Зошто државата да вложува во лица, кои ја напуштаат државата? Сериозен сум. Добиваат бесплатно образование, државата вложува пари и ресурси во нив, а тие наместо да вратат на државата со своето знаење, труд, претприемачки дух, бегаат како лигуши на страна. Јбг, нема пари веќе. Значи, фрлање пари во бунар.
1. Значи ние шо останавме во државата сме глупи. 2. Значи тие шо треба да вложуваат се глупи, пошто и тие останале. Уствари паметни се, си вложуваат во станови и коли. Душички.
Тие што останале во државата се лојални кон истата. Дефинитивно не се глупи. Зошто државата да вложува во кадри што планираат да ја напуштат Македонија? Еве, нека им дава пари, ама нека потпишат дека се обврзуваат доживотно да останат во Македонија.
При прва прилика би заминала од овде. И да, лигуш сум. Останатите можат само да лечат фустрации врз оние кои успеале да се спасат од дупкава. Нема иднина во држава која не ги мотивира талентите, а и сите помлади да останат во неа.
Тогаш не барај пари државата да вложува во тебе, а планираш да ја збришеш. Тоа е како да инвестирам во нива која не дава плод. Нема смисла.
Епа нивата не дава плод ако не вложиш труд и не се грижиш за неа. Не е само насади го семето и чекај да добиеш плод. Btw, споредбава со нива
Со прст не мрдате за својата нација, а очекувате истата да ве стипендира и наградува, за да утре си ја збришете на друго место. Не оди тоа така. Еве, нека ти дадат 50.000 евра стипендија како млада и талентирана, ама да потпишеш пред суд дека нема да мрднеш од Македонија. Може така?
Пријателе ти со оваа агенда што тераш, нема далеку да стигните, среќа вака да мислите, па да ја однема за скоро државава, само то че речам, кратко и јасно. А верувај ако тера вака како што е, ќе нема ни кој да ве гласа, ни како да вртите и перите пари, че треба да си разменувате двајца без тројца, ама и така нема да ви се погоди, па че се скарате.
Не е само на ти стипендија, шо после, кои се можностите? Стварно не знам, не е сарказам. Оти од лојалност не се гледа фамилија.
Баш ќерка ми вложувашево државата. Дома куќата ни е преполна од реквизити, тегови и теретана од наши пари и др. работи се со наши пари плаќавме од патувањета од хотели од униформи патни трошоци, па мажот ми лично има по цели ноќи возено зашто сме биле "кратки" со пари да не спие во хотел а да е на време стигната за натпреварот. Ги брани боите на државата со свои пари и засега уште планираме така да биде, а додека други натпреварувачи не се појавиле на натпреварот, е тие истите земаат стипендија. И ти тоа го рачунаш фер? Да не ги рачунам и повредите и терапевти и терапии а башка болката, + одличен ученик. И не вреди стипендија за тоа? Дете на 15год што 8 години ги брани боите и е непоразена не вреди да му се даде стипендија??? Срамота е!
Ништо не се вложува во младите. Младите не се мотивирани да направат нешто во Македонија, нема никакви услови. Мислам зошто би вложувале, кога работни места не се добиваат со знаење него со врски. Првенствено да почниме од крш образованието па се до сите нефункционални институции. Барем за студенти колку плусови, попусти, и помош има во странство, што во Македонија не знам дали ќе биде некогаш. И не, тие што ја напуштаат државата не се лигуши, едноставно имаат амбиција поголема од тоа што е остварливо во Македонија. Едит: Младите се движечка сила на една држава а се ставени на последно место...
Секако, целокупното општество вложува огромен напор да го задуши и уништи нивниот потенцијал. Се под капа на државата (власта) која располага со моќта и ресурсите да ја подобри ситуацијата но тоа не го прави, зашто е во судир со нечии лични интереси. Дошле дивите, ги набркале питомите, рекол некој некогаш