Тоа што не сакам да ми го прават, не го правам ни јас. Не преферирам да влегувам обуена, а нит‘ сакам некој да ми влезе со чевли
Јас самата влегувам ... а кога одам на гости обавезно надвор вадам чевли, а и дома, ама ми се дешава да излезам и да се вратам по телефонот (вечито го заборавам xD )
Секогаш практикувам да се соблечам пред вратата, бидејки кај мене и во ходникот има теписон. И не дозволувам да влезат обуени, а и сите знаат па си се соблакаат(чевлиите де ). Но, се вадам од такт кога за одење се облакаат внатре. Единствено, кога имам некоја прослава и треба да дојдат дваесетина на гости, каде ке собере толку многу обувки, а и несакам после тоа цела куќа толку пријатно да мириса. Но, сепак доколку надвор е врнежливо, сигурно нема да ги пуштам со кал, или пак стапалки да ми оставаат.
Јас лично не влегувам со чевли дома,ретко ако заборавам нешто,па да се вратам.И за гости важи истото,ама ако на некој му мирисаат стапалата Подобро да си ги носи чевлите
Мене пак ми е незгодно да го запрам гостинот пред врата и да му кажам ,,соблечи ги чевлите пред да влезеш,, Некултурно ми звучи и знам дека и јас би се осетила непријатно ако тоа ми се случи! Затоа јас дома кај нас се соблекувам во ходник (значи откако ќе влезам во домот) и истото го очекувам и од гостите кои идат(да си ги соблечат чевлите во ходник)!
Абе зависи до гостинот.. Малце е глупо да кажеш соблечи штиклите. Но мрзам ова кога се случува, нит влегувам со патики, нит сакам да влезат. Башка па некогаш кога ќе се погоди врнежливо и они со патики. Или па некој со штикли и по пархет цело време. Камо да му се заглави штиклата у некоја дупка. Шала, но навистина ме нервира.
Што се однесува до мене Не би дозволила. Значи сакам да се почитуваат правила каде што и кај секого во домот се поставуваат, ако јас кај некој не влегувам дома со чевли, и ти кај мене нема да влегуваш со чевли. Тука се исклучок славите, родендените и друг вид прослави, ама не и за едно одење на кафе. Моите дома дозволуваат влегување со чевли, за било која пригода, па затоа потоа мајка ми чисти и риба по дома .
Да. Кај мене дома се практикува. Моите тоа го дозволуваат. Дури и ние самите некогаш си ја „шетаме“ куќата со чевли! А за гости да не правам муабет. Од врата се вели „не соблекувај се!“ Таква ни е традицијата, што да се прави! И водејки се според тоа, кога одиме на гости не се соблекуваме.
Како прво не викам секој дома, па затоа тие што доагаат ми се блиски луге и знаат `Задолжително е собување и забрането пушење внатре!` Да е само паркет , не ми е тешко да го пребришам-ама рибање на теписи-Не фала! Со останатите- кафе ке си пиеме во кафуле Сметам дека јас си ги создавам правилата во мојот дом, бидејки на крајот на краиштата јас ке останам таму, а гостите ќе дојдат и ќе си заминат. Кога сум пак јас на гости-зависи од домакините, но претпочитам да се собујам.
Мајка ми е пицајзла невидена , па видете дали ќе даде дали ќе даде на нејзините теписи некој да и гази Сите што доаѓаат кај нас дома знаат дека кај мене дома не смее нешто да не е на свое место па затоа си ги соблакаат чевлите . Кога е некој мајстор влагаат со чевли . А кога некој од нас дома влезе со патики си слуша лекција од мајка ми
Мене лично не ми се допаѓа некој да ми влегува со чевли.Па замислете како прво колку бактерии ми внесуваат дома Сепак неизбежно е некој да ти влезе.Има 2,3 парови-постари од на мајка ми и татко ми друштво,кои никако не се соблакаат и тоа е.Инаку кај мене кога идат гости секогаш се соблакаат-друштвото на дечко ми,другарките....секогаш имам повеќе пара влечки па кој сака-бујрум Инаку баба ми е голем мрчатор и ни до ходник не дава да се влезе со чевли,одма се жали дека на 80години перела теписони ,се мачела за да ние и ги извалкаме Душиче П.С.Не ги пере таа ,дедо ми вика луѓе, што ги земаат од дома и ги перат.Ама оди разбери се
и кај мене не се влага ос чевли а ако не дај бозе влезеш и па уште мајками те види па имаш концерт на металика во живо некои 15 мин
Јас лично влегувам кога се брзам и немам време да ги соблакам ама тоа е ретко а иначе не сакам да ми влегуваат луге со чевли. Сегде газат и на крај ке ми влезат дома и тоа после ке го дишеме и во кревет ке го носиме . Не не, нека се соблекуваат пред врата, внатре со чевли не може
Малку ми е непријатно да кажам на гостите да се соблечат пред да влезат , значи оставаме на нивен избор.. Дури некогаш мајка ми знае да каже не се соблакај влези.. Дома е плочки и паркет само под масите имаме теписи, така да не е страшно, лесно се брише.. Јас кога одам на гости преферирам да се ги соблечам чевлите па да влезам...
Не, воопшто не сакам дома со чевли да ми се влегува. Секако, не барам од гостите да ги соблекуваат чевлите пред врата па после да влегуваат, затоа е ходникот ама дома со чевли никако.
Не сакам внатре да ми се влегува со чевли,но ете има и такви луге кои се крајно безобразни и некултури па си влегуваат со чевли без разлика тали тоа смета на некому или не.
Јас кога се брзам, ми е гајле, си влегувам и излегувам, нема сега за 2-3 минути да се облекувам пак, таман работа. А за другите, нема што да ми се маткаат со чевли, патики, ова, она. Надвор, па влези
Под неколку услови -Да е Прочка или Велигден -Да се работи за подалечни гости со кои се немам видено цел век -Да треба да ги перам килимите наредниот ден. Инаку најкултурно ги замолувам сите да си ги остават обувките во салонот и готово ! Спојлер Освен еден другар ,мнооооогу му смрдат нозете ,подобро два дена килими да рибам отколку 2 часа да се трујам!
Паааа зависи.Поголемиот дел од станот ми е само паркет,така ми е поубаво.Ако дојдам со другарка набрзина до кај мене не се соблекуваме и двете.Ако седиме (во соба кај мене нема тепих) си седиме во домашни папучи,ги имам милион пара,кој и да дојде ми бара папучи или боси Во дневна ако седат моите со пријатели ги соблакаат чевлите.И од нив кој си сака си зема папучи.