Имам 6 месеци стар црно-бел мешанец. Се роди кај комшијата во двор, јас си го присвоив. Бев денес првпат на ветеринар со него. Се си беше во ред. Дворот во кој што го чувам ми е со куќа во која сум само преку пролет лето и рана есен. Зимно време сум во двособен стан поради парното. Бидејќи мајка ми не е најдобра со здравјето, не сака да го донесам во станот да го чувам во стан. Си има дрвена куќичка со ќебенце, ставена под тераса покрај дрвата за огрев, просторот е затворен од сите три страни така да во куќичката нема шанси да му биде ладно. Арно ама сепак малку ми е жал за него бидејќи е ладно преку ноќ. Сепак секој ден одам кај него да го видам, да се поиграм со него, да му дадам храна и вода, и добро е развиен...и знам дека кучињата сакаат друштво и срцето ме боли што уште не е пролет па да сум таму постојано со него, ама мајка ми никако неќе да слушне да го донесам во станот. А куќата и станот се одалечени 4 километри. Дали е во ред да го чувам во куќичка? Сепак, се навикна на нас, и ние на него, и не би сакал да го дадам на друг.
Многу добро ве разбирам.Разбирам каква е љубовта и приврзаноста кон кучето.Сосема ок е да се чува куче во двор,доколку не е на ланец и има соодветна куќичка.Ако мислите дека му студи,може да се купи облека за куче,или пак некој кој знае да му сплете.Оставете му некоја играчка за да не му биде досадно.
Му купив играчка, секој ден одам да му ставам за јадење и вода, меѓутоа, он е научен да шета. Мајка му беше улично куче, он исто така се шета наоколу кај комшиите, ама пак се враќа. Од вчера го нема, не знам каде е, ама знам дека пак ќе си се врати. Можеби да бев таму и зимно време немаше толку да шета. Можеби и шета оти е сам, ама мислам дека шетањето му е природно, бидејќи е сепак научен на животот надвор. Јас го вакцинирав на ветеринар, му направив пасош. Арно ама сеа некој страв ме фати, не дај боже да направи нешто, некоја белја, јас ќе бидам крив бидејќи јас се водам како негов сопственик. Кучето не е навикнато на домашни услови, улично е, ама бидејќи го храниме уште од мал, се навикна кај нас и секогаш е кај нас, иако често се шета и знае да го снема за ден два. А не би сакал да го врзам, нека си има слобода колку што сака, нека шета колку сака, ама нека знае дека кај мене секогаш ќе има своја куќичка, храна, љубов и грижа, дека секогаш ќе одам со него на ветеринар кога и да биде потребно за него, и нека не ме заборави.
Друже, боље вака отколку на улица да се снебива, без засолниште од киша и снег, без јадење и вода. И јас чувам улично куче во двор, не вржано. Ако ти е ограден дворот, не го вржувај нека трча.
Сосема е во ред да се чува куче во двор. Ние нашето во двор го чуваме, си има куќичка, внатре постелено за да не му е ладно. Живееме во куќа со двор добро заграден. И никогаш куче до сега не сме врзале на синџир, ниту за шетање. Си шета сам каде сака кога сака, но секогаш е тука. Што е до мене сакам да чувам куче дома, но моите не сакаат. Посетувај го секој ден, менувај му ќебенца кога ќе се изводенат да не му е ладно и мислам дека нема да имаш проблем.
Не е проблем и да е врзано, се додека нема каде да се закачи и повреди околу него, и редовно трча, игра со тебе. Секако покрај тоа треба да се изнесува на прошетки и да се социјализира за да не стане плашливо и агресивно. И внимавај секогаш да остане во двор и да не излегува надвор без поводник, доколку излезе само може да го отрујат или повредат (2 кучиња во мое маало отруја во рок од пола година).
Во ред е. Посетувај го секој ден да не е осамено. Шетај го надвор од дворот со поводник, треба и да го шеташ кај што шетаат и други кучиња да си игра и со нив, па од пролет пак ќе сте со него.
И јас мислам дека е во ред да се чува куче во двор се додека добива љубов и грижа. Подобро е отколку да скита гладно и тажно по улица.
Кучето е способно да преживее само ако му даваш храна и вода нема да има никаква штета. И пред се љубов, значи безусловна љубов дарувај му на кучето и тоа ќе го грее.
Да. Јас го вакцинирав и го кастрирав и го чувам надвор под балкон бидејќи е заградено од страните и не му дува, му ставив креветче и старо кебе и тамо си спие зиме лете. Има многу луѓе што велеа дека куче треба да го чувам дома. Ем влакна, ем бубачки...не ми треба тоа. Куче е за надвор особено ако е родено надвор, без разлика што јас си го присвоив и го чував во стан додека беше многу ладно и додека беше многу мал. Сега си нема гајле. Се дружи со другите кучиња и убаво е социјализиран. Некои кучиња што се чуваат дома па не се толку социјализирани.
Да ама да има соодветен бокс да се чисти редовно таму да се шета редовно или да се пушта низ двор, а не низ улица да шета. Редовно да има храна и вода, редовно вакцини прочистено.
Да, па јас живеам со него. Не е сам. Му ја давам слободата да се шета, но пазам каде оди и со кого се дружи. И он ме следи. Не можам до продавница да одам без него.
Не ми е ок на +30 и -10, на снег, дожд и сонце куче да е во двор. Ако се лажеме дека им е ок, тогаш го сметам тоа како барање оправдување за чување во лоши услови.
Ок е ако му обезбедиш соодветни услови за живот и НЕ го врзуваш на ланец и НЕ поминува 22 саати во бокс. И да имаш во предвид дека во јануари и август е нехумано баш, освен ако немаш греење во куќарката и мн. дрва и трева за летно време.
Kucinjata se prilagoduvaat na klimata, sekako moeto prvo ziveese doma so nas, no otkako se od namestajot izgriza doma, otide nadvor vo kukjarkata da si spie. Od togas pominaa 14 god i uste e zivo i zdravo, starec e sega i ne mu e problem ni vo zima ni vo leto. Komsiite imaa malecki kucinja ama gi vnesuvaa vnatre, moeto e golemo e nema gajle. Zavisi od rasata i uslovite.