1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е ГЕЈ?

Дискусија во 'Канта' започната од IvcheHeart, 10 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Што врска има мајката- кога има еден куп случаи каде што има две машки деца, едното е геј, другото не :!:

    Тоа е генетика, така се родени, и нема лек за тоа.
    Барем нека си кажат да не не мачат да ги шмекаме на празно тие што се актив и тешко се познаваат, а после што сакат нека си прават.
     
    На Redzepe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    :) Може стварно да нема никаква врска детето да си е топ ок, да во срцето си носи една девојка што не може да ја има, па што ќе му се сите други. Има машки кај кои тоа така функционира :) ццц
    А, хомосексуалноста да, денеска е само разкриена, отворена, што мене и не толку ми пречи, по ми пречи скриената. А дека си постоела ехе од време на антиката имало делење машка љубов пред битки, по битки :) Во средновековието си продолжила и понатаму ќе си продолжи де. Тоа не може да се спречи и не е нешто што може да се излечи, не е де болест, според мене. Не е работата за лекување секако. Кај женските дека е експериментирање која ќе е поголема г’зарка, пак и пред машките, тоа им е чисто, ко’ и сликите што ги редат со ала порно сцени, во купатилцето, над шоља, под шоља, в када до када, на плочки ула ла :). А, па ќе речам, подобро да си знам дека некој е таков, отколку да се себеистражува додека е со мене. Како што знам многу разведени такви, кои се самоистражувале пак зад себе оставиле огорчена сопруга и деца.
    А, дечково, мислам глупо е цело друштво да се фрли во оговарање, пак и расправање на темава на форуми, побогу, да си му другарка, секако не ќе го направеше, бар јас не ќе го направев за свој другар, па бил тој нај хомо од сите хомовци, да си вљубена во него и огорчена од тоа што те одбил, прибери тоа егото и не прави му лошо на детето. Терај по патот, барај ваљда ќе најдеш друг. А, каков е што е тој, кога ќе дојде денот ќе се произнесе, само спреми се да не го видиш со девојка :) тогаш нема да можеш да му се смееш, the joke will be on you my darling.
    И не вака за другарчињата, бар во мое време не си правевме вака.
     
    На Phyramide и sesilija им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Има и две деца кои се карактерно различни,а одгледани од двајца родители,но тоа можеш и на хороскопски знак да му го препишеш ако сакаш(условно де),ама сепак сосема различно ги примаат работите од околината и семејството.Има деца од нефункционални семејства кои постануваат некој и нешто,што значи,се зависи од детето.Во голем процент геј луѓето се геј само заради нивните родители.Мајка која е доминантна,строга,па дури и насилна може да влијае врз сексуалната определба на машките.Едноставно да создаде аверзија кон жени кај детето и тоа е тоа.Има многу геј луѓе кои не изгледаат геј на прв поглед ама ич.
    Еве јас си имам другарче гејче.И верувале или не и тој и брат му се геј,а мајка им е медуза лично и персонално.На прв поглед дечките воопшто не се однесуваат така,баш делуваат ко прави мажи и имаме правено муабет на оваа тема,во доверба со детали и сето тоа и сам си кажа дека во голема мера мисли дека е токму заради тоа,затоа што порано имал и девојки,но вика цело време очекував дека ќе направи испад,дека е тешка за одржување,па дури и се плашев од неа,а додека за разлика од мајка му,татко му е срце човек и секогаш ги штител...логично и едноставно.Ај да не се отварам,кај е и што прави во животот,ама да знаете каков дечко има...му завидувам! :D
    Кај оние со хормоните и генот,ќе го забележиш тоа феминизирано однесување и интереси,движења,што дури и ние женските не ги правиме,а некои од нив и сакаат да се жени,некои од нив и се травестити.
     
