1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали државата треба да овозможи бесплатна контрацепција за жените од ранливи категории?

Дискусија во 'Секс' започната од нина122, 14 мај 2021.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    10.634
    Пол:
    Женски
    Се мислев каде да ја отворам темава и се решив да ја отворам тука, имено има многу жени кој потекнуваат од сиромашни семејства или по сплет на околности сега се од сиромашно семејство, дел од нив необразовани, а земајќи го и фактот дека најголем процент од луѓето кој имаат премногу деца се всушност сиромашни, размислував на темата како државата може да им помогне на овие жени, односно на еден начин да спречи да се создаваат премногу деца онаму каде што нема услови за нивно чување. Па прашањето ми е дали државата треба да овозможи бесплатна контрацепција, односно контрацепција од типот на спирала, или слични методи за овие лица со цел да спречи да се раѓаат многу деца кој потоа би живееле во сиромаштија, или едноставно да ги заштити самите жени.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Што ако обезбеди државата контрацепција, ако тие не знаат како или не сакаат да ја користат?

    Државата треба да ги едуцира.
     
    На hermosa, cavalli, SuperGirl24 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Што си правите бајрам на памет. Убаво рече @WildMk државата треба да ги едуцира.
     
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    10.634
    Пол:
    Женски
    Да, точно дека треба да ги едуцира но што ако немаат финансии за некој од методите за контрацепција, само едукација колку ќе биде корисна?
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Без едукација и да добијат бесплатни кондоми или контрацептивни пилули, нема да ги користат.

    Многумина само ќе ги земат, за да ги продадат.
     
    На mode-kristina, hermosa, cavalli и 12 други им се допаѓа ова.
  6. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Добро тоа се исклучоци. Зборуваш за луѓе кои имаат само за да се прехранат па државата треба да им мисли за нивниот интимен живот. Јас мислам дека има многу приоритети.
    Многу би било подобро државата да се опраи, да даде образование прво, да обезбеди работа. За контрацепција самите ќе си обезбедат после. Проблемите треба од корен да ги решиме. Ова е исто како да ставаш фластер на скршена коска..
     
    На mode-kristina, IRBBB, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Нема зијан од бесплатна контрацепција за економски ранливи категории.
    ама за да биде ефективно, треба прво да се едуцираат.
     
    На mode-kristina, cavalli, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  8. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Не дека има зијан туку сакав да кажам дека проблемите со такви луѓе треба од корен да се решат. Да се едуцираат на секаков начин не само за секс, па да може сами да си заработуваат и да си обезбедат се потребно не само контрацепција. Луѓе за леб немаат, државата не дава ни леб бесплатно а ние за контрацепција зборуваме. Има еден куп други проблеми кои треба да бидат решени со приоритет.
     
    На mode-kristina, cresa-jagoda, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.608
    Прво, да се заштити нероденото а непосакувано. Бесплатна спирала за жените.

    После едукацијата ја за полови болести. После кондоми.
     
    На mode-kristina, fana, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Џабе државата и да ги едуцира, кога они едноставно така функционираат. А и до некаде се свесни дека нема да можат да им овозможат услови, ама ете си раѓаат.

    Не сум за државата да им овозможува.
     
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Треба ,да бидат подостапни па зошто да не и бесплатни ,секако со едукација. Пример едукација па давање.
    Но уште повеќе треба ова за луѓе не спремни за деца или со психички нарушувања.
    Пример од мојот живот:
    Роднина се ожени за жена , наследник на повеќе имот ,но со психички нарушувања и епилепсија,секако тој во моментот не знаел ништо , бидејќи од еден крај во друг. Со тек на време епилепсијата ја забележал потоа и останатото. Додека беше жива мајка и ги контролираше со тоа што имаа едно девојче ,кое ги наследи болестите на мајката. Имаше 4-5 абортуси.
    Откако почина мајка и забремени пак и го зачува ,второ девојче.
    Пак ги наследи болестите на мајката која што веќе сосем забега па ги зема децата замина со еден друг кој што сакаше само да и ги земе становите и нивите.
    На децата им давала диазепам за да спијат по цел ден,а ако не заспијат ќотек... Мислам дека тука уште поважно е да се поработи на тоа да нема дечиња кои сосем невини би страдале....
     
