1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали дозволувате да се влегува со чевли во домот?

Дискусија во 'Дом' започната од stilas7, 15 декември 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ние дома не дозволуваме гости или било кој да влезе со чевли само поради тоа што делот во кој живееме воопшто не е уреден, па за да излеземе на улица одиме по црн пат а потоа на асфалтираниот. А замислете кога надвор врне и се направи кал. Па никој не би се ни осмелил со такви чевли да влезе. Не им викаме на луѓето собуј се или не се собувај. Се знае мислам кај нас во целиот град се практикува тоа да се собујат чевлите. Можеби, и не можеби туку заостанати сме ептен па тоа е дел од нашата култура. Ако ти е скинат чорапот или ако смрдат секако ке си потражиш папучи :D
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    91.229
    Пол:
    Женски
    Иако дома се ни е во кремасти тонови дозволуваме да влегуваат со чевли. Но, страшно се нервирам тие што ми влегуваат со чевли кога ќе отидам кај нив ,кога ќе ми речат да се соблечам. Кога одам онака на кафе на гости се соблекувам, попријатно ми е така. Кога одам на родендени и слави не се соблекувам , но внимавам какво било времето надвор, па нема смисла со кал да им влезам. Кај нас за жал Св. Никола славиме и секогаш времето е лошо, па после не може да се изриба. Но, се почитува бон-тон -обувки на тебе :D
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Кај мене гостите 99% си соблекуваат чевли, многу се ретки тие кои влагаат со кондури, а нормално не им викаме не ако сакаат со кондура да влезат, не е културно. Сепак кога влагаш дома стојат изнаредени кондури вајда ќе свати дека треба да се соблече.
    Али се изнасмеав за некој што напиша подобро да рибам, него да луфтирам :rofl:
    Кај мене среќа не се случило да луфтираме после тоа, добро е. Ама сепак стандардни гости се тоа, немам слави, родендени славиме ресторани/кафичи, па се е во ред со чарапа мирисот :lol:
    Иначе на гости кога одам имам навика да се соблечам. Не сакам со кондури калливи да им газам бе. На прсти можам да избројам кај ми викале аааааајде влагај со кондури се влага кај нас.
    За кај другарки посебно обавезно соблекување.
    Абе редовно си мењам чорапи! :emo:
     
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    И кај нас е така...
    повеќето се собуваат ,ама секако ако не се собујат нема да им речеме да го направат тоа некултурно е
    ние кај и да одиме се собуваме па така и тие кога доаѓаат кај нас го прават истото
    и Да! -има луѓе кои и на врнежливо време знаат да влезат дома со чевли |(
    и има луѓе кои ретко менуваат чорапи :D
     
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Имам една тетка ма што навика има со чевлите да ми се сета по дома, среќа ретко иди па не мора често да ја потсетувам :muscle: . Инаку и на слава сите гости ми се соблекуваат,бидејќи килимите ми се бели и гостите ми се многу совесни
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.830
    Кога беа децата мали главно се соблекуваа луѓетоиако никогаш не сум им кажала дали да се соблечат или не. Немам теписи, па сеедно ми е дали ќе се соблечат или не. И не кометирам на темата - кој како сака :)
    И кај моите порано ептен ретко се соблекуваа луѓе.

    За пушење, порано кога живеев кај моите се пушеше секаде, и воопшто не ми пречеше и да се пуши во моја соба, иако беше толку мала што од две цигари веќе не се гледаше од дим :)

    Сега гостите главно пушат на прозор во дневна додека се будни децата, а кога ќе ги легнат во дневна, иако некои стануваат и тогаш на прозор. Сопругот ми е алергичен на цигари, а малиот често прима салбутамол, па во тие периоди повеќе внимаваме.
     
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Аууу никако! :lol:
    Мајка ми да ме види како влегувам дома со чевли а таа го миела и усисувала тепихот!?! :devil:
    Па ќе настане трета светска војна! |(
    А и јас не дозволувам некој од надвор да ми носи ѓубре.
    Се знае...чевлите се за пред врата!
     
  8. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    20
    јас кога одам на гости сегде ги соблекувам Чевлите без разлика дали ке ми реЧат или како сум одлеЧена едноставно се Чуствувам поудобно,па за тоа не дозволувам и кај мене да ввегуваат со обувки ама ептен некој кога е запел нека влезе.Многу се нервирам кога надвор врне дожд или има снег а некој ке ти влезе и ке ти направи лом а како кај мене сто се бели плоЧкиве замислете како е Узассссссс зјбанции настран.
     