    На Redzepe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Redzepe

    Redzepe Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Акоо до сегаа немал женскаа или немал сексуално искуство со женаа сигурноо е ГЕЈЈ!!
    Но ако имал женскаа немора да значии.
    Имаа и други машкии кои се дружат само со девојчињааа и сее другоо што ги интересира девојчињатаа!
    Сепак ти потруди сее и дознај дали имал женскаа ако ималл до сегаа можешш слободно да си го сакаш!!! ;) :*
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Во маалово имаме дете кое што е геј од кога го паметиме. Уште од деца, кога едвај зборевме што се вика, тоа се фаќаше за шминки, потоа си облекуваше фустани и штикли и сега си е геј, по определба јасно и гласно кажан ко таков цц. И да не кажеше де ние си го знаевме. И мајка му не да не е доминанта жива греотица е. Татко му си е ок нормален човек, ни строг ни лабав, стандард родител. Сестра нормална ама е тој си е таков. :) И да, убави дечки си имаше, бар така раскажуваа тие што го среќавале како шета наоколку. ццц
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Значи Лилит од сето ова можеме дa заклучиме дека тие гејови што се феминизирани се генетски предодредени да се хомо, а оние што се доминантните и кои не се приметува од прва дека се геј, се вештачки настанати како последица на строгоста од мајката? :wasntme:

    Интересно, можеби е така- јас лично не можам да тврдам, тие што ги знам тврдам дека се генетски, ама можеби и твоето држи вода бидејќи тие што ги знам се познава дека се такви, за тие скриените не знам :)
     
  7. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Е да немора да значи ако е имал женкса дека не е педер. еве една слулка за една пријателка.
    Девојчето се заљуби во него , тој и симнуваше звезди, и велеше дека ја сака. Одеа околу 3 месеца, тој си беше таков од времето ( зборуваше смешно, се облечуваше се нова мода нон стоп со женски...) ама ете не покажа некој големи знаци дека е геј. И така еден ден, она го фати со друго машко како се гушкат и што ти знам таму :x Најнормално она му тресна еден шамар, другарките нарипаа а он целио стоеше збунет и незнаеше како да реагира. После кога се смири ситуацијата си призна дека е геј, девојчето плакаше поради тоа што се заљуби во него а тој се обидувал преку неа да сокрие дека е геј.
    Жално за неа а он си изеде котеќ од девојчиња :D
    Ама сега сите знаат и она го преболи има си друг а типчето го изеде најголемио срам.

    Ако мислеш дека е геј, не почнувај да имаш чуства или било што со него, има и други јаки машки :)

    П.С А најжално е: улеваш во диско здогледуваш некој јак типац, бомбона...одеш кај него го заведуваш а тој ти вели дека е со некој. си викаш која е ТАА и кога одеднаш се насмевнува се вртиш и гледаш друго машко. Тој го бакнува него и ти вели на тебе , sry зафанат сум :rofl: е да ти се иде да се фрлиш во вардар :D

    Иначе немам ништо против фер педери што си признават дека се, имам многу пријатели и си ѓи сакам оти се срцки :P
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    А што правиме со оние кои имаат доминантни мајки па си бараат жена која ќе ги раководи цел живот, и доброволно стануваат папучарчиња и безгласни букви во бракот а не хомосексуалци?

    Јас исто велам дека или си од раѓање ваков или онаков, или ич.

    Не верувам а и судејќи според оние моине другари и познаници хомосексуалци, кои не се баш да речам да се бројат на една рака, никогаш немале ерекција на женско дупе. Еве ако е веќе задникот во прашање. Се палат на мажи и крај. Нема тука трт мрт, па ќе се решавам јас сега.
    Тие кои пробале и едно и друго се оние кои се борат самите со себеси и со она што им се случува во телото.

    Вака или онака, ако ги видите да ви нарачуваат шампањац со јагоди или да не ви реагираат на телото, знајте дека станува збор за геј со тапија и тогаш се ставате на страна или пак си честитате за тоа дека го имате ко другарче, што не е воопшто лошо. Освен за време на кавги. Тука јас лично коси кинам затоа што имам чуство дека се карам со ЖЕНА а тоа нејќум ама ич :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Да де тие што си се бараат, не се од раѓање, тие си се би, они би и со женски би и со машки, и така дур да си одлучат, што би они повеќе. Некои дури никад нема ни да се одлучат, зашто бе да се откаже од едно од задоволствата на животот, кога може да ги има двете ццц :)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Благо кажано така е.Затоа долг период хомосексуалноста ја третирале ко психичка болест.У секој случај многу покомплексно е,отколку што нас ни изгледа,сигурно има уште 100 подтипа и причини.

