Па нешто у стил на Миле паника, боље да чистиме него да лофтираме. Би дозволила со чевли при суво време, кога не врне Зависи значи од тоа дали надвор е калливо, од тепихот, ако е бел и ако е некој што ми се свиѓа многу нема шанси со кондури. Сепак дискутабилно и зависи од многу фактори,ама за домашните без чевли се разбира.
За соблекување сум дефинитивно. Кога одам некаде на гости задолжително се соблекувам па дури и кога ќе ми речат дека не треба.Но исто така и сакам/е дома да ни влегуваат без чевли.Да немавме теписи некако ајде ке џогираме, ама тепеси не можеме секој ден да переме.А и не е хигиенски некој од надвор да гази по се и сешто и потоаа да дојде да ги избрише чевлите од тепих А на тие што им е страм да се соблечат бидејки имаат дупчиња на чорапите или им шират некоја ареа кога знаат дека одат на готи нека си ги сменат! Е сега кога имаме празник или некој по спешл повод секако дека дозволуваме.Не може да застанам на врата и на секого да му велам соблекувај се...а потоа се знае дека се прави генералка по дома.
Дали дозволувам звучи некако строго но им давам на знаење дека кај мене не треба да се влегува со чевли исто како и јас сто не влегувам кај некои колку и да ми викаат дека дозволуваат.Сето тоа зависи и од самите гости ако па ептен се без осет немозам да ги терам на сила нека влезат како сакаат
И да се надоврзам на мислењето на Butterfly-itgirl4s, нашите пријатели сите си ги слекуваат чевлите освен доколку е приликата свечена па глупаво е со свилени хулахопки па боси а во сите други случаи си имаме преќутен договор и си го почитуваме Стварно имам фобија кога ке си помислам низ што се газеле на улица па сега дирек кај мене на белиот тепих...но немам одважност во мене да им речам ,па ке си премолчам и голтнам а после нив одма правосмукалка,крпа,доместос на ламинат
Околу ова никогаш не правам проблем, на кој како му е пријатно така нека си влезе, има луѓе кои едноставно цел ден биле во чевли па сеа јас ќе се правам паметна, ајде соблекувајте се, и нив непријатно и мене лошо(од миризба). Јас секогаш кога одам на гости се соблекувам, освен ако не налага приликата поинаку
Кога ми доаѓаат гости инсистирам да не ги соблакаат чевлите а домашните мора веднаш да се собујат во ходник не да се шетаар низ дома обуени
Јас си водам американски стил на живот!! Стани сабајле најади се..облечи се..! аа исто така и со чевлите..секој ден сум со нив.. океј не 24/7 .. ама така е зборот.. и кога ке дојдат гости исто така не настојувам да ги соблекуваат чевлите..но некои ете така се научени па... А јас коа идам кај некој на гости очекувам да ми кажат дали да ги соблечам чевлите или не
Па не дозволувам да ми влегуваат со чевли, меѓутоа зависи и од гостите. Некои си влегуваат, некои не, не можам да напишам на врата не влегувајте со чевли. Меѓутоа, кога идам јас на гости секогаш ги соблекувам затоа што мислам дека така е покултурно, поубаво и попријатно, освен ако тие кај што идам не ми речат не мора да ги соблекуваш.
Многу ми е примитивно соблекувањето чевли дома (пусто турско, и тоа си го наследивме од нив ). Кога и да дојде некој инсистирам да не ги соблекуваат чевлите но има и такви кои покрај се си се соблакаат без око да им трепне Мене тоа ми е глупаво и одма им давам папучи. Се разбира исклучок е само кога има мали деца дома кои лазат по подот и само тогаш мислам дека е препорачливо никој да не влегува со чевли каде што детето лази и си игра. А јас кога одам на гости знаејќи го македонскиот менталитет по ова прашање, обавезно ги прашувам домаќините дали да се соблечам а ако има дечиња дома тоа го правам без да прашам.
кај нас се влегува со чевли оти имаме плочки,такви се становите и ние самите не одиме боси нон стоп сме во папучи,влечки кој со сака ..после само павосмукалката и џогерот и готово хиххи
Мене не ми е убаво кога дома ми влегуваат со чевли поготово во мојата соба. Кога ќе помислам каде се немаат газенео па сега ми газат по теписонот. Мојата соба е мое царство, сакам да ми е чисто, многупати знам да седнам на теписонот и да си се греам до печката, и за тоа несакам да ми влегуваат со чевли. Но за некои прослави кога сите сме исфирцкани ние и велиме да не се соблекуваат, сепак не личи боси
Не! И јас кога одам на гости, се соблекувам, сакам и кога ми доаѓаат гости да се соблечат, а папучи одма им давам, па колку сакате зборувајте дека е старински тоа И не ми е тоа видено од турските серии, кај мене дома отсекогаш било така Тоа НЕсоблекување претпоставувам произлегува од многу амерички серии каде што со кондури и си легнуваат. Ама јас тоа не го одобрувам, се знае што се носи надвор, се знае што се носи дома За слави/празници/родендени се знае дека не се соблекуваат, прво кај ќе им ги собере сите чевли на сите гости, а и после слава/роденден, секогаш се прави генералка И да, се согласувам со следново:
Порано дозволував а и сеуште дозволувам .. Но сепак оЧекуваме бебе и не сакам да ми влегуваат и шетаат по домот со Чевли !!! Прво секаде каде одам настојуваат да се соблекуваат Чевлите , и ни даваат домашни папучи , зошто и не кај мене да се соблекуваат , второ зошто да Чистам по секоја посета
бидејќи кај мене секогаш е исчистено никогаш не давам на другарки да ми влегуваат со чевли и самата не влегувам со чевли.
