1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е можно да се живее само од љубов?

Дискусија во 'Сингл' започната од crazylady, 9 август 2012.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Мислите ли дека може само од љубов да се живее ???
    Дали човекот може само љубовта да го направи среќен ?
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Само љубовта неможе да те направи среќен но без љубов никогаш нема да почувствуваш целосна среќа... ;)
     
    На sweet-star, Tanjamm, Chunga-Lunga и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    ѓабе љубов ако немаш рабирање и меѓусебно почитување а пред се работа зошто луѓе без работа бараат кавги
    поззз
     
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    габе ке ти биде љубов кга ке менаш млеко на децата да му купис или едно пакетче смоко али факт е дека животот без љубов не е убав па затоа јас сум за златна средина малку љубов со малку пари ама за жал нема денес така имаш или пари или љубов ако имас пари немаш љубов ии обратно живот ;( ;( ;(
     
    На Tanjamm и Filiposka им се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    A со што ке се храниме? од воздух?
    Не дека парите ми се важни ама нема да живеам со празен стомак...
    Ако се нема пари ке настанат кавги па ова нема па она нема,и на крај нема потреба да објаснувам што ке се случи.
     
    На Tanjamm, LittleDevil, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Како што вика баба ми: Кога сиромаштијата влегува низ една врата, љубовта излегува од другата. :)
    така да колку што е битна љубовта, битни се и парите :)
     
    На anichka94 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Сите викаат као демек... Ако има љубов, парите мало важат. Ама ако размислиш поубаво, најголемите кавги во семејството настануваат заради парите. И мислам дека е вистина дека се се купува со пари (здравје, среќа, мир).
    Џабе има љубов и хармонија во семејството, ако немаш на детето да му купиш еден сируп пти обична настинка
     
    На sugarlips и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    ^ Пеликунче, види го потписов мој :)
     
    На MotherMonsterI му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    Има еден виц. Се договориле маж и жена кои немале скрШен денар да се земат бидејќи многу се сакале и ќе живееле од љубов. Следниот ден мажот ја гледа жената седната гола на шпоретот и ја праШува што прави а оваа му одговара - Го топлам ручекот.
     
    На Fancy_Nency 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Mногу е неблагодарна оваа поделба на црно и бело- или само пари без љубов, ли само љубов без пари.

    Некогаш мислам дека некоја девојка која нашла било каков човек без амбиции и за кого е јасно дека нема никогаш да стане човек во правата смисла на зборот, ама и се припил на девојката како пијавица и двајцата си направиле некој нивен свет (а вистината е дека некој од нивните ги издржува, додека тие живеат во светот на бајките полн љубов)- таа сама се убедува дека љубовта е најважна, дека парите нема да те гушнат навечер, а всушност самата се лаже и се убедува затоа што се плаши или да биде сама или дека нема да најде никој поасален од тој што ја гушка навечер.

    Јас не велам да се биде спонзоруша, да се трча по секоја цена по пари, сум била со личност која имала многу помалку од мене, ама сум верувала дека има потенцијал и капацитет во него да успее, затоа што сакам амбициозни луѓе, ама кога сум видела дека е лежи лебу да те јадам, а се што збори било само филмови како последица на нешто што го слушал или гледал кај другите, епа тогаш нека ме извини, ама си одам, немам намера да тонам со него.

    Затоа што тоа помирување со судбината е немањето никаква желба да се успее, а тоа е успехот во било која професија, парите- кои се финалниот производ на трудот на човекот.
    Ако си се гушкаме само и си велиме дека ништо друго не ни е важно, си имаме само љубов и така ќе си живееме тогаш се претвараме во едно обично животно со зголемен нагон за секс, затоа што друга занимација нема да има.
    И ако се откажат родителите или некое друго лице кое до тогаш давало финансиска помош, за младите да си се гушкаат навечер и да си живеат само од љубов, е тогаш младите ќе се претворат во ликовите од животните стории кои ги даваат по телевизиите- луѓе без ништо, во домови во распад, да не речам рушевини, а богати со еден куп деца кои ни криви ни должни се родени за мака.
    Бидејќи нивните родители живеат само од љубов.

