Нема шанси - под ниту една околност. Толку е нечисто кај нас, што терасата ако не ја измијам барем два пати неделно, чорапите стануваат црни, за улици да не правиме муабет. Од мокраќа и измет (кучешки и човечки), до мрсули и плунки, плус прашина, листови и ред други ствари. Дома се чисти редовно, во тие соби јадеме, пиеме, спиеме. Ако некому чорапата му е скината или нозете му смрдат, не е мој проблем. И онака на гости се оди со најава, па автоматски одиш чист. Имам резерва два пара хартиени папучи (ко оние во хотелите што ги даваат), во Џамбо се 50 денари. Не можам да одлучам што е погадно: книжна пара или улиците?!
Абе ми смета ама...си молчам. Во нормални услови, секој ден усисавам, а паркет бришам секој втор. Тоа е мое живеалиште и вложувам во него за да ми биде чисто, пријатно и удобно, дури и повеќе кога доаѓаат гости бидејќи сакам и тие убаво да се чувствуваат во мојот дом. Од една страна, убаво би било и тие да ме испочитуваат и да си соблечат чевли кога гледаат дека домот ми е чист, а од друга страна, не сакам да им напињам па да им биде незгодно, па си молчам. Кој соблекол - соблекол, кој не... Што да правам Барем немам теписи дома, па паркетот е за 15 минути гланц. Може ако имав поразлично би било.
Не дозволувам. Кога ќе видам дека некој залетан влегува веднаш му вадам папучки и му ги подавам. Малиот често буквално лежи со лицето на тепихот и не ми е поимливо таму да се гази, а знаеме каде се човечка нога може да гази. Секоја куќа си има свои правила и треба да се почитуваат.
Не. Но, ми влегуваат намерно, бидејќи знаат дека тоа ме нервира. Дај те некој совет да ги соблакаат чевлите штом ќе влезат во дворот.
Во принцип многу внимавам кога одам на гости,и секогаш ги соблекувам обувките уште пред да влезам.Кога мене ми доаѓаат гости,дел од нив внимаваат и се соблакаат но дел од нив знаат да си влезат така улетани,ама јас сум си спремна особа па така фино уште на врата им спремам папучи и врти сучи нема кај да се бега Е сега во некои околности како на пример кога ќе дојде мајстор, или свештеник за да осветува вода (сега најтазе пример) му подавам медицински како ќесички што се ставаат врз обувките најчесто ги има у аптека и така си е средена работата у два потега
Во чевли кај мене се влегува максимум до ходникот. Таму веќе ги чекаат папучи за по дома(и да јас сум од тие луѓе што имаат 5 пара резервни за да не испадне после ама ладно ќе ми биде на нозете ако ги соблечам чевливе) и сакале нејќеле ги облекуваат. За тие медицинските гледаш не ми текнало ама фала за советот обавезно ќе ги користам за неизбежни ситуации и изгубени случаи.
Кај мене дома се дозволува. Ние немаме тепих или чергиче, апсолутно нигде (освен пред врата welcome патосче). После работа, се тријам на чергичето пред врата и си влегувам. За по дома секогаш сите имаме анатомски ниски кломби, каде боси по ламинат ? Исто така гости кога ќе дојдат, им кажуваме да не се собуваат, да е 1 или 2 ца ајде кломби и домашни влечки имаме, ама ако се цели фамилии си влагаат. Барем ламинат лесно се чисти, 1 џогер или усисавач на пареа удриш 2 минути наоколу и толку. Причина зошто немаме теписи е поради кучето. Премногу влакна фаќаа теписите и секој ден се шмукаше и пак џабе. И така навикнавме и теписи нема.
Ни под разно. Значи, во никој случај со кондури дома, најмногу од хигиенски причини. Надвор е толку прљаво, што не можам да дозволам таа нечистотија да се внесува дома, каде што се јаде, спие, дише и постојано живее.
Ни влевам обуена ни сакам да ми влезат Може некој полетарац да влезе до чевли ама еднаш втор пат нема припар кај мене
Никако со чевли. Инаку, еднаш отидов кај една жена, и таа на врата инсистира да влезам обуена, за што ја одбив. Кога влегов по чорапи, зажалив кога видов дека сите по дома си одат обуени. Лошо, језиво ми беше, си извалкав чорапи што воопшто се собув. Не е убаво така.