Секако дека се носи капут.Јас лично преку ден уште не носам,а навечер да бидејки е ладно. И чизмички нормално,без разлика какви се,со волна или без. Се сеќавам минатата година ова време носев и капа и шал,но сега малку времето ни е потопло од лани,можеби не е за капа и шал ,но за капут и чизми секако дека е
Jaс веќе од пред некое време Тимберленд почнав да носам (ако не ме разберете мислам на Timberland boots) баш си купив, па можеби за некое време високи чизми ќе купувам, за снег сега мислам дека се таман тимберлендов
Обавезно, јас веќе неколку дена се спремам, и нонстоп го заборавам да го ставам, знаете, од брзање .. ухх сите носат а ја ваква: аааааааааа и денеска го заборавивв.. Ина4е рано ли е за ракавици!!??
^ Абе девојки зима е, за ништо не е рано. Студи, мене без ракавици рацете ми се камен. Шалот исто така, не сакам да се разболам. Вака ем топло ем моден додаток.
Да! Мислам, ако ти е ладно. Јас уште пред еден месец почнав да носам капут на факултет, па ми се смееја. Ама важно топличко ми беше, они нека мрзнат.
Време за шал, капа, ракавици, капут, јакна или друга зимска опрема е тогаш кога ќе ви пристуди, без разлика дали е тоа крај на ноември или пред нова година, мислам стварно е глупо да прашувате за ова. Што ако некој рече, ауу немој рано е, ќе мрзнеш???
Се носат ли вакви пролетни патичиња? Со исклучок на оние денови кога шиба ветер како лудо и е ладно. Мислам за деновите со прилично високи температури. Мерак ми е да си ги носам, иако мислам дека е рано.
^ Јас не мислам дека е рано. Имаше денови кои памтиме сите беше топло навистина, и по балетанки можеше да се оди. Ова кажувам можеше, оти температурите си го правеа своето, не сметајќи кој месец сме. Еве и денес беше пријатно времето, зошто да не. Јакничка пролетна, фармерка и вакви патичиња за мене е совршена дневна комбинација.
Мислам дека не е рано.Имам една школска која што носи ваков модел на патичиња,само што немаат цветен дезен.Обични се.
па денеска топло е можеш да си ги носиш, а гледам полека полека почнуваат да ги носат, па еве и март си оди веќе април иде, ја мислам другата недела да идам на факс со балетанчиња
Имам едни пантолони, свилени или како се вика матријалот незнам.. Слаби се.. Вака само со друг матријал. Дали се носат или е рано уште?