Дали државата вложува во младите таленти?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од злоба, 4 февруари 2021.

  1. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    3.427
    Пол:
    Женски
    *не проверив дали темава е дупла*

    Државата одби да го награди штипскиот Питагора: Од МОН велат дека постапиле по закон, а ќе добие награда од Општина Штип

    Ме нервира ова! Толку многу млади со потенцијал во разни полиња и очекуваат да останат во државава и да го развијат? Они се иднината за подобра држава и целосно користење на ресурсите што ги имаме, но ете мора да усерат ради глупи правила.
     
    На poi, Mikha4, f.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Светлата страна е што детево на рана возраст увидело во што мувла од држава живее и има можност уште од сега да планира каде да кидне.
    Со математика ќе му се отворат многу можности низ светот. Не се сомневам дека ќе успее некаде надвор.

    На темава, секако дека не вложува. Напротив. Државата прави се за да ги демотивира и избрка. Затоа имаме масовен "одлив на мозоци". Не им требаат паметни и талентирани луѓе тука.
     
    На Nikolina35, Guns N` Roses, Lella и 22 други им се допаѓа ова.
  3. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.461
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за детето, сигурна сум го чека успешна иднина надвор од оваа држава. Таленти како него не остануваат незабележани од држави кои ги ценат и мотивираат за уште поголеми достигнувања.

    Кај нас секако не се обрнува внимание на вакви работи. Зошто да му даваат пари кога тој не носи партиски маички за да ги промовира партиите. Освоил медали....чудото големо (facepalm)
    Срамно е ова што се случува. Збираат донации за да одат на Олимпијади и да ја претставуваат државата која не се ангажира за нив, трошоците за натпревари се на товар на професорите и родителите(со мојата генерација беше така), медиумите немаат време да известуваат за вакви таленти. Пред некое време на некоја телевизија од Србија имаше реклами во кои беа споменувани успешни студенти, ученици со пофалби за нивните успеси. Зошто да не се направи истото и кај нас? Поддршката и тоа како е значајна, самото сознание дека некој им го валидира успехот и трудот ќе им дава дополнителна желба за нови достигнувања.

    Објавата на професорот Иван Грозданов од ПМФ даде реална слика за тоа колку се почитуваат и колку им се помага финансиски на научниците кај нас. Џабе е сè, ако не сме приврзаници на определена партија. И после си оделе "мозоците", епа ќе си одат....и добро е што е така.
     
    На Nikolina35, Lella, Ahoy и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.308
    Допаѓања:
    11.632
    Државата не вложува, но тој што има талент ќе си го најде местото под сонцето.
     
  5. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    Кратко и јасно не.
    Нема вложено во ниту еден тален кој заслужил да му се пружи можност и прилика, бидејќи вложување во квази таленти не претставува никакво вложување. Тоа е како да полниш решето со вода и да чекаш да се наполни.

    Впрочем и целата ситуација со детето што победи на натпреварот е школски пример како не функционира исправно државата спрема талентираните деца. Најјасно се гледа целиот трулеж на нашиот образовен систем кој влече корени од основното образование.
    Прво од кусогледот на учителите и наставниците кои ги фаворизираат и глорифицираат децата од родителите преку кои наставниците гледаат некаква корист, наместо да ги бараат и поттикнуваат талентите на учениците и да ги усмеруваат кон тоа за што ги бива.
    А второ, и да има некој талент, државата го гледа низ призма на политички глас, па ако не и одговара нема да вложи.
    Основното образование е основата, темелот на секоја градба, па каков темел, таква градба.

    Едноставно кај нас владее тендер системот, односно кој повеќе ќе понуди корист, наспроти талент, тој ќе биде награден.
     
    На Ahoy, poi, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.895
    Хм, колку таленти си го нашле местото под некој сељак шеф и директор за мала плата. Ако не те следи и поддржува образовен систем, ако немаш родители да те поттурнат и партии и слично...гаснат таленти и интелекти.
     
    На Nikolina35, black-angel, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Pirot

    Pirot Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Да вложува.Парите што ги добивате се аванс за да се откажете од вашите соништа.
     
  8. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    Како не, им плаќа факултети на некои да учат надвор од земјава...
    кои по завршувањето секако дека не се враќаат:D
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    10.377
    Пол:
    Женски
    Не вложува и никогаш нема да вложи. Напротив, на детево уште од сега му ги отворија очите. Дури и да сакаат да му дадат пари, не треба да ги прифати бидејќи доаѓаат како милостина. Сигурна сум дека ќе успее во животот. Ваквите деца со голем потенцијал секогаш успеваат.

    @winnie02 не ме потсетувај. Се изедов од нервоза тогаш..
     