Дозволувам и воопшто не ми пречи. Гледам сите краста фативме по дома од тоа што пуштаме луѓе со чевли. Не ми газат во спална па да не ги пуштам. На крај краева со правосмукална и џогер и онака често поминуваме. Ако некој инсистира да се соблече, нека повели само има и такви што ми дошле па поштено ми ја усмределе цела дневна со чорапите. Дури за нос да те штипе. Па уште и ако си мезиш нешто, налет храната, ќе ми се одмили. А кога одам по гости најмногу мразам кога ќе ми дадат некои грозотии од папучи, поцрнети и смрдливи, којзнае кој се не стапнал во нив. Е тогаш колку и да инсистираат не ги облекувам. Сум се заебала така неколку пати, од чисти чорапи излегуваш усмрден Последно што ми се случи беше на домашна забава, внатре 20 луѓе и сите боси. Домаќиниве инсистираа да се соблекуаат чевлите. Настрана тоа што бев дотерана и на крај морав да седам по хулахопки, туку и дневната беше со плочки па нозете поштено ми измрзнаа. Па бог да чува, после голема забава или слава треба секако да се исчисти, која е поентава не ми е јасно стварно.
Кај другарка ми на врата се појавува полицаец, звони, отвара мајка и. И кажува човеков што има да каже, ама и дава на знаење дека треба да влезе. Мојата драга тетка Б..... му вика - изволте, влезете ... соблечете ги чевлите... Овој ја гледа , не му се верува (човек во униформа) ... ајде, ајде му вика тетка Б..... Овој ни напред ни назад - ама не смеам, не е во ред, јас сум службено лице. ААААА ако си службено лице , чекај .... и вади она весници и му постила кај да згази И по милион години не ми излага од глава фацата на чичко полицаец п.с. кај мене дома, кој како му е воља, ако сака да се соблече ок, ако не, пак ок.
Уф, кога ли ќе се искорени овој смешен обичај од нашиве подрачја?! И не, не е проблемот во скинатите чорапи или смрдливи нозе! Едноставно ми е глупаво и примитивно. Па, затоа постои усисивач,џогер, средство за чистење... Јас и сама шетам по дома во чевли кога се спремам за некаде, па пробувам едни,па други...И не гледам тука ништо страшно Страшно би ми било да ми дојде некој дома и да му кажам да ги соблече чевлите!Боже сачувај! А, уште пострашно (или посмешно) ми е да отидам некаде и да ми извадат папучи Никогаш не ми се случило...ама, ако ми се случи, кажувам кратко и децидно - не фала, јас чевли не соблекувам! Ако ме примат, о.к. Ако не ме примат,пак о.к.Ама, обичајов не го поштувам воопшто!
Лелеееее... јас прв пат овде гледам колку трагично ги сфаќате работиве т.е. соблакањето чевли (не само ти Лола, и другиве ги читам) Не е ова традиција од завчера, се знае по култура и бонтон дека чевли се соблакаат, не треба на секого посебно да му кажуваш - Ај те молам соблечи се Кај мене џогер не може да помине, цел стан ми е во теписи А ако се шеткам со кондури дома, па кога ќе седнам пред телевизор, сакам да си кренам нозе у вис. И каде да ги кренам, патиките на кауч? А и колку повеќе ми се нозете во чевли, толку повеќе мирисаат, многу јасно И уште една работа - абе луѓе, па тие папучи се перат Како викате - нејќам да ми дадат папучи, усмрдени што ги давале на 600 луѓе пред мене. Па јас немам 100 гости дневно па да се усмрдат така лесно Плус, папучи се 50 денари, па кога ќе им дојде време на старите, си купуваш нови, проста работа
Да бре, јас секој ден ќе чистам теписи и ламинати, е неможе. А како што се чисти нашиве улици па уште некој од надвор со се кондура да ми влезе, што којзнае кај згазил денес и што згазил. Башка, како што напомена некој погоре, ја обожавам да си седам на под, да си се тегнам, вежби да си праам, па да се мислам кој ми згазнал таму и дали правосмукалката добро очистила. Ако некој така ми се убрза и ми влезе со чевли, нема да преречам, негова култура е тоа, јас можам само да сум добар домаќин, ама ако праша секако ќе си кажам дека треба да се соблече. Едно е еден човек да ти влезе со чевли, а друго е сите да ти се расшетуваат така по домата.