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    @Осе тука треба социјалните служби да реагираат, ама они дремаат партиски. И детето од Охрид што го згрижија едвај (дури не се крена јавноста на социјални мрежи, телевизии), си почина. Такви лица треба веднаш (да бидат брзи и крајно одговорни) да ги згрижат во семејства каде ќе се почувствуваат сигурно.

    Од друга страна, колку семејства се за посвојување деца во државава? Ама тука не знаат како, затоа после касно е и само се зголемува појавата на идни деликвенти (за жал).
     
    На cavalli и Осе им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Абе најголем проблем е што им се посакувани тие деца иако немаат услови за да им овозможат еден пристоен живот. Мислат дека децата се богатство и ги раѓаат без да мислат колку деца родиле. А особено ако првите им се погодат женски, тераат додека не добијат машко дете. Така да џабе контрацепција, ако останат со ист менталитет пак ќе си тераат по старо.
     
    На mode-kristina, fana, cavalli и 8 други им се допаѓа ова.
  14. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Баш читав еден текст за гладните луѓе низ Африка и Индија. Тие гладни и жедни по 10 деца имаат, а замисли што ќе биде ако бидат сити. Образование и едукација од мали, на тој што веќе начукал 30-40 години и создал 5 деца и нема да ги прехрани неможе да му туриш во глава со сила ништо, ама баш ништо.
     
    На mode-kristina, tinka-mace, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    @eliesaab реагираа.. можеби малку доцна но реагираа.
    Сепак тоа не го менува фактот дека децата се оштетени за цел живот.
    Ете пример детето од Охрид ,почина за жал.
    Значи веќе крајно беше во моментот...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    А како ќе ги едуцира државата? Иде на училиште, не учи ништо, чека една 2ка да му/ѝ пишат, ако не ќе паѓа и по 2,3 години, додека не кренат раце професорите и ги пуштат.
    Кога основна едикација не може и не сакаат да им се овозможи, како сексуална понатака?
    Какво решение гледате?
    Ете задолжително средно ставија, па јас не гледам промена во однос на такавата група, исто си тераат како претходно. Едноставно, некои и сами не сакаат да си помогнат.
     
    На mode-kristina, fana, edna_malecka и 7 други им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    10.634
    Пол:
    Женски
    Мислев на бесплатна контрацепција од типот на спирала, за наместо 15 деца да имаат само 2-3, но да, ако идат со мислење дека децата се богатство и колку повеќе толку подобро тогаш џабе е и бесплатна да им е.
     
    На mode-kristina, cresa-jagoda и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    А што, демек они не знаат како се прават деца? Па државата ќе им покажува како да родат само 2 а не 15 деца..

    Секој треба да си се грижи за сопственото тело, не да чека државата да му ја мисли.
     
    На mode-kristina, eliesaab, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Убава тема Нина.

    Дечки, ќе скратам.
    Да не се лажеме, не живееме во XIV век или во Зимбабве за жените да знаат како да имаат сексуален однос, а да не знаат зошто се користи заштита. :)
    Океј, жените во руралните средини немаат пристап до гинеколошки услуги, па до некаде логично е и да не знаат што се таблети за контрацепција. Но, да не знаат што е кондом а се жени помлади од 50-та година!?
    Без навреда ама нема логика.

    Државата е должна да обезбеди средства за контрацепција за да се намали наталитетот кај овие луѓе и на тој начин да се елиминираат последиците од сиромаштија и страдање на тие дечиња, кои би требало да растат во такви семејства.
    А, дали државата се замара?
    Не.
     
    Последна измена: 15 мај 2021
    На mode-kristina, fana, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не е дека не знаат.
    Не користат, оти не ја сметаат за 'толку битна'.
    или 'поубаво' им е без нејзе.

    Ова сто пати го имам повторено:

    Кога донесоа закон за првиот ПАП во годината да биде бесплатен за сите жени, разговарав со тогашниот ми гинеколог и ја прашав, дали се зголеми бројот на пациенти.
    Ми кажа: Не. Тие што и претходно си посетуваа гинеколог, си посетуваат. Оние кои претходно не одеа на гинеколог, сеуште не одат.
     
    На mode-kristina, fana, cavalli и 4 други им се допаѓа ова.