Јас сум поделена во врска со ова прашање поради тоа што се оди од крајност во крајност или љубов или пари. Можеби поради фактот што уште како мали во бајките ни раскажуваат за сиромашното девојче што се заљубува во принцот и тој во неа, после тука има нешто збрки (од тие лошите), но љубовта победува на крај и тие си живеат среќно во дворец со слугии и слугинки...со еден збор си го наредиле животот. Ама реалноста не е таква бидејќи приказната започнува од кога ќе се омажиш. Ни случајно немојте да се залажувате дека.ако родителите на маж ви имаат пари, нареден ви е животот...парата се троши, а посебно незаработената како се лизгаа ехеее. Значи да скратам, животот има падови и воздигнувања, вистина со пари е ногу полесен, но љубовта ги прави тешките моменти поподносливи.
Може да се живее од љубов Да. Додека ти е дечко/девојка, додека си седиш дома кај мама и тато и тие берат гајле за тебе, а вас ви останува само да си се љубите. Е после кога си во брак е друга приказна,леле сметка за струја дошла, ау уште 2 памперси ми останале за детето, ај пак и млеко снемало, па и фрижидерот празен а паричникот уште по празен, и се наредиле уште милион други причини што не те оставаат да живееш само од љубов, жално но вистинито
Љубовта за мене е се. Без љубовта, која ја давам и имам од моите родители, сестра и него јас немаше да издржам во овој свет преполн со завидливост и злоба. Отсекогаш моите се бореле за да ни го обезбедат најдоброто и најпотребното. Имаше период кога и мајка ми и татко ми беа без работа, па самите се бореа да најдат каква било работа, и најдоа и работеа било што. Тој период иако тежок тие со взаемната почит успеаа да не пораснат. И што е најважно успеаа да не научат на најважните вредности за човекот. За мене доколку партнерот љуби вистински, самиот ќе направи се што треба за на неговата љубов да и биде најубаво. Еден мини пример. Јас и дечко ми имавме добро платени работи. Но со заедничка одлука се решивме да прекинеме да работиме. Бидејќи сметавме дека можеме повеќе. Не во однос на платата, туку во однос на тоа да бидеме задоволни со тоа што го правиме и работиме. Сакаме работата да ни создава позитивна енергија. Никој не не сфаќа. Јас пак не ги сфаќам нив и нивната медиокретност. Тие се луѓе кои се задоволуваат со просечен живот. Мислат да си ја наредат работата, да најдат некој дечко со пари, да се вработат во реномирана фирма (преку врски и лигавење) и да не создадат ништо друго со нивните ситни умови. Сега на дечко ми од нигде-никаде му испадна подобра шанса и тоа без никакви врски. И јас еве одам по интервјуа и се трудам. Значи човек кој не се плаши од работа ќе ја најде, па макар и да го помине целиот свет. Потребно е само да имаш луѓе покрај себе за кои сакаш да се бориш да живеат поубаво, да ги љубиш и да се трудиш да ги направиш среќни. Од љубовта произлегува и желбата да се направат пари, за заедно со партнерот да живеете поубаво и поздраво - психички и физички.
