Кај мене периодов идат многу гости. некогаш повеќе луѓе наеднаш. Ќе исчистам после не е проблем и онака чистам после гостите. Но кога ќе имам дете, не никако. Кај мене срам нема, имав неколку препирки со дрски гости за цигарите, па ги праќав на тераса, така да и за ова ќе си кажувам во иднина. Но морам да кажам ретки се тие што се трупнуваат со чевли. п.с во неколку наврати поарно ќе беше да не се соблекуваше гостинот. Труе смрди од нозете се шири реа, ама тоа е
Да. Мајка ми секогаш дозволувала да се влегува со чевли. Таква е таа, има милна душа. Но, во последно време ја гледам некогаш може да каже да ги соблечат чевлите бидејќи штотуку е исчистен подот или сл.
Кај нас дома нема постелено ништо така да секој влегува со чевли,патики па дури и апостолки но не е проблем еден џогер и се е чисто иисто дома и мајка ми и јас си седиме по апостолки и кога ке отидам некаде заборавам да се соблечам од навика дека дома така влегувам и некогаш ме фаќа и срам
Нема потреба никој да ми се шлапнува дома со чевли. Се знае како се влегува,освен јас ако не кажам спротивно. Досега ако некој проба да си влезе така,фино лепо го враќам и му кажувам каде треба да ги остави чевлите.А имало понекогаш и такви "господа"кои по дожд и со кал на чевли сакале да се пикнат внатре,баш ме интересира дали и дома шетаат со кал.Е за тие имам посебен третман.
Кај нас никогаш не се влагало со кондури. Ми се гади од самата помисла толку ни се гадни улициве со шлајмови, ѓубре, пикавци..сето тоа да го внесам дома-нема шанси!!
Па, искрено, ептен не ми е драгом кога гостинот ке рече, извини ама да не се соблекувам....Што сум должна да ми носи плуканици, шлајмови, телесни отпадоци, ѓубре и микроби? Затоа дискретно уште во ходник понудувам папучи кои се само за гостите. Кај нас ако загелда човек додека оди по улица се се тоа дамки од шлаеми, ова е народ без основна култура, мислам дека никаде вос вет нема така слободно ркање и плукање кај ке се стаса.
Мајка ми дозволува, а јас многу се нервирам кога некој ќе влезе со чевли. Па уште каде немате згазнато, па и внатре со гадни чевли.
Многу ме иритира кога некој сака да влезе со чевли! Па дали во својот дом влегува со чевли?Сигурно не. Затоа јас не дозволувам чевли никако по дома.Кој се лути нека му стои,а јас цврсто се држам до моите принципи.
Епа не ти идам на гости! Прво за цигарите, а друго ми смрдат нозете.Нема теписи, патос е и ако сака и во рибарски чизми нека влезе. И детето ми било мало па немало никакакви ограничувања, стајте ги под стаклени звона, Фала му на Бога има 15 години и не знае што е лекар, ај да не претрам 2-3 пати има пиено по некој оспен сируп.
Што ли ни направија турскиве серии. Чевли, фризури, дневни, вечерни тоалети џоа за на свадва се спремни нон стоп, слуги море и папучи за секој гостин цццццццццццццц,
Не! Се знае -кондури се за надвор,папучи за дома Не се срамам да го потенцирам тоа пред гостите кои заборавиле
Кај мене се влегува со чевли. Дури некој кога почне да се соблекува го запирам во чекор. На сите им смрдат стапалата, само на некои помалку на некои повеќе. Ако мислите вашите не мирисаат, исто како да мислите дека не ви мириса потта. А не гвацале во кал пред да влезат. Си имам ставено и пред врата и внатре до врата од тие за чевли бришење, како се викаат, за кога е мокро надвор да ги стругнат два три пати, ем да не прават стапки ем да не се лузнат на ламинатот, кој ќе ги носи во болница Јас и самата зиме ли е лето ли е, не носам влечки туку патики или кондури, цел ден сум во нив, дома надвор, надвор дома. Папучи само кога сум во пиџами. Со оглед на тоа што чувам кучиња дома и подовите ги мијам секој ден секако за дезинфекција, багер со кал да се протркала ако сака нема да трепнам не пак гостите да се соблекуваат. А и стварно не можам да трпам мирис на стапала.
