Сакам да носам кошула,фармерки и така малку потенко палто.Да не е рано? Прашувам за палтото,бидејки и каде-каде потенко од јакната.
Не знам, зависи времето. Ако е кај вас 16 степени или ај да кажеме 10 можеби и може, ама кај нас ретко кога сме ги извадиле бундите..
дали е рано за вакви штикли јас имам исти вакви само по затворени од напред имат уште 5 такви ремчиња. Сиви се и сакам да ги искомбинирам со сиво палто кое што си го купив супер ќе биде само си мислам да не е рано, што мислите, инаку да таа забава е дома, некако како прослава за успешно завршен проект. Се мислам незнам што да правам, што мислете вие Spoiler или па да ги искомбинирам со сиви чизми ама ниски се немат ни малку штикличка Ама сум неодлучна
Рано е за сандали, кај балетанки почнаа да се носат сега не па сандали. Мое мислење подобро со чизмичките би ти било.
Јас сакам да прашам дали се носат уште чизми? Или срамота е веќе сакам да носам кратки чизмички деновиве па се мислам
Не е срамота воопшто, јас си носев денес кратки, а пола од колешките беа со чизми до над колено, така да не е
АЈ пред да се устрамам да си прашам, ко пита не скита Дали е време за сандалки? Не скроз отворени, со затворена пета само напред со ремчиња и прстите отворени?
Овде е времево сабота сонце - недела дожд - понеделник сонце.. Време ли е веќе за тенки палтенца со тенки блузи?? Во сончеви денови. Јас во петокот носев само дуксерка.
Рано ли е за светли бои на чевли?!Циклама,тиркиз,зелено?!Сакав денес да си облечам за на кафе сабајле а сестра ми ме премисли...
^ Денес бев излезена и носев розеви балетанки. Воопшто не е срамота. Цел град е во светли бои. Веќе 15 април е.
дали е срамота вечерва да носам чизмички ? би сакала да ми кажете дали е срамота вечерва да носам едни чизмички до глушт за на кафе ?
дали е срамота вечерва да носам чизмички ? зошто срамота,не е срамота да носиш чизмички,како што гледам низ град сеуште се носат знам лани некои до средината на мај носеа чизмички поздрав