Како да не, мене не ми даваат да парадирам со чевли низ дома (освен во ходник) на друг ќе му дадат 100%. Ни јас сум ѓаол ипол скриш влегувам ко виор ќе земам што ми треба и со 100 на саат бегам низ врата. Ама стварно не е фер, светли се теписите и ако ми се нечисти чевлите ќе ги направам лом. А од друга страна одам по улицине, плукаат, мочаат и јас тоа дома да си го внесувам па не сакам
Дома никогаш не влагувам ни јас ни моите со чевли, освен ако ептен нешто на брзинка...А гости, визите ко ќе правиме некои влегуваат со чевли...амаа што да им правиш...
Кај нас дома само без обувки се влегува кој несака или неможе ете му ја тарасата Исто и кога идеме на гости некаде секогаш се соблакаме. мислам и глупо е тоа со обувки да се влегува дома, па нели сакаш слободно да си газиш дома без да залепиш некоја гнасотија по нозе? ем теписи треба да переш стално ем паркет да бришаш секој ден, исто ко надвор да се наоѓаш. Дома си е дома се знае без обувки на меко да си газиш, и на чисто
Сеуште си стојам на тоа што го пишав на темава, него ми текна на моментот кој го воведов во првиот мој коментар на темава - боље да мијам, него да луфтирам. Да да, еднаш имав еден гостин, не ми е нит близок нит ништо, дојде како нечиј дечко. Боже драги, навикнат веројатно од дома, абре ни здраво не ми кажа оп - сад га не видиш, одма инстантно се наведна одврза врвците уште пред да влезе, кондурките во едната рака, а со другата ми пружа рака, јас го гледам Викам ама не се собувај еј! Уживај! Овој - не бе не Пирамидче, нема смисла си чистела. Си викам во себе - да?! Сум чистела?! Ама ај. Ај што влезе него една реа кога почна да се шири уште пред да го понудам со кафе, или со нешто за пиење ми вели - Негоо купатилото тука е? Некој чист пешкир за нозе имаш ли? Знаеш, екстремно ми смрдат нозете. - (no way!) Имам. Пап си влезе, си ги изми нозете, си се освежи, фино лепо си седна итн итн. Е ова ти е култура бре! Е не. Ма какво собување - сеуште се ежам од оние кои ги силат сите да се собуваат. Онака уште не ти рекол влези, те скенира со погледот кон чевлите - СОБУВАЈ! Гостопримство што да ви кажам. И не го разбирам она манијачко оптеретување со бактерии (демек станов чист до срж) - си викам ко у времето кога имаше шап и лигавка, па на граници имаше провизорни базенчиња за дезинфекција на автомобилите - е такво може да си инсталираат при влез во куќата / станот. Или да направат онаква просторија во која се влегува во скафандер и се уништуваат сите бактерии. Чистота - пола здравје! Од почит се собувам на гости, но да терам некој да се собуе - никогаш.
сега Пирамид ме потсети на една случка...Одиме кај другарка ми домаи после тренинг, и влагаме натре се слекуваме патики, се поздравувам со мајкаи и оди другаркава да се позз со мајкаи и оваа го затвора носот и и вика право во купатило...И ние две се гледаме оди во купатило (се изми нозе) и се враќа, и мајкаи и вика добро како успева толку да ти мирисаат нозете секој пат кога ќе се соблечеш?!?!?..... - не секогаш треба гостите да ги тераме да се соблечат
Темава ме потсети на еден за мене многу непријатен настан. Уште со сопругот не бевме во брак, а ме однесе кај некои братучетки на гости. Јас исподотерана да оставам што подобар впечаток. На врата, на влегување - рампа ,, ве молиме да се соблечете ние знаете...,,. Јас си клекнав, како мутава, а носев чизми на шнирање, па одврзувај, одврзувај. Маж ми божем малку ја сврте работата на шега, ама јас цела вечер ја премолчев и си мислев ,,леле сега како ќе се испозаврзам, клекната, со суќна,,. Е сега со овој памет, така да ме дочека некој првпат во куќа, би се свртела, абе гитла таму ..., ајт со здравје. Инаку кај блиски мои си се соблекувам, и кај оние што имаат мали дечиња. Ептен ми е безвезе да газам со кондури кај што лазат дечиња. Кај мене не дозволувам да се соблекуваат. Бидејќи имам светли килими, многумина ќе влезат, ќе се сепнат, и се враќаат назат да се соблечат. И сега тука, јас немој, тие да не ти извалкаме, и сега ако инсистираат што да им правам. А ова за смрдливите чорапи, виновни се кинеските чевли.
