довербата,почитта,меѓусебната комуникација,обостран придонес во врската,разбирање и интимата ја негуваат љубовта за таа да трае! Мислите дека не се живее живее САМО од љубов?! ДА,се живее! Зашто љубовта не е САМО да сакаш некого туку така колку да се каже ТЕ САКАМ! Љубовта е само едно зборче кое само по себе звучи едноставно и прекрасно но воедно бара труд обврски и посветеност! Запрашајте се што значи тоа САМО љубов!?
Ќе бидам грубо реална-за жал не се живее само од љубов,некогаш се живеело кога акцентот во општеството се ставал на љубовта,саканиот предизвикувал на двобој само да ја сочува честа и почитта на својата сакана,што денес не е случај.Денес е ставен акцентот на парите кои најубавите чувства и вредности во најголем дел ги "испратија" во неповрат.. Луѓето денес (голем дел) се научени да стекнат пари и со нив да си купат задоволство,човек..да си ја "купат" љубовта..
Никогаш не се живеело само од љубов. Таа замисла е толку утопистичка, можеби евентуално во времето на Адам и Ева кога им било доволно да се покријат со смоквин лист, па навистина љубовта и само љубовта ги крепела. Јас верувам во љубов, постојано ја акцентирам, ја посакувам, ја примам и давам постојано, но во текот на овие месеци осознав горчлива вистина - дека и најголемата и најсилната љубов без нула пари нема да издржи и да опстои. Или можеби ќе опстои, но ќе остави лузни и наталожени фрустрации кои ќе пукнат на виделина години подоцна. Прашањето како што одговориле некои претходно е толку нереално и толку неблагодарно за одговор, тоа е како да бирам секс без оргазам или подрум без ајвар. Или жена без цицки. Еве да поедноставнам ќе кажам - можно е да се живее само од љубов, со помалку или повеќе пари. Тоа помалку или повеќе е оставено на секој од нас, да си одбере и реши што и колку му е доволно. Ако љубовта е телото и душата, материјалните средства и сите мали задоволства кои чинат се вените и артериите кои разнесуваат крв и го одржуваат телото во живот и здрава форма, т.е. љубовта. Мене ми е убаво со не толку скапи и големи задоволства, со скромност која подразбира ограничен број излегувања, ограничен број чевли и сите останати тракатанци за дотерување за мојот сакан првенствено, да му бидам налицкана, задоволна, насмеана и убава. Сигурно ако немам пари да си купам обична пудра и ако шетам во партали од пред 6 сезони, нема да се чувствувам самоуверена и среќна, а со тоа и способна да ширам љубов, насмевки, задоволство, ниту ќе поседувам желба и елан некого да правам среќна и да го очекувам истото за возврат. Не знам кој како ќе го сфати ова, зашто е бајаги комплицирано, но еве мене ми е потребно малку, не премногу, НО СЕПАК МИ Е ПОТРЕБНО за да функционирам и го понудам својот максимум. Како и на секој човек верувам. А потоа размислувам - како им е на луѓето кои го немаат ни тоа малку како мене? Како тие успеваат да се одржат во рамнотежа, без излегување, без прошетки, без вечери, обични кафиња, одмори, викенди, мало подновување? Сакате да ми кажете дека секое утро се будат насмеани од уво до уво и скокаат до таван од среќа, само затоа што ги очекува љубов? Со што ја хранат? Ако сакам да поминам скромно, ќе му зготвам вечера на мојот дечко, нема да го изведам во скап ресторан зашто не можам да си дозволам, туку ќе почнам од scratch и ќе направам оброк и вечер за паметење. Но и за тие 5 намирници мене ми требаат најмалку 300 ден. Тоа е поентата.
за џабе не се рекло кога сиромаштијата влегува низ врата љубовта излегува низ прозор. значи не, не е можно да се живее само од љубов, да бидеме реални потребни се пари за егзистенција. сум забележала дека колку и да се сакаме јас и партнерот кога имаме периоди со финансиски потешкотии веднаш се ствараат нервози, фрустрации и карање. така да сакајте се со партнерот тоа може да ви донесе само позитивни работи но не заборавјте дека потребни се пари за да функционирате нормално.
