1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали дозволувате да се влегува со чевли во домот?

Дискусија во 'Дом' започната од stilas7, 15 декември 2010.

  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Само за ВИП гости и за мене е дозволено! :)
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.901
    Пол:
    Женски
    Не сакам и не дозволувам. Како прво имам мало дете кое често си седнува па и легнува на теписон некогаш и со лецето, сепак е дтенце, иако ја опоменувам да не го допира лицето, како второ и јас понекогаш сакам да си легнам на теписонот, често ставаме играчки доле или боенки и боички, и легнати на стомак си цртаме, како трето не чистам и не се потам за да некој кој се прави господин или госпоѓа да ми цапа со чевли. Јас на малата не и дозволувам да влегува облечена, си знае прво се соблекуваме па потоа влегуваме, каде и да одиме таа си застанува на крајот од ходникот и чека да ја соблечам па да влезе. :)
    Ќе наведам конкретен пример, зимава дојдоа некои роднини на маж ми во поодминати 50 год. кои се прават на нивоу (што бо рекол хер Жика Павловиќ), дојдоа во попладневните часови и си влегоа облечени а надвор врнеше, мокро и калливо, само си ги забришаа чевлите и си влегоа. Цело сабајле го поминав со усисивачот и со крпата во рака и сега тиа цап-цап си седнаа, ај што ми е нов теписонот едно, ај што чистев друго, ама детето-зошто тоа после да легне каде што тие испоцапаа :@ Овојпат премолчев ама наредниот - е Бога ми нема :muscle:
    П.С. И золва ми откако се омажи, почна да ни влегува со кондури, неколку пати ќерка ми и рече-тето зошто не се соблекуваш, не е културно да газиш од надвор, па сега се соблекува :$
    П.П.С. Инаку како Хајрие сум, имам купено неколку пара папучи и машки и женски за гости и со поблиските се шегуваме-повели стрино :lol:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    дозволувам и преферирам со чевли одколку со чорапи, е сега освен ако има еден тон кал на чевлите сигурно дека не ама тоа не се случило.

    е сега може малку е необјективно моево, немам дете и како што кажа лолита мн често знаат тие да седат и играат на под па не е баш пожелно да се влегува со чевли.

    значи ќе видиме како ќе биде понатаму, али сега за сега не ми пречи и не сум фрик по чистење така да сеедно ми е , ама до кога ќе видиме :D се надевам само дека нема да станам како мајка ми :D :D
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Дозволувам, зопто мразам чорапи свежо извадени од кондури да ми мирисаат по станот...

    И МРАЗАМ кога некој има политика во домот да се соблекувам и ќе ми ували некои сомнителни домашни влечки... :puke:
    Не сум одела по ниви...не сфаќам ЗОШТО некои луќе инсистираат на тоа. Крајно комунистички :D .
    Вакви захтеви им простувам само на баби. И на луѓе со мали дечиња.
     
    На Trendafilka, enca.69, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас дозволувам да се влегува со чевли,плочки ми е цела кука,и така секој ден мапам,не ми е тешко,некогаш и пред тоа да сум чистела на валканото место со крпче ке поминам :) незнам можеби имам коментирано поназад-незнам :$ A јас кога ке одам по гости,ако ми речат не соблекувајте ги чевлите,си влегувам со си чевли,а ако некој ме гледа директно во чевлите имам чуство дека ми вели соблечи ги,сега чистев :lol: и си се соблакам ;( :lol:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Кај тие што не дозволуваат, не одам...кратко и јасно..........
    Јас инсистирам да влезат со чевли, мајка ми стално имаше обичај да ми каже, абе сега ти е лесно, јас чистам, ама ти кога ќе чистиш ќе видиме :lol: ...мада и она дозволуваше, ама јас инсистирав......еве сега јас чистам и не ми е проблем....ќе средам, како и да е, ама човек во одело, или костум, или фустанче со хулахопка, или еве јас редовно хеланки, и да го терам да се соблече :o ...многу ми е просто...многу...ќе шлапкаме сега низ куќа со некои папучетини....
    а од такви па педантерии, па преку Тасета.....нит ми требаат, нит им идам, нит ги сакам дома....
    И за пушењето исто, со маж ми не поднесуваме цигари, ама иииич....ама да му кажам на гостин да не запали???????нема шанси......
    само кај што спијам е таму неможе да се пуши........
    Вака функционираме од секогаш, па фала богу, здрави ,живи уште...да не подречам :|
     
    На cupicupicake, Me.Myself.and.I.Ava, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Секогаш дозволувам да се влегува со чевли, но моите гости се толку обзирни што веднаш штом ќе влезат ги соблекуваат чевлите. Но, за празници, родендени јас инсистирам да не ги соблекуваат, оти не личи сега нели? Но, имам една комшика која уште не си и рекла добро те најдов, таа Соблекувај чевлите!!! :^) :x Не ја критикувам, но чекај жено, не мора да ми кажуваш, имам учено бон-тон. :)