не сакам плунка, го*но, секакви нечистотии да ги носам дома на тепих каде живееме и дишиме. секогаш и секаде ги слекувам обувките и тоа го очекувам и од гостите. па да влезиш во турска, албанска фамилија, каде без разлика на поводот се соблекуваат, да ти е милина внатре како се теписите чисти. не е палто, па пери го секоја месечина, ипак ги периме еднаш годишно и треба култура да покажеш. а, за оние со смрдливи нозе-тоа се ретки гости кои ни идат (можеби двајца во фамилија), тогаш правиме исклучок.
Ја кога се брзам можам да влезам со чевли внатре...хаха ама кога друг ќе влезе викам по него....но не ми се случува многу често
Па, на никого не сум му се качила на врат да си ги собуе чевлите. Дури и кога ќе ме прашаат им велам Како што ви е вам поубаво. Но сум забележала, бар кај повеќето луѓе кои ни доаѓаат дома, дека по навика си ги собуваат чевлите. Јас кога одам негде, секогаш ги собувам. Поудобно ми е само по чорапки. Исклучок е кога сум шпицната. Нема смисла по хулахопки да се пафтам
Дозволувам ама не сакам, бидејќи тепихчето во мојата соба е толку нежно, со светла боја и некој да гази на него уф не сакам а во другите соби може
Да! Дури и ги терам да не се соблакаат. Не знам мене погадно ми е да ми замириса на нозе или да видам несредени нокти отколку со чевли да ми влезат. Па и јас ако заборавам нешто си влегувам со чевли, нема да ги соблакам, па пак облакам бла бла. Мене најголем проблем на гости кога треба да се соблечам ми е што знам дека ќе ми смрзнат нозете па и да ми дадат папучки, дома секогаш ми стојат пред калориферче или на парно залепени со 3 пара чорапи и топлинки, ама ако видам дека другите се соблекуваат морам шта чеш.
мразам кога ми се шетаат со чевли дома, сега нормално за роденден, именден ,итн дозволено е .. ама да се шибнат така мнгоу ме нервира, јас не си дозволувам да влезам со чевли дома па друг да ми гнаси
Не знам зависи од личноста ми е страм на некој непознат што првпат иди кај нас дома и прв пат го гледам да му речам еј бе каде ти со чевли ајде соблекувај ги а пак некој близок така ако ми влези обавезно му викам
И кај нас е дозволено. Претходно ми беше малку чудно но кога малку прошетав видов како е системот во другите држави воопшто не ми смета
Јас да дозволувам,а мајка ми врескат..па ламинат е и онака насекој втор ден морат да се рибат..многу прашина збират
НЕ! Сосе секакви гнасотии собрани од улица некој да ми шлапа по килимите дома (кои успат се светли, кремасти) нема шанси Не ме интересира какви навики си има, колку му се нови и чисти чевлите....ќе си си соблече, а ако му смрдат чорапите ќе му дадам собни папучи и сите ќе сме раат Обично кога пречекувам гости на врата не тргнувам да ги однесам горе по скалите додека не ги соблечат чевлите во ходникот, тие постојаните си знаат, а некои нови кои и покрај се нема да им текне да се собујат без срам јас ги потсетувам Само 2 пати до сега имам дозволено да се влегува со чевли, за мојата матурска прослава и за на сестра ми, здравје сега за свадбите наши пак Од толку што веќе си го знаат редот, кога решивме со чевли да ги пуштиме беше многу смешна ситуацијата......отварам јас врата, се поздравувам и им велам ајде одете горе, тие прво се фаќаат да се собујат и јас викам не не денес сите обуени се качуваат, и такви со неверување, ако ама ние пак да се собуеме инсистираа, едвај ги убедив да се качат