Кога ги читам коментарите идам до заклучок дека секој има различна представа за тоа што е љубовта. За некои тоа е пари,за некои доверба,за некои внимание. Посебно за парите-едно девојче шо иде од богата фамилија нема да гледа со исти очи на љубовта од некоја така поскромно девојче. Јас знам многу примери за некои девојчиња шо не сакат ни да слушнат за некој од село или некој по скромен,одат така на поголемо парче. Без разлика шо некои од тие поскромните се прекрасни момци. Како растеш така кога мислиш на љубов мислиш и на имот,на плата,на тоа дали има или не факс,па каде живее.. Некои жени чекат се од мажите,да ги носат на одмор,да им купат нешо,да платат сметки,да плаќат кога одат у ресторант.. И нормално после кога ќе се каже љубов одма мислата ти иде и на пари. Ако беа жените финансиски обезбедени,и независни немаше така да се гледат на работите. Биди ти независна личност,работи ти,заработувај доволно за себе,снаоѓај се,опстани сама. Нека не ти се појавуват одма пари во умот штом се спомне љубов.
Сигурно дека не може: "ај си се сакаме и ништо друго не ни треба", секако дека потребни се средства за живот, но тука станува збор за амбиција, станува збор за тоа колку е човекот агилен во животот. Според мене, без вистинска љубов во животот ништо не правиш, баш таа ти помага да пребродиш се што ти застанува на патот и доколку имаш вистинска силна љубов и вистинска личност до тебе - се се може (пак ќе ја спомнам амбицијата бидејќи нема од небо да ти падне ништо).. и глупаво е формулирањево "од љубов не се живее", бидејќи се си оди едно со друго. Љубовта е таа која ти помага да успееш, да изградиш нешто во животот. Погледнете го спотов, многу кажува http://www.youtube.com/watch?v=OC0hGoGPMOc
Не е можно- и воздух ни треба Мислам дека нема потреба од многу филозофирање, секој различно ја сфаќа и доживува љубовта И викате ако нема пари ќе има кавги? А ако има кавги нема љубов? Сите во врска се караат Вистинската љубов се ќе издржи. Лично познавам луѓе кои леб и сол јаделе а секогаш се исполнети со позитивна енергија, децата им се мирни и воспитани, садат тутун (сепак бараат решение ) таа оди во црква во кујната работи кога за некој денар- кога за да си ја исполни душата и да помогни! И еве ги и ден денес се заедно!
Пишував реферат, се изнервирав од тоа колкава алчност се провлекува и избришав се`. Може да се живее, да. Само доколку не постоеше парата ко поценета валута од било што и ако багрите не беа спремни преку живи луѓе да газат за да дојдат до нив. Е штом се всели алчноста, исто како и кај сиромаштијата, љубовта ги пакува куферите. Ни премногу не е на арно.
1 - Може само ако има цена... 2 - Може само ако е единствена желба... .... штом има ако... само е под услов и обратно... .... тезава ми е математичка ама е точна... .... Copyright Marley © .... како што сеуште e точно и ова што некад сум го напишал ..: Спојлер
Јас па некако поинаку ја сфаќам темава. Мислам дека не се однесуваше на тоа дека ни треба љубов и само љубов, дека не е поентава на Крејзи за тоа, и живеење во собички по 5 квадрата без леб, туку во смисол дали е доволна само љубовта за да те исполни и да те направи да се чувствуваш добро. Би рекла дека не. И професионалниот успех те исполнува, и дружењето со пријатели те исполнува, некогаш и седењето во сопствено друштво мене ме исполнува, си ги полнам батериите. Ама факт е дека кога си заљубен имаш некоја, хм, како да ја наречам, поголема сила во тебе, ништо не ти е тешко, те тера напред, напред... Дефинитивно љубовта игра голема улога, но не и преголема. Треба сам да си комотен во сопствена кожа, со самодоверба која ти сам ќе ја изградиш а не другите да ти ја подарат, па да бидеш доволно спремен за љубов. Е сега, се во свое време, ама како изминуваат годините, зборувам за 50+, сфаќаш дека сепак, на крај краева ти треба некој до тебе. Сите се скрасуваат некаде, животот минува и никој никого не чека, такви се времињата да секој си прави како што го интересира. Стојам на тоа дека на крај, сепак е битно да се сака и да има некој до тебе... Колку да се клоцате ноќно време, да се дрпате околу ќебето и да се потскарате одвреме навреме.