Прашањето е двосмислено, но не, не може да се живее само од љубов. Ако живееш само од љубов значи дека живееш со неспособен човек кој не постигнал ништо во животот, што воедно те прави и тебе неспособна линост, бидејќи во спротивно би имале и нешто друго покрај вашата љубов. Но, ако ја оставиме настрана материјалната состојба или амбициозноста за успех на човекот во кој сме вљубени, има и многу други работи кои се важни во една врска/брак. Пред се би ги ставила почитта и разбирањето кои во многу случаи не одат во пакет со љубовта. Љубовта знае да биде и болно опсесивна и посесивна. Па тогаш што ни вреди ако некој не сака кога не злоупотребува?! И не зборувам само за физичката или видливата злоупотреба, туку за психичката и финансиската кои најчесто одбиваме да ги препознаеме убедувајќи се себеси дека сме вљубени во личноста, при што ја идеализираме. Од друга страна, љубовта не е единствената работа која ги прави луѓето среќни. Всушност, кога ќе размислам подобро, повеќе луѓе се несреќни од неа и потонати во проблеми. За добар дел од популацијата во светот, успехот е патот до среќата, се разбира на деловен план. Успехот и љубовта најчесто не одат заедно, а за пропаднатите бракови на многу успешни луѓе, секојдневно сведочиме. Сепак ќе речете, нив успехот не ги прави среќни, па постојано се во потрага по љубов. Навидум да, но зошто се тие пропаднати бракови? Бидејќи сепак кога ќе треба да одлучат помеѓу љубов и успех, најголем дел од нив го избираат второто. За некои луѓе ваквите одлуки се незамисливи, но други не можат да го живеат својот живот поинаку. Љубовта е клучна во животот на луѓето, но во никој случај доволна за да се преживее. Не се ова бајки и нема љубовта да помогне да се решат сите проблеми. Време е да се соочиме со болната реалност дека не е практично можно со вашиот принц да си живеете во планинска колиба, среќно до крајот на животот.
Како прво, најлоѓично е дека неможеш да живееш само од љубов Кога веќе ги споменавте парите овде, ќе кажам едно ( ми го кажа еден многу ценет професор од средно): Парите не се СЕ во животот, тие се во се, па така и во љубовта !!! Ако ми ја свативте поентата
според мене од љубов може да се живее бидејки ако имаш љубов ке направиш и можно и не возможно за да имаш и се друго
Ова со многу другари сме го збореле и сите глумат демек парите не се важни. Не е така, еве моите кога сменувале пари се караа нон стоп. Мајак ми викаше по татко ми дека е неспособен да заработи, да се снајде, а тој по неа викаше дека не мо=е сам се да стигне. Си треба финансиска стабилност за нормален =ивот. Треба утре деца да се школуваат, да им се реши станбено прашање.
Во право си, некој што работи може ќе се помачи, ама на крајот резултатот ќе се види. Кога ке видам дечко студент, а девојче работи само хонорарно чат пат за дневница се земале и глумат среќни и веели. Ллееелл си викам дур да се осамостојат две деца ќе им стигнат.И тие луѓе само ќе тонат, затоа што млади рипнале во тавче, ниту отишле нити ќе отидат енкогаш на одмор. Баш секој денар ќе го цепкаат на два дела, и на крај пак ништо.
Не може, ако нема пари неможе само од љубов да се живее, зарем ако има меѓусебна љубов нема таа да се наруши со тоа што се нема пари потребни за најскромен живот.
Да, ама само на филмовите. Во реалниот живот тоа не е така, затоа што во прво време еден месец -два можеби тоа некако ќе опстанува но потоа немањето пари за основни средства налагаат потежок живот, а со самото тоа напнатост кај луѓето, караници за најситни работи и тоа пука. Барем јас така мислам..
