Зошто мислам дека е рано за римјанки и сандали? Отворен прст е океј, но целосно разголена нога и прсти...не знам, некако ми е рано. Знам дека е топло, но сепак. Јас балетанки за прв пат облеков пред десетина дена, сеуште и палтенце си носам...не можам да се одделам од зимава некако
И мене ми е рано за сандали. Иако кога ќе подразмислам околу матуриве секогаш гледам луѓе со сандали, па ваљда време е. Јас ќе им останам верна на балетанките уште некое време.
И јас се сложувам дека е рано,ама уште веднаш кога се стопли видов еден куп луѓе со римјанки,сандалки.Јас уште ги немам изнесено,си носам балетанчиња,или kондурки отворени кај прстите
И јас давам категорично да, дека е рано за римјанки. Шознам, некако не ми штима кога ќе ги видам низ град со римјанки, цела нога гола а нагоре сако носат со ракави. Што не иде, не иде..
Мислам дека им дојде времето на фустанчињата со цветни и летни дезени, ама мене лично ми е уште ту мач ладно за да облечам и да ми дуФка меѓу нозе. За римјанки не знам, уште немам видено некоја да носи низ град (зборам за навечер), а јас искрено не би облекла ниту денско време, ладно ми е уште, а гледам девојчиња носат. Ако ти е добро, носи си, ич не му ја мисли.
јас мислам дека дојде времето за римјанки, денес излегов со патики и се сварив и од денес само со римјанки ќе шетам
Преку ден секако не е рано, денес беше може 28 степени, што веќе е прилично топло. А за навечер мене би ми било ладничко.
Вака преку ден на 17степени не е баш за капут, а за навечер за искачање минатиот викенд му направив севте на капутат