Секако дека парите се доста важни во животот на секој човек но не значат гаранција за среќно функционирање во животот тука ите како е доста важна љубовта и многу други фактори.Многу луѓе познавам и различни примери ќе споделам неколку со вас: 1.Мои сограѓани имаат пари и тоа многу сопственици се на 3 аптеки во градов имаат голема куќа со куќна помошничка значи живеат како во хотел дојди јади легни стани замини пола свет го прошетаа,но сепак има но во скоро време човекот падна смртно болен има рак на плуќата кај не отидоа во сите светски болници поминаа од систина па до кај ги пратиа но лек не се најде се чека само кога ќе му откаже срцето секако имаат пари но немаат баш се со парите можеби се купува и најскапиот лек но не и здравјето. 2.Познавам и ваков случај во брак беа имаа многу пари и сто сопственици на 4дуќани се во градов но мажот никогаш не е дома само се коцка и од кафана во кафана се додека женатаму не го најде во брачниот кревет со швалерката сега се разведуваат значи имаа многу пари но немаа љубов едно без друго неоди бас така лесно 3.Е а ова животна случка ја кажувам секому и доста ми е жална но убава,моја другарка да речам од средно богато семејство на 17 години се заљуби во еден нејзин комшија но беше доста сиромав ни мајкаму ни татко му на работа живееа продавајки јајца млеко и мачен живот 4 браќа двајцата веќе работеа имаше овај скоро 22 години така преживуваа некако кога разбраа нејзините никако не ја пустаа да оди со него ја тепаа и се живо и велеа не ке живееш од воздух кај онај краварон ке одиш каде под ведро небо ке седите и што уште не девојката со своите родители се преселија во црна гора заминаа и после некое време девојкава без знаенје од родителите со автобус назад вамо и си појде кај него избега бегалка дојдоа одтамо да си ја земат но не таа си остана овде па после некое време си заминаа и тие двајца тамо но со нејзините немаа никакви контакти сега ден денес живеат тамо но имаат сопствен стан лично заработен со пот од момчево кола и доста убав живот изграден на темел од една вистинска и искрена љубов. И љубовта не смееме да ја подцениме и таа има доста важна улога во нечиј живот пред се е здравјето па желбата за работа онај кој е вреден ке заработи има работа за секого само треба желба.
Moze ! ( izvini admin za latinica ako sakas brisi ) Zasto moze ? Zatoa ako e vistinska ljubov taa samata ke najde nacin da najdat dvajcata dovolno pari za da opstanat. Vistinskata ljubov i onaka ne bara luksuz. A toj sto Ve saka ke najde nacin da najde pari i da vi obezbedi opstanok ( ne luksuz ) pa makar i da rizikuva i opljacka tafika a vie ke bidete super cool pa posle ke go posetuvate u zatvor za da go ispostuete mladicot i nema da bidete so drug posto ete toa e ljubov. Ljubovta e vo zrtvata , pomaganjeto i potkrepata sve drugo e matematika... Denes imas utre nemas, bolje da ste so nekoj sto umee da napravi otkolku sto ima , zatoa toa sto go imas se trosi a moze i da ne e negovo pa so toa i da ne bide vase, zatoa najbolje e da si najdete nekoe majstoce so zlatni race, leb ke imate normalno ako vi e toa dovolno
А како? Само од љубов можеш да имаш душевен мир,да бидеш среќен до одредени граници, и ред други работи,придобивки од искрена љубов. Ама што е со сметките за струја?за вода?храна?Со љубов не се плаќаат,ниту со љубов се полни новчаникот. Ајде и да не е се во парите ко што знаеме да речеме,да ги земеме за пример нашите баби,прабаби и прадедовци.Во нивно време речиси сите биле еднакви и парите не биле толку важни како денес.Ама и тогаш само од љубов не се живеело.Ако не оделе по нивите да работат,да си имаат брашно и намирници кои си ги одгледувале,љубовта немало да ги нахрани.
Можно е, една до две недели, потоа организмот нема да издржи без вода и партнерите среќно ќе си дехидрираат... Барем и на другиот свет ќе се заедно, значи и таму од љубов.