Имелда мислам дека живееш надвор од Мк,па затоа така,впрочем секаде низ светот се оди со кондури внатре.Меѓутоа секаде е асфалтирано и почисто за разлика од кај нас.Инаку се согласувам за миризливите стапала и јас не поднесувам,ама мора или тоа или тоа.Трета опција кафето и во двор
Se razbira deka cevlite se za nadvor,jas se trudam da vospostavam takov rezim ,no ima navistina bezobrazni i nevospitani sto vo lice ti se ismejuvaat,,ne se soblekuvam ,aj sto ke mi napravis,,glupaci!,takov gostin ne sakam poveke da mi stapne vo kuka.nema jas da izigravam cistacka posle sekoj sto vlegol da cistam ,osobeno pak kaj mali deca sto pominuvaat poveke vreme igrajki na pod.Bog da cuva.koja e taa higiena,da dozvolis deteto da stava igracki vo usta sto bile na podot na koj site si gi brisat cevlite.Ne mozam toa da go razberam nikako i me iritira do srz.A tie sto napisale pogore vo komentar deka odat nakindzureni i im e prosto i glupavo da se soblekuvaat, pa odete na modna pista ,ne da mi paradirate po stan so stikli.Ma jok!ako sakaat ic poveke neka ne stapnat,gostin sto ne mi go pocituva domot i redot vo nego i mi nametnuva rezimi ,da vleguva so sekakvi gnasotii po doma , da pusi i mi usmrduva , ne mi ni treba.imalo gabicki vo papucite,epa ima i bakterii po tvoite cevli i sto da pravime?
Соблекување кондури е стара арапска или турска традиција, така да стално кога ќе го барате тоа од вашите гости нека ви текне дека ширите античка арапска пропаганда - исто како да им забраните на гостите свинско да јадат или алкохол да пијат. Затоа секаде освен таму и на балканот е велика срамота да гостин соблече кондури, не е ништо тоа за да се гордеете (како feemina горе ^). Зошто би некој свесно сакал асоцијација со арабија или турција? Или е синдром на нижа вредносот или длабока несвесност. Тоа е рекламата што ја оставаш. Логика 101.
Да, ама ретко влегуваат со чевли. Немаме теписи и ако некој влезе со чевли, откако ќе си отиде чистам со џогер. И кај едниот девер и јатрва ми е исто. Кај нив чевли се соблекуваат пред врата, а и тие кога одат на гости соблекуваат чевли пред врата. Јатрва ми има кажано дека не сака да и влегуваат со чевли.
Igrata,koja niza vrednost,koja nesvesnost,ne mesaj tuka babi i zabi.Jas toa ne go gledam od aspekt na tradicii i obicai.neka bide cija saka tradicija,prifakam se sto e vo interes na zdravjeto moe i na moeto semejstvo.i ne stanuva tuka zbor za propaganda ili ne, tuku za higiena.zbor na koj mnogumina ne mu go znaat znacejnjeto.
Јас им викам да не ги соблекуваат чевлите. Можеби на некој му мерисаат нозете, човечка особина ништо страшно, зошто да ни биде непријатно на двете страни додека пиеме кафе, коа можам после да поминам со џогер. Имам сосем мал килим во собата колку ради реда и да не биде скроз празно, така да не го ни згазнуваат кога влеваат.
Пa aкo не сoблекувaме чевли, ќе знaчи декa шириме aмерикaнскa прoпaгaндa, кo oд филмoвите. Инaче кaј нaс пo дoмa се ни е сo теписи пoслaнo, немa лoгикa и гaднo е дa се шетaме пo дoмa сo чевли. Зa нa гoсти, oбичнo се сoблекувaaт чевлите, oсвен aкo не ти речaт спрoтивнo, a тoa е нaјчестo некaде кaде штo е сo лaминaнт. И незнaм кaкo не ви е неудoбнo сo чевли пo дoмa, јaс фaрмерките едвaј чекaм дa ги сoблечaм, a не пa чевлите.