Вечер сум на свадба па сакав да прашам дали можам да носам вакви црни салонки (без платформ се моите) отворени нанапред За вечер сакам да ги носам па се мислам дали во есен може да се носат салонки отворени малце напред!
Носи си слободно, кај нас и у сандали понаа да доаѓат. Фармерки, палто и сандали (смајли што се крсти)
Овие денови се такви, што ќе видиш од чизма зимска до оние плетени летни чизми човече, абе битно чизма е. Значи секакви типови на чевли гледам низ градов, чизми до над колена, до глужд, патики, штикли, балетанки, летни чизми оние плетенине глупости, а сандала уште немам сретнато и боље. Јас мислам зависи од денот, лично носам патики, чизмички до глужд, пред некој ден кога врнеше чизмите до колена си ги носев, салонки мислам дека е таков период. Фактот што е април не значи дека овде цути пролет, напротив прееска накисната се вратив дома како да е октомври.
Зависи од денот, меѓутоа јас мислам дека сеуште е рано за сандали. Сега е време за патики и балетанки најнормално. Чизми мислам дека не треба веќе да се носат, мислам од оние зимските со крзно, затоа што веќе е пролет, суво е и топло. Меѓутоа, сепак како што кажав, зависи од денот затоа што денес може да врне и да одиме по јакни и со чизми, а другиот ден сончево со тенки блузички и балетанки.
Дали почнавте да носите сандали? Јас веќе 2/3 пати ги облакам, и нон стоп на излагање мама коментира како било рано...не дека ме предомисли, ама пак ме замисли.
Јас облеков за прв пат во саботата , ама си продолжив и неделата и понеделникот и утре ќе си ги носам за на факултет, па топло е што
Абе да беше времето нормално како порано па мај да си е пролет со 20/25 степени, да ќе се рече рано. Ама луѓе времево е спобудалено.
Пупина си носам малце подотворени напред римјанки уште не носам,но треба да почнам да си носам од утре,сепак 30 степени е надвор ќе ми се спури ноџето
Јас во понеделникот носев прв-пат балетанки (оваа година да се разбереме), а за сандали мислам дека е рано.