Ниту сакам да ми влегуваат, ниту сакам да влагам со чевли.А посебно се нервирам кога има бебенце или малечко детенце и некој гостин бесчувствително ќе си влезе со кондури
ни јас не дозволувам дома да ми влезат со чевли...причина за тоа е што сакам да ми биде беспрекорно чисто
Ниту влегувам со обувки некаде кога одам, ниту пак кај мене дозволувам некој да ми влезе така.Се знае што се носи во домашни услови.Сакам да биде чисто и уредно во домот.
Не и многу ме нервира кога мајстори ми влегуваат со чевли. Ама нон стоп влагаат и излегуваат неможам да ги терам да се соблекуваат.
И јас бев на исти маки со мајсторите долго време. Па дур доаѓаа се ми беше покриено со најлони. Е сега веќе нема па си наместив теписи и стази и вчера пак ми беа најавени мајстори и со брзина на светлината све сум тргнала и пак најлоните . Инаку кај мене околу зграда е доста кал, уште немаме улица, па и на самите гости им е незгодно да се пикнат така. Дури и во ходник на чергичето што ќе застанат останува земја доста видливо и одма се туфкаат.
Па за мајсторите разбирам што не ги соблекуваат чевлите: ем цел ден се на работа во тие исти чевли кои се сомневам дека мирисаат убаво, но и не би можеле да работат, пример како молерот бос да се качи на скала за да варосува, или пак водоводџијата така по купатилото да шета? Инаку не преферирам кај мене некој да влегува дома со чевли, па така веднаш им нудам папучи на гостите, или ако е лето им кажувам каде е купатилото. Не дека им мирисаат нозете, едноставно јас таква навика имам кога одам на гости, па си велам можеби и тие сакаат, па да не им е непријатно. П.С. А и реално кога носиме балетанки на босо, нозете добиваат некој специфичен мирис, кој и не е баш пријатен...
Ни дозволувам, ни забранувам. Обично ми доаѓаат свесни гости, знаат дека треба да се соблечат А јас понекогаш кога се брзам влегувам облечена. Или кога не можам да издржам да одам во тоалет - тогаш влегувам со чевли во домот.
Не. Нити пак носам.Едноставно си ги преферирам чорапките/босата нога.И Неможам да трпам цел ден да седам во чизми или што и да е,кои згазнале низ секакви улици.Па каква нечистотија е тоа да газиш по тепих со обувки полни со бактерии.И потоа ке ти дојдат на гости мали деца,ке седнат доле да се играат,ке лазат и сл. И не само за нив,за самите нас,членови што живееме во станот е штетно. А кога доаѓаат гостите,само за некои прослави што ги имаме дома им велиме да не соблечат чевли,вака секој си собува. А јас секогаш сум собувала чизми кога одам нагости.Од чиста култура и за хигиена. А и онака не сум навикната да гледам некој како се шета во домашни услови со обувки.И досега не сум сретнала таков. :geek:
Јас несакам значи премногу ме иритира кога некој ќе влезе со чевли .. Кога одам некаде на гости се соблекувам, така да го очекувам истото и од гостите. А и добро е скоро сите што идат кај нас се собуваат е сега се дешева некогаш и некој да влезе и обуен ама нема да го вратиме да му речиме да го направи тоа мислам незгодно е... а на пример за слава или за некој друг повод слободно може да влегуваат со чевли
Со чисти обувки ако е некој, океј ми е, не ми смета. Дури и јас си влегувам ако сум заборавила нешто.
Тоа не одлучувам јас, туку мајка ми. Јас и татко ми знаеме да се прошетаме низ куќата обуени, а таа веднаш вика по нас. Па и во право е, по какви нечистотии се оди надвор и сето тоа после се внесува внатре. Не за џабе постојат тие собни влечки, а имам комшики кои си одат со собни влечки и по улица и внатре во соба.