Нажалост -НЕ! Покрај љубов треба и разбирање,почитување и денешното нужно зло-парите! Ма ќе се сакаме ние до вселената и назад,ама кога ќе дојдат финансиските проблеми,се ќе започне да тече поинаку! Денес е тоа нажалост така! Ако немаме што да јадеме,не можеме да си дозволиме еден скромен живот,тука ќе започнат расправии,несогласувања,кавги....и се тоа ќе доведе до додатни нервози,кои сигурна сум дека никој не ги посакува! Да,ќе кажам пак,покрај љубовта и меѓусебното почитување,да се има и работа со ете некоја скромна плата,тогаш еден пар кој се согласува може да постигне многу.Но,доколку нема никакви примања,е тогаш....не знам дали ќе летаат срца на сите страни! Денес финансиите се неопходни и тоа е ФАКТ! И да сакам да се средам и да му бидам поинаква и убава-требаат пари!И тој да сака да ми приреди некое мало изненадување-требаат пари! Е па тоа е и интересното во љубовта. А да не зборувам и кога ќе се роди дете,па ќе се формира семејство.Уште не сум до таму со мојов живот,ама препоставувам дека се повеќе и повеќе финансии ќе требаат. Е сега тоа како живееле нашите баби и прабаби,нема да коментирам,зошто живееле во друго време,со поинакво темпо на живот,вредностите биле поинакви.Раѓале по 5-6 деца,ама храната не ја купувале ,туку ја произведувале,школувањето не било морално,а денес е неопходно,затоа не може да се прави таква споредба! И тоа песните што ги пееле од типот:"Ќе живееме во колиба и ќе јадеме леб и сол,само да сме заедно",за денешно време не ми држат вода!
Не само од љубов неможе да се живее.... Факт е дека за се живее убаво мора да се има љубов,внимание,подршка,работа,пари за да се подмируваат с/ки и.т.н ...но само од љубов,не.... Бидејки кога ке се нема да се јаде и плаќаат комуналии,тогаш ќе нема ни љубов...Взаемно одат пари и љубов
Претпоставувам дека само од љубов не може да се живее Еве пример: имам еден комшија,што на млади години се ожени некаде околу 22..имаше девојка од друг град и премногу се сакаа.Таа беше 2год постара од него,и покрај сите противења од страна на неговите и нејзините,тие се земаа..и двајцата невработени,без солидно образование,но битно љубов имаше И нели,тој сеуште живееше со неговите родители,во стан со 2 соби,ама љубовта ја имаше покрај себе И неговите му рекоа дека е време да се осамостои,така да за неполн месец почнаа конфликтите..она сакаше излегувања со друштво,шетање ваму таму,а тој без скршен денар во џеб..караници,полиција секој ден,скоро преку еден ден таа се враќаше кај нејзините ,па се смируваа..тоа беше.. И дојде време за деца,добија 2 прекрасни дечиња,до гуша во долгови..нивните помагаа колку можеа,но и нивните плати беа мн мали..тешко скрпуваа крај со крај И 2пати таа абортираше..замислете и тие деца да се родеа?за овие 2 едвај наоѓаа пари за млеко,памперси,итн Во една прилика дојде девојката на кафе и ми рече дека ако овоа е цената на љубовта,не би ја платила ако има повторно прилика.. Сметам дека после љубовта,најбитен фактор се парите..не дека сум материјалист,ама ако секој ден на врата ви доаѓаат луѓе поради неплатени долгови..не знам уште колку ке може да трае таа љубов
Не... ако некогаш сум мислела дека се живее сум се лажела себеси... зошто? еве еден пример? се сакаме и ке имаме деца кои ке ги сакаме и се плод на љубов но кога тоа дете ке потпорасне и ке посака нешто да му подариме купиме или едноставно дадеме нема да му кажеме сине јас те сакам но чоколадо нема зошто неможам да ти купам и сл...Важно е да се сакаме и разбираме и почитуваме но понекогаш тоа не е доволно...од воздух и љубов не се живее...
Не,неможе да се живее само од љубов.Љубовта нема да ти ги плати сметките за вода и струја,нема да ти купи храна и облека.Љубова не ти носи ни пари.Убаво е да се има љубов, ама потребни се и многу други работи.
Вистина е дека не може да се живее од љубов, но кога има љубов се е полесно. Ова го кажувам од искуство... Ако има љубов полесно се поднесува секој проблем, полесно е да се претрпи криза, а доколку нема љубов, почит, разбирање, тогаш нема ништо.
е да сигурно е така ти имај пари а маж ти секоја вечер нека е по кафани и со швалерки па убаво живеј . парите се релативна работа штета што човечкиот неразвиен мозок не размислува така
Да, љубовта е прекрасно чувство, кое многу значи за квалитетот на животот, ама колку и да сакаме да го прикриваме со розови илузии, реалноста е поинаква. Ако било кој пар, нека се и најзаљубени на светот, го однесат на пуст остров, ама од оние непријателските острови, без храна и засолниште, па за две недели нека постават услов или да останат заедно и да ,,преживеат,, од љубов или да се откажат еден од друг, 99,99% ќе ја одберат втората опција. Човекот не може да поднесе физиолошко-физички болки и страдања, побргу емотивни ќе поднесе, заљубените погледи и фатени рачиња се поневажни од празните стомачиња на скалата на приоритети за одржување, дотолку е едноставно.
Се надевам дека „човечкиот неразвиен мозок“ не се однесува на мене.. Ти не си ме сфатила точно. Се мислев дали да го ставам тоа „само“ и на крај го ставив. Инаку САМО од љубов не може, да се разбереме, а затоа и велам дека тоа е трагично... белки сега ме разбра.. Милсам дека нема потреба од толку нервозирање... Поздрав.
Јас знам дека без љубов многу тешко се живее. А само љубов, нормално дека не е доволна. Доверба, почит, поддршка...
извини ако те навредив , тоа се однесува на сите девојки кои не знаат да ги ценат убавите работи . позз
Не може Не се ни знае дали вечно заедно ке се остане А љубовта е многу важна и прекрасна кога ја имаш вистинската личност. А и треба слога, толеранција, разбирање и ред други работи.. И само од воздух не се живее па тоа е исто. Епа од мене не.
Денес е време на Естетика и материјализам, жалам што е така но тоа е тоа. Во времето на нашите родители постоело љјубов, сите горе доле потекнувале од сиромашни семејства. Стапувале во брак поради лјубовта еден кон друг која ја чуствувале , слогата која ја имале , разбирањето еден кон друг итн. Денеска младите многу брзо се вљубуваат, но тоа трае прекрако. Љубовта не е само да сакаш некој или некоја , туку да останеш покрај него додека му е најтешко да го поддржиш во тоа што го работи , и да се борите заедно низ животот. За да ја одржиме љубовта во Живот потребно ни е од секој зачин по малце . Пари , разбираење, искреност, да ја изненадиме саканата кога таа најмалку го очекува тоа и ред други работи