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ни под разно не дозволувам дома сосе чевли :@ И не ми е срам ни да му речам на некој да ги соблече. Најголемите гнасотии од надвор ги собираат и ајде дома, каде што си лежам на тепих до парно, нема шанса, плус имам едно меко тепихче во мојата соба обожавам да лежам на него. И јас ги соблекувам скоро секаде, имам едни чизми што со огромна сила се облекваат и соблекуваат е со нив да си признаам ми се има случено да влезам кај некој дома, но прво да прашам, и да се извинам се разбира.
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Човек што иде прв пат на гости, па макар и 5ти пат, срамота е, некултурно е од твоја страна да му речеш да се соблече. Тргнувам од себе, колку само ми е глупаво кога ќе отидам некаде, и ќе ми речат да се соблечам |( Е добро бре луѓе, па вие кај мене облечени влегувате па никому ништо.

    Инаку сум против шетањето облечен низ целата куќа внатре. Па уште што нема да се настапи со тие чизмоците, обувките, па и дома ли да ми ја прошара нагазената мо*ка, плуканиците на секој трет :puke:
    Е стварно гадно ми е!

    Друго е во ходникот и дневната, сега тоа е, што да се прави, ти си домаќин и културата мора да ти е ниво, а и финоста спрема гостинот.
    Гледам некои феминки го спомнаа и пушењето на цигари, и тоа е глупост. Алоо па гостин сум, сега тоа е, ти може не пушиш дома, ама јас кај тебе идам 3 пати годишно, и надвор да излегувам? :fubar: А ти кај мене ќе дојдеш и лисици бркам! (имам и такви гости, колку за информација :) )
     
  11. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Ние по дома никој нити влегуваме,нити пак шетаме од соба во соба со обувки. Така сме навикнати и така правиме. За гости,тоа е нивна желба. Јас на никого досега не сум му рекла да се соблече, не ми е згодно,сега дошол и јас ултиматум да му поставувам што да направи ако сака да влезе. Мајка ми е по фанатик за овие работи, но и таа не го вика тоа на гостите,туку може после да помрчи малце како шарите на ќилимот ќе и‘ биле како размачкани ако така сите и‘ влегувале :D Или обавезно во случај да дошол некој и влегол со обувки, а таа е на работа, едно доаѓање дома одма познава дека некој влегувал со кондури :D Следува прашањето кој доаѓаше, а јас одма контам дека видела најверојатно земја или песок на тепихчето во ходникот :lol:
     
  12. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Јас да отидам некаде на гости и да ми кажат чизмите/чевлите пред прагот да ги собујам и да ми стојат надвор????? нема шансааааа....ќе ги мислам јас дали некој ќе ги украде, или некое куче ќе ги однесе. А ако нешто им се случи кој ќе им ги плати чевлите на гостите???
    Дома понекогаш ми се случува да заборавам нешто па обуена си влегувам и во собата, а камоли да се бламираме и некому да му кажеме собуј се - срамота е.
    Кога би била мажена и би имала дете подруго би било, тогаш сите имаат осет дека треба да се собујат, и би си набавила убави папучи :D
    Јас кога одам на гости најчесто се собувам, така ми е поудобно, освен ако видам дека никој не е собуен тогаш влегувам обуена.
    Кога би имала 20-30 госта никој не би се собул, ќе ги тргнам килимите, после еден џогер и завршена работа.
    Што се однесува до пушењето моите не пушат, но татко ми инсистира тие што си пушат да си запалат. Јас почитувам забрана за пушење само кога имаат бебе, тогаш одам на тераса а некои си имаат и специјални простории. Во други случаи ако некој ми забрани нема да му одам на гости.
     
  13. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Порано баба ми многу напнуваше околу ова |( Соблакааааај кондуритее! - само викаше по сите дома, а ние па ко за инат, ќе се облечеш и ќе ти текне дека си заборавил нешто по собите што ти треба (клучеви, новчаник и сл.) :D и си влагавме пак ... она вика - никој не ја слуша :D ... Сега више не вика, и пак секој си влегува (нормално секогаш се заборава по нешто :!: ) без разлика што жената не учеше да не шетаме со кондури по собите ... Од аспект на бактерии и прљавштини, што знам :?: тоа е.. секаде ги има не само на кондурите, и преку отворен прозор може да ти влезе 100 кила прашина, а и што ако ние еве пример се соблекуваме кога ако ни дојдат гости ние сами им викаме не се соблекувај :) ... Така да, врти сучи тоа е :D
    Редовно со правосмукалка и проблемот околу бактериите и прљавото е решен. :)
     
  14. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Не сум многу по одењето на гости, ама кога одам, на врата ке си прашам, може со чевли да влезам или да си одам :rofl:
    Шалата на страна, но многу сум некултурна на таа тема :$ Сегде каде можам, влегувам со чевли. Ама прво ќе си прашам. Ако не може, тогаш се собувам, ама обавезно си барам папучи (ми се потат нозете, ако се собуам ми студи)
    А за кај мене никогаш не правам проблем. Па и јас дома си влегувам со чевли. Јас ги перам теписите, јас и ке ги валкам :lol:
    Дури секогаш велам да не се собуваат.
     