    Кога се запознавме,другарка ми уште се загреа за него.И вика,јас му се пуштам,тој не реагира,ми дели комплименти и му викам добро шо ти е,овој ми вика,ќе разговараме,е шо ќе разговараме де,сакам да те мувам (местозалинкдотематамување :D ),добро ваљда не му рекла вака и и рекол,не,не и оваа добро бе,сериозна врска ли сака мајка му стара.И така мина време и седиме на кафе и овој коментира за мажи,ние се газиме под маса со другаркава и се погледнуваме и така поминува некое време и му викам,абе да ти местам едно девојче (детски муабети,ма да средно бевме) и ми вика,абе...јас не сакам женски. :D Цакан ми е и го гледам ко свое дете!

    Мене ме чудат оние очигледните,отколку овие ваквиве,не знам зошто.Сеуште ми создаваат малограѓанска реакција од типот :o . :D
     
  11. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Па тебе ти се допаѓа мојот најдобар другар :D се шалам
    ама имам ист вавков другар, единствено машко во нашето друштво, и плус слуша само Бијонсе, Риана, Бритни... :?: и јас мислам дека е геј, само нормално не би признал зошто и он несака така да се однесува ама тоа е посилно од него. и да сите ќе го гледаат ко фрик (не дека не го гледаат сега и коментираат дека е геј). Ако сакаш да провериш дали е или не е геј не чекај он да ти пријде направи ти нешто и ќе видиш по неговата реакција. пример другаров мој имаше 3 девојки со кои воопшто не функционираше и сега кажува колку е незаинтересиран за ниедна девока од градов... Може само пеачка да му се допаѓа :|
    јас немам ништо против ваквите,ама глупо ми е кога слушам коментари од другите за него
     
  12. ButterflyWings

    ButterflyWings Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Можеби дечкото е срамежлив,мислам срамежлив во однос на тоа да се пушта на женско,едноставно е пријателски настроен кон сите,треба да се преземи иницијатива па ќе се решат сите дилеми...има таков тип на девојчиња кои што се забавни,но ептен пријателски настроени,отворени се,но сепеак немаат храброст да му пријдат на машко,епа изгледа има и момчиња такви :)
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Настрана тоа дали е геј дечкото од случајов или не, ние тука не можеме да решиме, мене ме запрепастуваат предрасудите кои ги читам во темава.
    На други теми читам ви пречи кога околината зборува за вас, ве оговара или ве осудува, а овде го гледам истото помножено со 200.
    Оставете ги луѓето да си живеат, еве има овде како што гледам форумџики што имаат добри другари кои се геј, па гледајте примери и ако веќе не можете да ги прифатите, не осудувајте.
    Ц ц ц хомофобија на ниво.
     
    На Phyramide, Dgirlll и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    имам другар Геј и го сакам многу многу меѓутоа другарми јавно си се има декларирано како таков така си се однесува и така живее јас го сакам таков каков што е многу е интелегентен и паметен спремен во секој момент да помогне
    овај дечкото шти ти се допаѓа неможам да тврдам дека е геј ама сигурно не е ни некој маженствен и јас делам мислење дека е метеросексуалец сепак истражи девојко истражи
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Аууу колку предрасуди на купче :) . Од првиот пост можеме да заклучиме дека: Вистинскиот балкански мачо тип не смее да се грижи за својот изглед (ако засмрди од време на време уште поарно, дефинитивно не е геј :P ), пожелно е да оди неуредно облечен, да има еден пар чевли и да ги носи секојдневно, по можност без чистење, освен ако анамата не му ги светне, да не ги гледа жените како луѓе (не дај боже да се дружи со нив, цццц, срам да му е), туку само како објекти за сексуално олеснување/репродукција. Понатаму, мора да се лигави по се што е женско, да се дружи со секакви турбофолк мачо типови (никако само со оние кои му одговараат), мора да паѓа во несвест од големи гради (Па мавни еден лајк, мајке ти, би му рекол чичко Фројд ;) ). И најјак аргумент ми е „носи наочари за сонце“ :rofl: . Оф мори мајко...
     