    Заклучок: Не велете им да ги соблекуваат чевлите, тие тоа сами ќе го сторат!!! :lol:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Немам општо правило,зависи од ситуација.
    Кога ми доаѓаат луѓе на честито за некој повод секако дека не би ги натерала да ги соблечат чевлите,во ваква ситуација мислам дека и не личи,бидејќи едно сите се дотерани,др.го расипуваш славењето со забелешки,кои влечат после забелешки од другите,па преќутно да не дојде до ова прифаќам да го поднесам фактот дека ќе се дома со чевли сите без исклучок.
    Па бидејќи воглавно оние кои доаѓаат се повеќето од група која почесто доаѓа,не ми е срам да бидам отворена кон нив,а често правам избор и според самите луѓе и нивните хигиенски и др.навики.
    И јас кога одам некаде одлучувам дали ќе се соблечам или не по истиот принцип-работа на проценка според околностите.
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.921
    Допаѓања:
    111.376
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно дозволувам. Имам две три другарки што кај мене си се како дома па си седиме комотно и тогаш они сами сакаат да се раскомотат и им давам папучки. Ама не сум некоја педантерија и многу мразам. Особено кога имам славење дома. Дозволувам да се гази со чевли, и е ми е тешко после да зачистам. А и кога одам некаде не ги соблакам зашто ми е селски и просто. Ете така !
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас веќе се произнесов во однос на прашањево, само да се надополнам, дека ми е многу смешен моментот кога ве тераат да се собуете пред самиот праг, и оп со кондурите во рака ко глувче или како натрапник некој на прсти влегувате во домот. Не, најсериозно - многу ми е комично.

    Или кога нешто сум заборавила секогаш велам, е добро де ќе претрчам! И тука го следиш моментот како домаќинот со поглед стрела додека ко мачорот Том претрчуваш да си земеш нешто.

    Јас се извинувам, не сакам никого да навредам, но искрено ми дојде многу смешно :)
     
  11. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Охохо јас прво самата прво ќе ја прошетам цела куќа па после ќе се соблечам, а знам и во патики да си седам цел ден :D
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Немам некое правило, али општо познато е да влезеш во куќа и да се соблечеш. Сите знаат дека имаме мало дете и неможам секоја недела теписи да перам. Ок, на поголеми славења тогаш е и невозможно да се соблекуваат гостите ама вака да. Тоа ми доаѓа некако во стил да дојде гостин и јакната да не ја соблече - му е ладно ? на брзање е?? ....
    Али, страшнооо ме иритира кога ќе ме натераат да се соблечам пред врата па со кондурите во раце и да влезам внатре. Па зошто служи ходникот пред врата ??
     
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    ни во Мк ни во Сло немам теписи така да бујрум па фала Богу имам џогер 5 мин работа е тоа...ама па глупо е кога некој ке ти каже собуј се
     
  14. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Глупо е да кажеш соблечи си ги чевлите, ама тоа е до свеста. :)
    Мајка ми несака да и влегуваат со чевли ама и самата кога се брза влегува, така да зависи од ситуација.. Инаку не ни влегуваат дома со чевли, само на слава, именден, роденден :) :)
     
  15. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Никако! Кај никого не влегувам обуена и не дозволувам ни кај мене...Не може некој да ми влегува обуен, кој знае каде газел па да ми внесе еден куп ѓубре дома да не можам после да си исчистам... :)
     
  16. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Кај никого не се соблекувам нити пак сакам некој да ми се соблече дома, па да му ги мирисам чорапите...Извинете, ама некако ми е просто, сте се собрале пет души и си седите по чорапчиња и си мрдате со прстињата на нозете, па на некој му се скинал чорапот, па му е незгодно, па се труди да ја скрие некако ногата....

    Мене ми е некултурно и непријатно да седам во туѓа куќа по чорапи, освен кај блиска другарка каде можам нозете да си ги ставам на кревет. Тоа со соблекувањето чевли на гости сигурно останало од турско.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Не влегуваме со чевли а и гостите се соблекуваат бидејки свесни се дека имаме мали деца кои цел ден се играат на под. И да не се децата, гермофоб сум и самата помисла колку е гадно кај нас, калишта и вирови по улиците, поминуваш покрај контејнер и газиш по некои растечени супстанци од истиот во кој има градско ѓубре (од храна, до користена тоалетна и влошки, до умрени животни), или идеш у јавно вц па си влагаш дома со мочки на кондурите од 100000 луѓе. За тие што не сакаат да седат по чорапи, имам купено 3 пара папучи од пазар за гости.
    Иста сум и за алишта :) Прво влегување дома, мијам раце и се пресоблекувам бидејки несакам со алиштата со кои сум се возела во градски автобус или такси да седам по дома. Сопругот пред мене нема размислувано на овие теми ама два - три муабети и сега бетер стана од мене :D
    Да не продолжувам на темава сите ке ве ставам на мисла :rofl:
     
    На stilas7 и baby.90 им се допаѓа ова.
  18. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    и јас првен се пресоблекувам,па седам каде сакам по дома.но мојот сопруг и некои останати персони кога им велам за ова ме прогласуваат за луда,по изговор дека никој не правел вака,сега ти си ми изговор шана :D не сум била само јас луда :D :D
    п.с. се шалам за ова луда,само метафора е ;)
     
  19. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Најмногу мразам дома со кондури да ми влезе некој и да си седи со нив 2-3 саати. Сите ѓубриња од градов дома да ми ги носи, никако!!! Може ако си извади нови кондури, во кутија да си ги донесе, па кај мене да си ги облече :D :D :D
     
  20. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Многу се неревирам кога ќе ми влезе некој со чевли дома и не го практикувам тоа :devil: