1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали дозволувате да се влегува со чевли во домот?

Дискусија во 'Дом' започната од stilas7, 15 декември 2010.

  1. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    нема шанси освен ако имаме роденден,слава,именден тогаш дозволувам а инаку не!
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Никогаш не стоиме на врата да им кажеме да ги слекуваат чевлите. Кој како сака, ама искрено, ми се случило да погледнам некој напорки ако влегол со калливи чевли. Добро, најчесто гостите се слекуваат, стандардни тие што се, некои не, зависи, ама тепихот крка перење на две недели, кремав е се валка ненормално. Се случува брат ми или тато да влезат со чевли, сега гостите ќе ги браниме. И плус сите треба сами да имаат осет :!: Не може комшиките да ми влагаат со се влечки, кога секој ден идат. За слава го вадиме цел тепих, ламинатот се бриши прелесно, така нема потреба од слекување :) Имам само една таква забелешка за неслекување чевли. Имам 6 први братучеди, од 2 до 9 години. И деца ко деца секаде шетаат, за нив јас сама ги слекувам кога треба да влезат во соба кај мене, таму најмногу играат, ми се случи лани да ми го изгребат цел ламинат со заглавени низ ѓонот камчиња, тепихот не се гледаше од кал, оттогаш шиткам :)
     
  3. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.706
    Пол:
    Женски
    Дека е нехигенски Е нехигенски.Ама лично неможам на некој што ќе ми дојде на гости да му речам да си соблече кондурите, што знам јас може има причина да не се собуе, искинати чорапи смрдливи нозе.Јас никого не враќам да се собуе, зошто ми е незгодно да му го кажам тоа.Јас пак од друга страна кога одам во други куќи се собувам освем ако не е некоја посвечена посета.
     
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    126.445
    Interesna tema na koja imam podeleno mislenje.Od edna strana tocno e deka se vnesuvaat sekakvi bakterii i vo nasiot dom e strogo zabraneto vleguvanje so obleceni obuvki za nas domasnite :)ama ima isklucok koga nekoj e vejke oblecen no nesto zaboravil i nema vreme da se soblekuva pa pak da se oblekuva :)Inaku koga se vo prasanje gosti dozvoleno im e da vleguvaat kako sakaat ne pravime galama od toa,posto jas mrazam koga nosam suknicka ili fustance pa moram da se soblecam nekako ne se cuvstvuvam udobno bez obuvki a vo sekoj drug slucaj gi soblekuvam obuvkite koga odam na gosti duri i koga insistiraat da en gi soblekuvam.Kako i da e toa e del od domasnoto vospituvanje no zavisi i od situacii
    [mod-kirilica:16eo3ze3][/mod-kirilica:16eo3ze3]
     
  5. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Кога доаѓа некој гостин, оставам самиот да одлучи дали треба да влезе со чевли, најчесто влегуваат кога имаме некакви слави дома. Инаку јас не влегувам со чевли, со исклучок ако сум се облекла па се вратам да земам нешто што сум заборавила или одам некаде на гости и така ми викаат таму, па не ги соблекувам. И не сум размислувала многу на оваа тема, ниту пак сум имала некое лошо мислење за тоа :)
     
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас премногу се нервирам кога некој ќе влезе со чевли дома. Штета што кај нас се нема правило и навика да се прави тоа. Кај муслиманите гледам обавезно се собуваат, ма нема шанси инаку.
    Посебно лани кога купив нов тепих, и ми дојде друштвото ау душата ме заболе кога ги видов како ми го газат новиот тепих купен со мои пари. :tmi:
    И одма ги постројав, назад, сите да ги слечат кондурите. И им реков, ако ви смрдат нозете ке ви дадам папучи, а мојот нов тепих нема да трпи таква тортура. :lol: :D
     
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    5.851
    Зависи. Пример јас влегувам со чевли ако имам нешто заборавено. За гостите и тие си се соблекуваат и се нервирам кога ќе ми ги остават чевлите пред врата па да мислам дали ќе им ги снема или тука ќе им останат. Кога ќе влезеш има долга черга на кој си се соблекуваш и облекуваш. За на слава сите си влегуваат без чевли. Единствено попот и уште еден човек влегуваат со чевли, но опростено им е. Папучи не нудам, кој сака си бара.
    Со чевли влегувам само кај стрина ми на слава. Само таа го трга тепихот и таму никој не се соблака. Исто кога одам тука а ги соблечам чевлите и одма Земи папучи. Нема не. :!:
     
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Кај нас кој ќе влезе нема со кондури никако :lol: .Цел стан ни е со теписи и ќе ги напраат лом.И јас кога идам на гости обавезно се соблакам склет ми е и глупаво-влегувам во соба со кондури.А и башка сега се појавуваат едни црви-црни гадни и ако некој нагазил па да ми донесе дома.А што се однесува до чорап-скинат или смрдливи нозе-нивен проблем до толку ли не знаеле дома да измијат нозе и да сменат чорапи. :rofl:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Во предсобјето ДА и тоа ептен пред влезот на вратата па стан е сигурно нема да дозволам гостите да се соблекуваат во влезот-ходникот од зградата :?: а внатре НЕ никако ...па за џабе секоја пролет или лето не ги рибаме со мајка ми сите теписи ...да беее јас ке рибам ке стругам за да некој ми се фрцка со чевли внатре...како да нее :) :P
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    На мајка ми тетка и има навика да не ги соблекува чевлите, после и било тешко да ги облечела. И еднаш и вика на мама, "мори чисти се, види да ги лижеш" :D И кога и да дојде уште од врата се правда си ја ишка мувата од капата дека неможе да ги соблече :D
     
  11. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Охохо, јас прво ќе се прошетав со кондури низ цел стан, па после ќе ги соблечев. Е сега овде во новата дома имам само паркет и немам гајле. И вака и така мрзам теписи :lol:
     
  12. viveros

    viveros Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Јас дозволувам, пријателите да влегуваат со кондури, само кога не ми е исчистено дома. А кога сум чистела не дозволувам, имам и подно греенје па никој не се буни засто е бос на плолките или ламинатот :D
     
  13. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Дозволувам и мене ми дозволуваат! :D
    Абе ајде безвезе ми е..Врвам и го гледам комшијата чучнал пред врата ги вади чевличињата...Комшивката не го остава да влези со чевли внатре.
    И што на пример кога ќе дојдат гости..Ќе ги наредам пред врата еден по еден и бројче ќе им давам. |(
     
    На ivaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Дозволуваме. :)
    Многу поубаво со чевли, отколку со смрдливи чорапчиња чија арома многу лесно упива во тепихот.
     
  15. Snegulkaa

    Snegulkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Ааа не ! Едно од нештата што може да ме извади од такт е токму тоа, некој да ми влезе дома со чевли. Во претсобјето може, никој од кај нас не ги остава чевлите пред врата во влезот, меѓутоа по дома да ми се шета со чевли никако :) Јас кај никого не влегувам со чевли и претендирам и кај мене да не се влегува така. :)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    никако не се дозволува се знае се соблекуваш во претсобјето кај нас е така а и јас тоа го правам кога одам нагости никогаш не сум влегла со чевли
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Јас лично не влегувам со чевли дома ама некогаш кога ќе заборавам нешто дома а сум излезена не ги собувам чевлите а и другите по дома истотака....Е сега ако на некој празник дојдат некои гости и не се собуваат што ќе направиме ама ретко се случува тоа :D
     
  18. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Мразам кога ќе ми понудат влечки, гад ми е! Само кај дечко ми си облакам, таму си имам само за мене. И не забранувам да ми влагаат со кондури, ама македонски менталитет, одамна не памтам некој да ми влегол со чевли дома :?:
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    22.317
    Пол:
    Женски
    Зависи од ситуацијата. Избегнувам да влегувам дома кај мене или кај некој друг со чевли, но кога сум заборавила нешто или се брзам, се случува да прошетам со чевлите низ куќи. Инаку, кога некој доаѓа кај нас дома, ретко се случува да е со чевли цело време(освен ако има миризба од чорапите), се соблакаат луѓето во ходник.
     
  20. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    И кај мене не се влегува со чевли мислам ако некој влезе не го враќам но,сепак и мене не ми е многу пријатно да ми влегуваат со чевли :)