сега не се пожалил некој :)
     
  6. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Дозволувам само кога имаме дома некоја прослава.
     
  7. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Не дозволувам од една причина што хигиената дома ми е многу битна. Ако некој ми влезе со чевли дома морам после него да го исчистам подот затоа што јас дома боса ќе шетам и у кревет после. А тој што влегол со чевли може пред тоа бил во кавен тоалет или којзнае каде. Што значи кај мене дома со чевли нема шанси.
     
    На Glasna и Rama им се допаѓа ова.
  8. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Во јавен тоалет сакав да кажам. Се извинувам за грешката :)
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.020
    Пол:
    Женски
    Обично цело лето ги тргаме теписи од дома, и прашина лесно се шири по паркетот. И затоа на сите им викам да не се соблакаат во тој период. Зимно време секој и онака се соблекува затоа што обично надвор е калосано се од дожд и снег, и обавезно им нудам собни влечки. Башка имаме крем теписи, колку и да не му се валкани чевлите на гостинот, ќе останат стапки сигурно.
     
  10. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Не,посебно со мали деца сега едно лежи на тепих,друго кај и да е ќе лази...
    Нееее
    Па му паднало долу смока,лапнало... :@
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    88.566
    Пол:
    Женски

    Истото го применуваме и ние дома :)
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас сега прочитав на темава дека некаде и пред врата требало да се соблекува :o
    Ние имаме светли теписи во ходник , и ние домашните во ходник се соблекуваме не пред врата па да ги внесуваме чевлите со рака .

    Може некој сум изнервирала не знам :worried: , јас кога одам на гости влегувам ,па во ходник се соблекувам , ако ми речат -не се соблекувај си влегувам со чевли .
    Инаку кај нас скоро сите гости сами си се соблекуваат, а тие што сакаат да влезат со чевли , никој ништо нема да им пререче .. Зависи од гостите , како сакаат тие .
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Аууу ми се крева косата од ова. Си се знае за каде сме си со кондури, патики, а за каде не. Не знам зошто воопшто некои луѓе си практикуваат облечени да си влегуваат, нема логика и премногу лоша навика. Искрено не ни можам да ја сфатам оваа навика, најверојатно и ова е една од работите кои влегуваат во домашно воспитување. Одма си правам филмови дека којзнае каде газел, па после кај мене дома, па јас ќе одам боса или по чорапи, па на крај во кревет ќе си легнам. Бррр... не, не, не. Инаку до сега дали еднаш или два пати ни се има случено така некој да влезе. И татко ми си знаеше порано да си влезе со кондури демек "на кратко", се нешто забораваше, де клучеви, де паричник и си претрчуваше ама го каравме со мајка ми цело време па сега еве одамна го немам видено, а може и се крие од нас.

    Всушност јас ни собните влечки со кои само низ дома одам не ги качувам на кревет. Не знам, така некако шубе ми е.
     
    На Ani.taa, Rama и Glasna им се допаѓа ова.
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Секаде каде и да собувам,па не сум фатена во кичма,можам да се наведнам и да се собујам,зошто некому да му газам со чевли од надвор по тепих.Затоа и очекувам и кај мене кога ке дојдат да се собујат или барем да прашаат,иако не би им дозволила.Мојата кука не е во Холивуд или од шпански серии па да се шетаат обуени како господа. А ако не можат да се собујат нека си седат дома и таму ако сакаат по цел ден нека си седат со чевли,баш ми е гајле,ама кај мене дома........никако
     
  15. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Па нормално, не ке ти рече: еј абе мене ми смрдат нозете, :wasntme: а да си влезам јас со чевли? :D
    Мене би ми било срам да го кажам тоа. :lol:

    Иначе не запазувам многу на ова. Кога влегувам некаде, се водам по другите.. Ако тие ги слекуваат, ги слекувам и јас.
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ех зар има некој што си ги качува собните влечки на кревет :o
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    4.989
    Во принцип имам културни гости што се соблекуваат во ходник (имам плочки што ги поминувам секој ден со метличе и џогер и немам гајле и да ми се изгнаси тој).
    Ама и да не се соблече некој нема нешто многу да се притресувам и да се нерврам. :D
    Ќе исчистам и тоа е тоа.

    Животот е краток да се нервираме за такви работи.
    Порано бев поинаква ама научив да не се замарам за такви работи. Нит ако се истури нешто, нит ако се скрши нешто ситно. Ќе се исчисти, ќе се купи. Голема работа.

    Влегол со чевли, влегол, ајт.