Сите ние сме различни различно ја сфаќаме љубовта, животот начинот на живеење. Сите различно живееме, и јас со дел од вашите мислења се согласувам,а со некои и не, бидејки доколку има љубов ке има и сфаќање и разбирање, делење на работата и пронаоѓање на средина во која ке има нормален живот .Ама ајде една од сите нас нека каже дека се во животот и е сервирано на маса м !!!?! Дека има пари колку што таа сака, има дечко повеке од совршен, ја има најголемата љубов, искреност, никогаш во животот за ништо не се мачела да го добие и да го има ... .... дали постои таква ?? Според мене едно гооооолемо НЕЕЕЕЕ . Во љубовта има работи кои секој незнае да ги види, или ги гледа на друг начин. Еве нема да имам пари за луксуз, ама ке имам доволно за живот, па кога до мене ке биде човекот на мојот живот, ке имам ли потреба да размислувам за неостварливи работи !?!??! Една скормна плата, и допушти си колко што можеш. Секогаш знај каде припаѓаш и каде ти е местото, ако бараш невозможно... и не го имаш... знај секогаш ке бидеш разочаран. Па луѓе бре, ние во какво време живееме !!?! Имаме се сервирано на тасна, како им било на нашите баби и дедовци кога се земале само од љубов, живееле во големи фамилии, и им било тешко,а сепак успеале да изградат свој дом, и да имат свое катче каде што доаѓа ден го оставаат на своето потомство. Бидете оптимисти во животот, и никогаш не трчајте по пари, на секој му стои среќата. Бабами секогаш вели : - секое грнче ке си најде капаче позз
Па ако љубовта ви ги рани, школува, облака децата, ви плаќа сметки за струја вода телефон, ви полни ќеси секој викенд во Тинекс Ондак да, може да се живее само од љубов
Нормално дека не се живее само од љубов,но сепак љубовта најмногу од се друго може да те исполни и да те направи среќен
Секако дека не.Факт е дека треба да има љубов, ама како што кажаа пред тоа, кога сиромаштијата влегува од една врата, љубовта излегува од друга. Љубов,страст, се е тоа убаво, ама ако немаш за достоен оброк, ако немаш да платиш сметки, ќе почнат караници и љубовта отиде.Впрочем, ако не можеш да си дозволиш една мала романтична вечера, некоја секси долна гаќа, не зборам за луксуз, туку онака баш пристојно, средно, како ќе си го задржиш мажот? Физички тука ќе е, ама паметот негде надвор. Не е се во материјалното, ама не е се во љубовта.И јас мразам неамбициозни луѓе, што се задоволуваат со малку.Познавајќи се себе, нема да издржам да сум со некој таков...сакам некој што ќе се труди за достоен живот, а под достоен не мислам на тоа само да платиш сметки и да купиш за јадење, и толку од парите, да не можеш барем МАЛКУ да уживаш во животот. За добар живот се е потребно, малку пари, малку љубов, малку слога, разбирање...а денес за жал се помалку го има тоа.Јас ќе си се потрудам да имам се,а дали ќе биде така ќе видиме.Мајка ми ќе каже, си леташ со паметот...ама јас си знам што сакам, и ако не го имам тоа никогаш нема да имам исполнет живот...
Е лесно ќе беше што повеќе луѓе сакаме, толку поголам сума во банка ама не е така Само oд љубов како и да е, не се живее, но од друга страна голема подршка е да имаме некој кој не сака и ни ја дава целата подршка на овој свет за д ауспееме во нешто. Како и да вртиме неможеме само од љубов, ама па и потребна ни е
да, може да се живее од љубов сеа не мислев да се нема за леб да питаш на улица ама колку толку да имаш што да јадеш во фрижидер секој човек различно си го толкува немањето пари зошто на некој начин никој не е задоволен со тоа што го има , што помалку пари толку повеќе скромност и разбирање меѓу семејството јас барем имам парче леб да си ставам во уста колку да ми се засити душичката друго ништо не сакам зошто повеќе сум среќна сеа одколку кога живеев со моите што дека имавме пари ? кога немаше ни љубов ни хармонија све викање нервози тоа е све од РАЗГАЛЕНОСТ!! откако се омажив кога влегов во семејство со 3 собички каде луѓето си го ценеа и последното парче леб што го имаат јас искрено не се жалам на мојот сопруг каде што е израснат во сиромашно семејство и работи уште од дете вие незнаете колку неговите родители беа сложни и се сакаа за жал свекрвата ми почина злато жена(не ми е прв пат да ја спомнам на форумов) немаше ниту една кавга да се слушне искрено мојот маж не знае што е кавга и кога јас ќе почнам малце кавга тој одма бега,сакам да кажам тој што нема пари посреќно живее знам зошто и тоа и тоа сум го живеела така да парите не се од бога дадени според мене , туку љубовта ,сложноста и разбирањето толку имам да кажам
Јас го љубам и си живеам од љубов. Тој не, но би ме сакал убава, згодна, вработена, со дом, автомобил, пари на страна... Се живее само од љубов. Практично, само од љубов кон животов живеам.