НЕ. Кратко и јасно. Имам во ходникот полица за чевли, па културно е да се собујат и да си ги остават чевлите таму. Незнам зошто воопшто некој би очекувал да го пуштам да ми влезе обуен дома, со чевли кајшто газел којзнае каде и врз што се не, по килими на кои ми играат децата. Ниту јас никогаш не газам обуена во просториите кај што седиме, освен во папучи за по дома.
, И јас исто така ама имам проблем мачката не ме слуша ! додуша таа влегува собуена ама не си ги брише стапалата пред врата , а да видиш ко ке влезит низ пенџере ужас прав е ! Јас си викам ама џабе !
јас обично ги соблакам коага доаѓам од негде зашто одма идам во купатило да се истуширам и сигурно по чевли нема во купатило да влагам,а за гости незнам никогаш не сум рекла соблечи ги кондурите како сакаат они само за во собите кај што се спие,поготово кај мене во соба не дозволувам
Не! Кратко и јасно ни влегувам ни сакам да влегуват! Којзнаа кај се газеле и сега ај ке ми се растропат по ламинат!
дозволувам,поточно овде и се оди со чевли по дома,а и онака глупо ми е да ги остава обувките пред врата
Дозволувам само во некои ситуации, не секогаш. Меѓутоа сметам дека основна култура е пред да влезеш во нечиј дом барем да прашаш дали да ги собуеш чевлите. Има и такви кои си влагаат без пардон. Е сеа и не го поддржувам тоа оставање на чевлите пред врата кога живееш у влез, ама гледам многу луѓе си го практикуваат и ова.
дозволувам само во некоии ситуациии значи многу реткоо не преферирам дома да ми влезат со чевли што не надвор згазија па ке ми влезат со чевли внатреее
Никако. Надвор е пре многу валкано, а дома се обидувам да пазам совршена чистота. Ако дојде некој непознат дома, дали за книги, дали мајстор и влезне со патиките дома, се нервирам, ама ме е срам да му кажам, за да не се почуствува незгодно (таква сум си, срамежлива ) и затоа му кажувам на Миле, като оди да им отвара порта, и на враќане да се собува пред нив, за да видат, дека дома не се оди со патики, да се собујат и тие. Се пак бебе имаме дома, мора да има некаква хигиена.
Кога некои гости сакаат да ги соблечат чевлите уште од врата им викам да не ги соблекуваат (не е никаков проблем кај нас да се влезе со чевли). А доколку некој веќе инсистира да ги соблече му викам да си ги остави внатре во ходник, да не си оди бос (Живеам во зграда и се деси на едни комшии да им украдат патики од пред врата). А дозволуваме секако во ходник и во дневна (во собите кај што се спие никој не влегува. А јас кога одам на гости на кафе кај другарки или роднини ги соблекувам чевлите, а доколку одам на слава,роденден или нешто кај има многу гости не се соблекувам никако (освен ако не е надвор кално).
Тргам од себе, секогаш ги соблекувам чевлите, но доколку ми кажат да не го правам тоа, не го правам. Кај мене дома, ретко кои гости не ги соблекуваат. Но и да не ги соблечат, ништо страшно, сепак тие не ми одат по спална, или низ цела куќа, а и така се чисти секој ден ќе се исчисти и после гостите. А за да ги оставам пред врата кај некого на гости.. хмм.. да ги мислам цело време додека сум на гости-не сакам.. а и муабетот со папучите е врв..
Ајде некако да разберам за домови каде што има мали дечиња. Во една таква пригода одиме да видиме едно бебуле, нормално ги собувме чевлите, но следеше уште едно предупредување: Ве молиме измијте си ги рацете со антибактериски сапун. Ко ние да дојдовме директно од нивата, штотуку ги оставивме копачите и еве не - кај вас, да го видиме бебето. И друго нешто - одиме на гости, те стрелаат со поглед - СОБЛЕКУВАЈ ЧЕВЛИ! Ги соблекуваш, седнуваш, а долу - уште мравки оро не заиграле! Трошки, влакна, прашина, си ги виткаш ножните прсти, за да не го допираат тоа гнасно нешто наречено персиски килим, и да не ги си упропастиш чорапите. И уште такви ќе ми проповедаат хигиена, бактерии и чистота? Ма такви не ми се ни на список за дружба.
Не сакам да ми влегуваат со чевли.Навистина ми е грдо,кога ќе помислш 10 души да ти влезат дома во неделата кои бактерии и нечистотии се!!!!! Па и јас ако си влегувам облечена ,баш ќе ја наредам. Не е финтата дека дома ми е све светнато,чисто,стерилизирано...никогаш не е идеално,бактерии има насекаде,ама ова со влегувањето со чевли е нешто најодвратно Ајде сега,другарка ми пример ја земам,се омажи среди дома ново се,и ние другарките 10 души што бевме со чевли ли требаше да и влеземе????? Мислам луѓе ве молам,како си сакате,ама тоа мене не ми е ни најмалку здраво ни хигиенски
Немам често гости па затоа кога ќе дојдат сум толку радосна што би им дозволила и ѓубрето од дома да си го донесат Озбилно, јас кога одам секогаш се соблекувам, го очекувам истото и од гостите, е сега ако веќе тргнале да влезат не велам ништо, само ќе си зачистам после нив...А и додека седат цело време ми бега погледот накај нивните обувки, очи ми бодат...