    Разберете еднаш за секогаш дека не е се така црно и бело и не се лажете самите себе за да оправдате некој кој е неамбициозен и нема цели во животот. :!:
     
    На Dust, Thallia, mims-89 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. LusijanaLusi

    LusijanaLusi Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Колку е битна љубовта толку се битни и парите... :)
     
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Samo za pari razmisluvate? Jas ne procitav nekoja da kaza deka e bitno dvajcata da rabotat,da se sakaat, pocituvaat i da si ziveat srekni. Kolku pari vi se dovolni za da bidete srekni? 1000000evra ili poveke,pari nikogas dosta,zatoa sto apetite se zgolemuvaat,zatoa jas za zlatna sredina da se ima za normalen zivot socineto so mnogu ljubov.
     
    На Fancy_Nency 22, Zvezdicka11, Ane.a и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Лол,DaFuq?

    Никој не рече дека не е важна љубовта ама реалноста е таа,потребни се финансиски средства да опстоиме...ој ти живеј само од љубов..Ке гладуваш?спремен си да си легнуваш секоја вечер и да ти кркорат цревата од глад,да немаш со што децата да ги нахраниш?
    Погрешно си сфатил...и тоа и тоа е важно.

    Убав е ама друго ми беше зборот...И љубовта е важна како што реков,ама дали ке издржиш без јадење тоа е друго :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не е.
    Иако љубовта го разубавува животот, во никој случај не се живее САМО од љубов. А кога сме веќе кај парите, тие се и те како битни, затоа што сиромаштијата е клета работа. Каде ќе се појави таа, веќе нема мирен живот, нема среќа, нема спокојство. Се појавуваат караници, конфликти, многу нормално затоа што секој се бори да опстане, да преживее... Јас не викам дека е потребно којзнае какво богатство за човек да биде среќен, ама без кров над глава, без храна, без сите најосновни и потребни работи за егзистенција, ај да те видам живеј среќно и безгрижно. Во таква ситуација, јас љубовта би ја оставила на последно место.
    И лично не познавам некој таков на кој љубовта му е доволна за да живее, ако има некој таков нека каже слободно.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    @ Pelikuna kade procita deka samo ljubovta e vazna? Procitaj gi poslednite recenici,rekov zlatna sredina!
     
  16. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Абе, љубовта е некако пролазна категорија..барем јас околу мене што знам примероци..се земале од љубов и со текот на годините обврските ги натовариле и од љубовта не останала ни љ..или знам и примери кои се земале и без да се сакаат и функционираат некако..или па се земале млади ради бременост и незнаење што праат...Да случи љубовта и таа да знае да одржи со текот на годините и покрај обврските... деца, безработица..кризи ..некако се повеке ми изгледа како фантазија :^) :^) :^)
     
    На Tanjamm и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    [​IMG]

    А сега озбилно. Абе зошто веднаш како контра на љубов пуцате со пари?
    Не знам дали сте чуле за „цело е кога има се“. Еве да земеме еден сендвич, може и ваков како на сликава, дали сендвичот може да биде сендвич, макар и среќен, ако беше само сланината?
    Ни само од љубов се живее, ни само од среќа, тага, здравје, пари, храна, вода, секс.
    Човекот за жал, не е едноставен а е многу ненаситен.
     
    На M.a.r.i.l.y.n, Unfaithful18, MaggieTatum и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    може во бајките :)
    и така си живееа среќни од љубов, ништо друго не им беше потребно :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тој кој има баланс во животот и од двете (љубов и пари) потребни животни, суштински работи живее среќно. Другото кога е помалку или повеќе изразено, не доведува до исполнет живот.
     
    На crazylady, kate21, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    да,јас верувам во љубовта,
    ама...
    чекај чекај чекај чекај.....мислите само од љубов,без покрив над глава,без пари?
    Па може да живеат среќно до крајот на животот,само ако умрат утре. :lol:
    многу хардкор сум :(

    значи,да почнам од почеток...

    треба во животот да се фокусираме на љубовта,тоа сепак е нешто многу,многу убаво,кога си тажен нема да те прегрнат парите,парите се само обичен лист хартија,да,да,но барем да се има колку за храна,вода,струја :D
     
    На Zvezdicka11 му/ѝ се допаѓа ова.