1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали дозволувате да се влегува со чевли во домот?

Дискусија во 'Дом' започната од stilas7, 15 декември 2010.

  1. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    93.120
    Пол:
    Женски
    Да,се случува да ми влезат со чевли ама не се припотресувам,немам теписи а и овде кај што живеам е ектремно чисто.И јас претрчувам со чевли низ станот,се враќам од врата да проверам дали пегла или плотна е исклучена.За излегување и настани штикли обавезно облекувам во внатре,пред големо огледало во спална.Мене лично ми е понехигиенски седење на гарнитура со алишта од надвор,ама тоа е веќе друга тема:)
     
    На Оленка* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Да ако не е чистено одма пред да дојде некој и ако е тргнат тепихот. Најчесто гости кога доаѓаат фамилијарно или повеќе души затоа што немаме влечки за сите. А иначе и јас како @dunika знам во брзање кога сум да се движам со обувки дома.
     
    На Herrera и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Не дозволувам на никој да влегува внатре со чевли и сите што идат го знаат тоа и надвор ги соблекуваат обувките.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.015
    Дали ако ти дојдам на гости, треба во дневна пижами да облечам:D Да знам како да се спремам:lol:

    На темава- нема кај нас со чевли дома. Се собуваат чевли во ходник и тоа е.
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Јас и во ходникот не дозволувам со чевли пред да влезат во ходникот ги добиваат обувките
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Највеќе мразев кога ќе ме натераа некаде да соблечам обувки а ладно е и ќе ме запнат да облечам папучи собни.
    Ама викам фала не треба не не облечи ги (а тие смрдат а мене незгодно ми е да им кажам а ми е гад да ги носам)
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Не дозволувам, и секаде каде што одам на гости влегувам без чевли. Не дека им нагласувам да ги соблечат, ама мислам дека се подразбира. Има некои што влегуваат, и иако ме нервира, се трудам да не реагирам пред нив. Сепак не сакам да испаднам некултурна.
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Тоа ни е нормално дома.
    Уште баба ми додека беше жива дозволуваше со чевли и остана како навика. И ние домашните влегуваме така, за гости и инсистираме да не се соблекуваат. Прво немаме теписи, второ немаме влечки за повеќемина.
    По заминување поминувам со парочистач и тоа е.
     
    На elimkd и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  9. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    93.120
    Пол:
    Женски
    Ке си седиш по гаќи,ич да не се стегаш:D
    Со чевли се разбира,тоа дозволувам(fingers)
     
    На mal.ecka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Во ретки случаи, ако не е изметено.
    Сега со пандемијата, апсолутно не.
     
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Јас оставам да влегуваат и да сакаат да се соблечат им викам да не го прават тоа. Единствено една другарка што стално доаѓа се соблекува и имам влечки само за неа, и за мајка ми имам купено и на друг не ги давам.
    Зошто дозволувам? Прво може некој има скинати чорапи, нејќам да се срами некој од мене, да се устручава, а друга работа има луѓе што на пример цел ден се во истите чевли и им се смирисани нозете, мене тоа ми е погрозно, башка што и на гостинот ќе му е незгодно. И кај мене од баба ми има попримено мајка ми и јас од нив и така. Сеа сигурно нема некој со кал на кондури да ми се тропоса внатре.
     
  12. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Кај мене никој не смее со чевли од надвор да влезе ,нема шанси , попрво ќе го избркан отколку да дозволам со чевли.
     
    На Anyshka, GrimTheReaper, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    1.328
    Пол:
    Женски
    Не дозволувам никакво влегување со патики дома,ептеен во ретки случаи кога пример ќе дојдат некои монтери за тв или мајстори и слично,но веднаш по нивно заминување чистам детално.
    Додека живеевме во заедница со родителите на мм ,премногу ме иритираше влегувањето со патики бидејќи јас ја чистев цела куќа а они буквално намерно влегуваа со кал.
    Сега одкога сме сами,никој од нас не влегува со патики,а и ако дојдат гости сами си се соблекуваат без да им нагласиме.
     
    На Anyshka, prashinka и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  14. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Не дозволувам. Син ми уште лани летото на година ипол се научи да си ги остава папучките надвор па тогаш да влегува, кога носи патики чека прво да му ги соблечеме. Епа за други воопшто не правам исклучок. И јас кога заборавам нешто и се враќам не влегувам со обувки. Е сега има и луѓе без осет. Имав ситуација со мајстор што дојде после негово работно време, значи не беше во радничко одело или слично и требаше само да види што треба да се работи и одбиваше да ги соблече патиките со став дека мајстори така влегуваат. Смешки. Епа не попуштив и иако не сум личност што се расправа и слично реков дека гледа дека сме со мало дете и не дозволив да влезе така.
     
    На Anyshka, Anita Nikoloska и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. LoVeE ❤️

    LoVeE ❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    nikogas..
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Машки
    Исто.
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  17. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Ако сум во неред, треба да правам генералка - тогаш да. Но најчесто не сакам да ми влегуваат со чевли, посебно заради тоа што секаде се гази. А има и луѓе што сами си прашуваат како да влезат и ова ми е најдобро, бидејќи даваат до знаење дека се културни.
     
    На cresa-jagoda и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    15.403
    Пол:
    Машки
    Само гости ко ќе се чека (куќна слава), инаку јок. :!:
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.720
    Допаѓања:
    172.708
    Пол:
    Женски
    Тука во станов кај моите гледам да не влегуваат со чевли, има на влезот како ходниче и таму и нашите чевли стојат па досега не ми се случило да влезат со чевли без да ме прашаат..

    А во другата дома дека куќа, долу ни е како секојдневна дневна и влегуваме некогаш со чевли кога ќе заборавиме нешто, ама гледам дека 90% од луѓето се соблекуваат во ходник.
    Во горната дневна не би дозволила никој да влегува со чевли..дури ни кога би ме прашале



    Инаку, слава немаме. Ама кога би имала нормално би дозволила со чевли. После генералка ама еднаш е тоа..
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не дозволувам со чевли да се гази. И потенцирам. Мој дом, мои правила. Инаку со пандемијава, се нешто ми се расипуваше по дома, па често мајстори ми доаѓаа, им давав ќеси да си стават, ако не сакаа да се соблечат.
    Инаку имам проблем со чистота, мора се да биде дезинфицирано, мислам дека ако дозволам некој со патика да ми гази, ќе треба апчиња за смирување да пијам. Посилно е од мене.
     
    На Anyshka, poenta, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.