Не ми е пријатно кога некој ми шета по чисти и испрани теписи со кондури со кои којзнае каде газел надвор, за среќа повеќето од оние кои ми доаѓаат на гости имаат осет за тоа и си се соблекуваат. За жал има и такви кои гајле си немаат и си влегуваат како домот да е улица. Баш пред некој ден дојде еден од кабелската, менуваше некои споеви за интернетот, си влезе со кондурите (сигурно бр. 45) на кои имаше и кал. Разбирам дека дневно посетуваат многу места ама па и тие нека разберат дека најтешко нешто е да исчистиш дебел тепих
Многу ми смета кога некој така ќе ми влезе. Некни толку многу се изнервирав што ни самата не знам како се исконтролирав. Ми доаѓа дома на братучед жена со детенцето. И одеднаш гледам девојчето со влечки се качува на кревет. И ајде дете 2 год не разбира и влегло така, ама мајката бе очите кај и се да погледне детето како влегува. И јас и реков, ајде тете соблечи ги влечките не со влечки внатре, а таа си молчи не реагира. А дали кај неа дома дозволува така. Од такви некои почнав да мразам и гости да примам.
НИКАКО! Живеам во стан. Да живеев во куќа, ќе имав плочки секаде и ќе ми беше сеедно. Ама вака по тепих да ми газат..не. Ова со плочкиве и влегување со чевли го практикувам на друго место и сосема ок функционира
Во оваа дома, во Македонија не е прифатливо. Јас сакам да ми е чисто се. Никој додуша не ми влегол дома обуен. А ако проба, ќе му биде посочено. Во другата дома, во Грција е нормално да се шета така и мене страшно ми смета. Кој како поминува - заминува пред мене, во глава си замишљам дека шетам со џогер по него за да не се нервирам.
Па подобро со кондури да влезе него со смрдливи нозе, па да неможеш да излуфтираш. Неможам да го поднесам мирисот на смрдливи нозе
Нема шанса да се влези дома со чевли со кој што се гази по секаде и после дома да се донесат еден куп на бактерии и ете ти зараза
Da,se vleguva ...site vleguvaat obueni...nesakam ludje po corapi da gledam...ne retko i jas i sinko sme obueni po doma. Ova za u dnevnata vazi...po drugite sobi nema pricina nikoj da vleguva nitu obuen nitu sobuen...
Не сакам некој да ми влегува дома со чевли, да ми гази по тепихот којнае каде газел. Едни роднини така влегуваа со чевли, па и кажав на мајка ми да им каже да ги соблачаат чевлите. Јас секаде каде што одам на гости ги соблачам чевлите така и кај мене сакам.
Не можам јас да забранам. Гостите самите си знаат дека пред врата е местото каде треба да си ги остват чевлите и да влезат внатре. Тоа е дел од општата култура на човекот.
Да, нормално. За мене нема поглупаво правило отколку соблекување чевли пред врата. Самата помисла ми е гнасна. Примитивно ми изгледа. Не можам да гледам боси стапала,чорапи. Одвратно ми е. Знам дека е нечисто по улиците, ама поприфатливо ми е отколку туѓи боси нозе.
Ne bi mo smetalo da vlezat so cevli zasto da ne.Sekade vo svetot taka vleguvaat nema sea da glumam nekoj ligava picketina da gi gledam u noze ili da im kazuvam sobujte se.Ne mi ni smeta ni da se soblecat nivno pravo kako sakaat.Tepisite i podot i taka cesto gi cistime i koga so meseci ne ni vlegol doma taka da ne mi menja nisto a vlegle taka a ne vlegle
Јад лично се сетам по кондури дома пред да излезам.Исто и моите али 3 пати неделно поминуваме со просмукалка и џогер да се остранат.
Јас, незнам кој век сме сега, за да ги терате гостите да се собујат. Па можеби некој има искинати чорапи, и тоа е толку примитивно, тоа е адет во Муслиманските домови сеуште.
Пред 3 дена го стругав и го лакирав паркетот дома ме кошташе ѓавол ипол ама затоа ми сија сега. Да ми дојде некој да ми ждраца со штикли и со умачкани чевли и да ми го изгребе главата ќе му ја искршам па колку сака нека ми е близок. Ако сака да гази со штикли нека спреми 500 евра ако ми го изгребе негде. Денес на говно загазнав надвор, јебига не го видов. Да влезам дома и со говно да шетам по соби нема шанса. Не сум болна педантерија ама па ко ке помислам што се има по улициве, стварно ми се гади од помислата после по соби да газам така несобуена. Не е затуцаност или глумење лудило, едноставно погадна ми е прљавштина од улица него ли скинат чорап да гледам пред мене.
На журки, Нова година, родендени - да, и ако влегуваат на кратко...Или ако доаѓаат од работа и не се во ,, состојба ,, да се собујат. Инаку вака на кафиња, филмче и сами сакаат боси оти лежиме или се туткаме по фотељи.