    На winnie02, poi, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.308
    Допаѓања:
    11.632
    Aко не овде, во странство ќе се снајде.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    42.659
    Пол:
    Женски
    Напротив. Ако се истакнуваш и си различен од другите, ќе направат се' за да се демотивираш. Напорно работиш и се трудиш, а гледаш дека пред тебе положил/завршил/се вработил некој со дедо Владика.
    Нема помош ни за тој кој е талентиран, ниту па за некој на кој му треба поголема помош во текот на образованието. Голем проблем е и фокусираноста само на формалното образование, за неформално треба да имаш среќа некој да те "просветли" дека постојат и обуки, курсеви, размени итн.

    Читав некое истражување, да ви ја доловам поентата:
    Кога би прашале мали деца во градинка кој од нив е креативен, сите ќе се испотепаат да докажат дека тие се.
    Кога би прашале деца од прво до четврто одд, само неколку ќе кренат рака.
    Кога би прашале деца над четврто одд, само едно или две деца срамежливо и со двоумење ќе кренат рака.
    Самиот систем наставникот да предава пред нас, а ние наредени како војничиња ни прави некој притисок, не става во некој калап.
     
    На deskarada, Ahoy, 6th sense и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    31.072
    Пол:
    Женски
    Како не вложува?!? 5000 евра лапна албанчето со песните за УЧК што ги пееше. Се инвестираат во младината, не зборете така. :devil:
     
    На Nikolina35, Tanjamm и злоба им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.308
    Допаѓања:
    11.632
    Да знаеш дека си во право. Колку и да сака некој да направи нешто, овде средината е толку демотивирачка, уффф. Никој нема едно „браво“ да ти рече, а не пак да те наградат парично. Но, човек треба да замижи и да бара шанси за напредок и успех. Дури и во работна средина ако се докажуваш, ќе гледаат ако можат да те сопнат, оти овде немаме нешто кадарни луѓе, напротив просечните мислат дека се Господ.
     
    На злоба и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    31.072
    Пол:
    Женски
    Кога е работната средина во прашање, дури и на самите газди како да им пречат вредните и способни работници. Најчесто се на страна на неработниците кои им лижат задник и се одржуваат преку кодошење. И после како човек да се труди? Секоја чест за исклучоците кои ценат посветеност, за жал таквите се ретки.
     
    На Nikolina35, poi, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.308
    Допаѓања:
    11.632
    Еве јас отсекогаш сакав странски јазици. Зборувам повеќе јазици и ретко некој да ме пофалил обично или кокореле очи кога ќе сфатат дека зборувам течно, или коментарот бил „што дека знаеш јазик, ти не работиш во странство, овде си“. Кој коментар? Баш злобно. Не е џабе, кога и да ми треба се снаоѓам со јазици, си разговарам со странци.

    Кодишите најмногу просперираат. Што ако нема поим кога со години кисне на едно работно место, си прима плата, си отплаќа кредит за куќа или стан. Што фајде ако го избркаат по 10 години, кога тој бил за бркање од старт.
     
    На Zaljubena26 и poi им се допаѓа ова.
  16. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    Ова зависи од фирма до фирма и од политиката на фирмата. Не ми изгледа баш исто за споредба, ама што знам, можеби грешам...

    Инаку посветеност да, ама ако е на штета или притоа гледа да направи штета на тие околу него не ценам. Полно е и амбициозни луѓе кои се истакнале не толку заради нивните квалитети туку заради газењето и туркањето на сите околу нив. Најчесто пред нос ти мафтаат за нивната успешност, у секој муабет не забораваат да го спомнат нивното достигнување. Е тука нешто мириса или државата овде помогнала скришум :D

    човек што вистински сам си го изодил патот е и доблесен и скромен, по тоа ќе го препознаете:mm:
     
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.915
    Допаѓања:
    48.042
    Пол:
    Женски
    Нешто налик на темата дали им верувате на институциите, двете теми смешки се
     
    На winnie02 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  18. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    НЕ!! Ќерка ми е најдобра во "еден спорт" (не можам да кажам точно што) а само еднаш има земено стипендија. Во нашава држава има само први места и второ место ( со возрасна девојка од 23год а ќерка ми е 15), исто на балканско + Романија и Турција освои 2 место а тие ваучери и стипендии си делат меѓу нивните. Крајно револтирана сум кога дете по три тренинзи денот прави, телото и е како карпа е од државата една стипендија од 9 месеци доби. Да нема за никој нема, ама па друга девојка што никогаш не освоила ништо, не па на балканско, зеде ваучер од 105 000ден а ќерка ми и други како нејзе ништо. Катастрофа сме значи. Не се цени ни спорт ни учење. Не е работата во тие 105 000ден, девојчето се почувствува толку понижено што немам зборови да опишам. Се надевам дека ќе си ја најди среќата во друга држава зашто овде на секој нејзин успех само разочарување добива. И муабети од соучениците дека како маж е во телото и со спортот ништо нема да добие во животот.
     
    На An4e banance и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Државата нема потреба да вложува во личности, кои планираат да ја напуштат државата. Тоа го сфатија функционерите одамна и затоа не се вложува. Паметен потег.
     
  20. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    31.248
    Озбилен си или се заебаваш нешто?

    А зошто луѓето си одат од државата м?