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Ако е свежо се изчистено нема шанси да пуштам некој (посебно ако јас сум чистела) :wasntme:
    А вака ако ми текне дека нешто сум заборавила влагам фала богу нема сигурно насабајле по 10 пати да правам облечи се соблечи се :^)
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.201
    Допаѓања:
    247.738
    На домашните-не,на гости-да!Па некултурно е да му кажеш на гостинот собуј ги чевлите.Ако сака тој ќе ги соблече,но јас не можам никого да натерам да го стори тоа.Од кај знам може му смрдат нозете или има скинат чорап :) .Но сепак кај нас ете гостите имаат обичај да ги соблекуваат чевлите.Но кога се работи за слава,роденден секако никој не се соблекува.А ми се случува да идам на гости и да ме предупредат дека треба прво да ги собујам чевлите, а потоа да влезам.Јас тоа не би го сторила.Па и да влезат со чевли не е страшно,ќе се исчисти потоа.Голема работа.Ама ете постарите никако не дозволуваат да влезеш со чевли.
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Уште да му речам на гостинот , ти може да влезеш, ама чевлите не, само бос те примам :) Чевлите пред врата !
    Па пола зграда ми се клептомани, ѓубре да оставиш пред врата ќе го украдат, за чергиче да не зборам , одма го снемува :D
    Инаку имам една другарка што редовно се соблака и никогаш на сака да облече папучи, с'клет ја фаќа, а толку ми е незгодно кога ќе ја видам така босонога :)
    Туку пред некоја недела бев на роденден кај другар никој не се соблекуваше, јас инсистирав , ама па сега нема само јас боса да седам. Арно ама врнеше дожд а него дворот не му е асвалтиран, како излагов од кола , така зацапав во кал. Му побарав четка, си извадив влажно марамче, си ги исчистив чизмите пред варата и си влегов :D
    Кај тетка ми (во куќа ) секогаш ги оставам во ходник чевлите, се чувствувам како дома, а не како гостин и поудобно ми е..
    Така да, сепак зависи од ситуација и кој каде живее, ама тоа соблекување на гостинот малку ми е нелогично, ако сака ќе се соблече , сепак гостин е и треба да му е удобно, или ич не го викај дома.
     
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Вообичаено не дозволуваме. Ние домашните секогаш ги собуваме чевлите, но кога ќе дојдат гости се разбира дека нема да му речеме соблечи ги чевлите па влези, до душа сами ги соблекуваат, но има и такви кои прашуваат дали да влезат со чевли, се разбира одговорот е може. Мене лично ми смета тоа некој да ми се шета по дома со чевли,сакам секогаш да биде чисто. Се случува да влезам и јас со се чевли, но тоа е ептен ретко, на пример кога сум заборавила нешто. :)
     
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    257.705
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум размислувала ама ако се присетам ми паѓа на памет дека моите секогаш им викаа на гостите "не се соблекувајте", некои ќе ги послушаа па влегуваа со кондури некои се соблекуваа. Не се сеќавам дека имало некогаш забелешки. Пред извесно време кај мене пред зграда беше подолго време се живо раскопано и калливо и јас и мајка ми стално викавме по машкиот дел од фамилијата да се соблекува кога се навраќа по заборавени мобилни телефони, клучеви итн итн :lol: .Сега живеам во куќа и сама чистам :!: и маж ми за да ми олесни стално ги кара другарите и пријателите кои доаѓаат на гости да се соблекуваат во ходник :D се разбира на шала. Оставаме на избор на гостите, а папучки имам за гости и за нас дома. Во принцип не е ништо страшно и да се влегува со кондури денес секаде имаме малку теписи кои со правосмукалка се чистат, а останатите пони површини секако ги бришеме, така да не гледам причина да правиме да им биде незгодно на гостите. А баш сте во право прочитав во неколку поста, дотерана средена девојка во фустанче/суќња хулахопки и влечки |( е што не иде не иде!
     
  20. peperutka5

    peperutka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    практикувам да ги соблеЧам кондурите посто и това го сакам кај мене кога ке дојдат. Кога ке одам некаде јас кажувам јас несакам да влегувам со кондури за да не влегуваат кај мене.Ако некој влезе неможам да му рецам соблечисе. Ама на ова раскаШавено по улиците и со кал да ми влезе некој на белите тепици пошто него го мрзело да се соблеце ке му речам,да е суво нема проблем ама сепак не би ми било мило.