Дозволувам ако е неопходно. Она што ќе се извалка раката ќе го исчисти. Само кажаниот лош збор неможе да се исчисти. Тоа е мојата девиза.
Обично ми се гади и од самата помисла, а пред се од културата. Секој културен човек барем ќе праша дали може да влезе со чевли, викам барем ќе праша или ќе ги слече освен ако домаќинот своеволно му дозволи да влезе обуен.Свеста кај нас е на ниско ниво, туку слушаш некој чука на вратата од дневната, божем на надворешната не го видел ѕвончето ај тоа, туку еве ти го туку така ќе ти се тупне со чевли, со цигара в рака мислиш дома си е всушност и дома не прави така а не пак на гости
И тие штo си ги сoблекувaaт чевлите, и тие штo не си ги сoблекувaaт гo прaвaт тoa oти нив тaкa им oдгoвaрa, a не oти вo Америкa или Турцијa тaкa прaвеле. Кaј aмерикaнците е легaлнo oружјетo, a е нелегaлнo киндер јaјцетo. Немaaт бесплaтнo здрaвственo oсигурувaње. И ние ли требa дa прaвиме тaкa, oти нели aмерикaнците се пoпaметни и пoсупериoрни oд нaс..
Кај мене гости кога доаѓаат обично се соблекуваат самоиницијативно уште од предсобјето,а и со чевли некој да ми влезе не ми смета воопшто, темни теписи имаме.И не забележувам дали на некој му смрдат нозете такви работи, а и досега никој ништо не ми извалкал знам какви луѓе ми влегуваат дома побогу.
Обично сите се соблекуваат, освен кога имаме слава дома па тогаш нема потреба, и онака тргаме теписи. Теписите ми се бели со светло крем боја па лесно се валкаат, ако гледам дека некој сака да влезе со чевли суптилно го предупредувам. Јас секаде се соблекувам освен ако ми речат да не се соблекувам, несакам да го валкам домот каде што сум отишла, сите знаеме колку се грозни улиците.
Општа култура е да ги соблечете чевлите. Којзнае каде се газело уште тоа ми фали да листам кал и измет од кучиња дома од теписите и подот. Кај мене сите што ми идат дома се соблекуваат и им давам собни влечки, а не сум им укажала на тоа.
Моите дозволуваат да се влезе со чевли дома, ама во МОЈОТ дом понатаму, нема шанси! Сакам се да е чисто и средено, така да нема потреба детето да лази таму кај што некој газел со чевлите од надвор. Нехигиенски е, а и многу некултруно од тие што не ни се помислуваат дали да ги соблечат чевлите или не... Во туѓ дом си сепак, не можеш сам да си кроиш правила, така?
Не дозволувам, мајка ми кога ќе рече на некој да влезе со чевли после се расправам со неа. Перени теписите, чисто и да ми влегува некој така нема шанси.
Maz mi mnogu se nervira koga nekoj ke vleze doma so cevli. Kaj negovite roditeli na vratata ima zalepeno list koj pisuva da se pocituva domot i da se soblakaat cevlite
Баш и не би го почитувала премногу домот каде што би прочитала такво нешто (иако воглавно ги соблекувам чевлите кога одам на гости, но има и исклучоци).
Мене не ми е проблем толку соблекувањето ако ми седат во дневна само. Ама да ми оди со кондури во ВЦ е тогаш ќе експлодирам. Се може дома да е нечисто ама ВЦ-то мора да е тип топ.
Паа не ете можеби само за некој прослави слава роденден а додека некоја доааѓа само за на кафе и се двајца тројцца не би дозволила но секако ако влезе така нема да кажам ништо но мислам дека би имал осет који и да е
За слава отсекогаш ни влегувале со чевли, мислам каде да се соблечат и да ги остават чевлите 50 луѓе? Но вака на гости, на кафе и сл. не. И јас не сакам некаде да влегувам со чевли. Секогаш си ги соблекувам пред да влезам, освен ако е некоја прослава па и останатите се со чевли.
Нема шанси некој така да ми влезе дома. Што нема по улиците. А и јас секаде ги собувам чевлите, не културно ми е така да си влезам. Освен ако не ми речат да не се собувам.
Ауу јас како улава се дерам по сопругот или син ми ако нешто заборавиле, па влегуваат со чевли да го земат, а не па да дозволам гости да ми влегуваат со чевли. Кога син ми би бил возрасен, можеби и би дозволила, ама има 6-7 години и сеуште знае да си игра на под. Ете вие што влегувате со чевли помислете ако имате мало детенце дома дали би сакале некој да ви го прави истото. Влегување со чевли ми е прифатливо само ако домот е без теписи.
Не многу мразам кога некој ќе тргне со чевли да влезе освен кога имаме мајстори зошто нели они никогаш не се соблекуваат, а и кога има многу влагање и искачање па и разбирливо е. Ниту јас никаде не влагам со чевли освен ако не ми кажат.