    Кога ќе одам на гости, се собувам, вусшност, одвај чекам да соблечам кондури јас.
    А искрено и почитувам туѓи правила во куќа. До сега не ми се случило да се однесувам некултурно. :)
     
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас, гостите најчесто се соблекуваат. Може ретко да се случи некој да брза и да не се соблече, и не ми претставува тоа некој проблем. Ке се исчисти и готово :D
     
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Деликатна тема гледано и од машка страна .Како домаќин што сака гости (и сака да биде чисто ) се разбира дека се трудам да не се извалка непотребно- без усул :!: .Значи започнувам од себеси секогаш (и да заборавам нешто ) ги вадам чевлите ,така сум воспитан од мал .Е сега кога станува збор за гости ги клсифицирам на блиски и секојдневни (друштво и сл ) .Доколку ми се секојдневни-те мислам дека не би претставувало проблем да бидат без чевли влезени со културни папучи собни за гости ,но со некој што се гледам мн поретко по културно ми делува да влезе со чевли доколку сака (чисти :!: ,ако е некој без срам и може да направи кал и сл ке го опоменам и јас на некој начин :tmi: ) .Единствено не ги разбирам домаќините кога шетаат со чевли по дома секој ден :?: ,колку и да чистат и да биде средено сепак внесуваат мн прљавштини,бактерии и ѓубре што го дишат :puke: .За гости може да се прогледа низ прсти (ако не е претерано) поради достоинство ,култура и чест .Зарем на кум-от би му кажале да ги извади чевлите (вие што забранувате ) ? :?:
    Бонтон во куќа: Да ги соблечеме чевлите или не пред врата? Нема човек кој не сака да се раскомоти во својот дом и да ги ослободи нозете од чевлите веднаш, уште на прагот. Но, што да направите во туѓа куќа кога домаќините се боси, во чорапи, во меки влечки или во плетени топлинки. Како да се однесувате како гостин кај домаќини кај кои соблекувањето на чевлите не е само работа на удобност, туку и знак на почитување на домот во кој се влегува?
    На Блискиот или на Далекиот исток, гостите кои не ги соблекуваат своите чевли, се сметаат за непристојни. Освен тоа, овие народи веруваат дека со тоа ги оставате грижите и тешкотиите во чевлите.
    Во западниот свет, традицијата на соблекување на обувките е исто така многу распространета, не само пред влегувањето во сопствениот дом или кај пријателите, туку и на железничките станици, во автобусите, па и во авион, како што без никакво двоумење прават Швеѓаните. Германците, пак, сакаат стапалата да им бидат комотни на работното место и со задоволство кондурите ги заменуваат со нешто поудобно.
    Обичајот на соблекување на чевлите многу се почитува и во далечната и многу урбана Јапонија, како и во поблиската Турција, а таа пракса се вдомила и во Чешка и Норвешка. Меѓутоа, соблекувањето на чевлите пред врата е незамисливо во Париз, Лондон и во Рим, бидејќи најблаго речено, оваа постапка ќе предизвика изненадување, нешто непристојно, па гостите не помислуваат да ги соблечат своите скапи чевли.
    На Балканот, како што некој добро забележал, гласи правилото „да се биде или не“, односно, ако не ги соблечеме обувките како што очекува домаќинот, тој ќе се чувствува нервозно и навредено, а ако ги соблечеме, тогаш на гостинот нема да му биде пријатно.
    Повеќето луѓе сметаат дека очекувањето да ги соблечат чевлите е мешање во приватноста и атак на достоинството. Во метежот низ кој поминувате во текот на работниот ден, не е секогаш можно да се предвиди дали нозете ќе се испотат или ќе отечат, а многумина поради тоа се чувствуваат крајно непријатно, дури и дома, кај најблиските. Раскомотените стапала можат да покажат дека петиците не се негувани или, пак, дека е крајно време да ги средите ноктите.
    Во официјални пригоди, какви што се славите, родендените или некои други поголеми собири во домот, од гостите не се очекува да ги остават чевлите пред врата. Со свилена тоалета или со бела кошула и костим не оди соблекувањето на кондурите и навлекувањето на влечки со некој кадифен детаљ, како на пример, цвеќе или кученце. Сепак, ако влегувате во нечиј дом со многу извалкани чевли, тоа е крајно нечувствителна и некултурна постапка. Тогаш е најдобро да ги оставите пред врата!
    За да не се чувствувате непријатно кога ќе ги соблечете „ароматизираните“ патики, сараевските средношколци изумиле миризливи чорапи кои со перењето не го губат мирисот три месеци. Во Италија, одамна се познати женските чорапи со мирис на лаванда. Инаку, етеричното масло од лаванда не е отровно, се смета за добро средство против габични инфекции и може повремено од него да се стават по неколку капки во чизмите, особено во гумените, патиките и во чевлите.
     
  20. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Никако..
    Вриштам, урлам,паника ме фаќа кога некој ќе влезе со чевли :devil: :@ .
    Мислам ова е предвидено за блиски, а за не толку блиски истата реакција ама во себе :D :D :D