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Мене не ми пречат геј паровите - ми сметаат оние кои упорно се презентираат низ светот, организирајќи паради, манифестации и триста такви транталци. Значи во ред, разбирам, едноставно не го привлекуваат жени и тоа е тоа, нека си биде со маж, нека се сакаат. Или може некој да сака да проба и со маж да види како е, доколку си најде некој што му е погоден за таква работа, негово право. Секој си го живее животот така како што сака. Е, мене ми смета кога упорно таквите геј парови ја покажуваат љубовта во јавност. Мислам дома што сакаат нека си прават, ама на улица каде што врват деца не е добро. Еве мене лично не ми сметаат, ама не сакам да ги гледам! А и општо многу ме нервираат парови кога се налегнуваат на улица, во кафуле и слично. И стрејт да се, се знае каде е местото за тоа - во спалната соба! Ама да шетаат по паради, па уште и голи кога ќе ги видам ми е неубаво. Се смее еден мој другар вика јас сум си партнер со магарето мое дома, ај да организирам парада и да го шетам (ова шала е се разбира). Значи не ми сметаат, ми смета нивното преекспонирање низ светот. И многу славни личности се декларираат како такви затоа што знаат колку е моќно геј лобито низ светот. Едноставно хомосексуалноста сега како мода се гледа, а не како љубовна определба.

    А за тоа дека сега има повеќе - врска нема. Од секогаш имало, само не се декларирале јавно и не споделувале по фејсбук и твитер дека се геј. Ама дека имало, ги имало премногу. Некогаш дури и земале жени за камуфлажа, а си имале и односи со мажи. Хомосексуаноста не е нова, нов е начинот на кој таа се презентира низ светот.

    А за другар ти не можеме да кажеме, има некои кои од километар се познаваат дека се геј, а има некои ама никогаш не би рекла дека се. Може да е феминистично машко, па пак да сака женски, само е таков перфекционист во изглед. Може некој да има типичен мачо изглед, па пак да е геј. Нема правило тука. Тоа само како што ти кажаа погоре со тест можиш да си провериш, ќе се поставиш некако кога ќе бидите заедно, женско си, махери сме ние во такви работи ;) :)
     
    На zhap4e, Phyramide и sesilija им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.565
    Пол:
    Женски
    а ти вака фино лепо да го седнеш и да го прашаш отворено?? Мислам овде ние можеме да си баеме до година дали е или не е геј, ама најубаво ти е да си седнеш и онака ко из пушке : Слушај....., што е финатава со тебе дека немаш девојка до сега. Геј си ?? Не си?? Ако си геј ок не те осудувам само дај бе човек изјасни се. Ја барем тоа би го направила. И секако постави се на начинна кој ќе му дадеш до знаење дека ако е геј нема да го осудуваш.
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Или пак. Пуштај му се, и ако те одбие - веројатно е геј.

    Иначе не би го прашала директно, што ако не е геј и се навреди ?
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Гуглни дали другар ми е геј? Може гугл ќе ти одговори. :tmi:

    што е многу, многу е се извинувам за грубоста
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Абе јас верувам дека не и е лесно на девојкава- ама ние овде не можеме да направиме ништо- никоја од нас нема кристална топка нити е Клеопатра, Балканска пророчица :!: :lol:

    Земаш фино лепо го носиш на забава, играш сензуално со задникот кон него, се триеш онака уз играње и пратиш реакција- ако стои како здрвен и не те прати, му даваш уште една шанса да не е моментален шок и земаш пак ненападно се доближуваш до него (сакаш со преден, сакаш со заден дел :!: ) битно е да осетиш дали кај него има некаква реакција на твоето триење- дали има некаква ерекција или не :emo:

    Ако после сето ова он не сака да те задева да продолжите да играте и не се попалува- тогаш има нешто :geek: - во тој случај му пушташ некој другар за дружење :lol:
     
    На crazylady, nena2010 и LivingGlam им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.