Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е можно да се живее само од љубов?

Дискусија во 'Сингл' започната од crazylady, 9 август 2012.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто сите сте се фатиле за парите и празниот стомак одма. Па секако дека пaри требаат за јадење, не ќе гризам од тастатурава или да одам да крадам. Темава јас на сосема друг начин ја сфаќам.

    Дали љубовта ви е доволна да сте целосно среќни или ви треба и нешто друго за да ја надополни таа среќа? Под тоа "нешто друго" може да биде било што. Кариера, излегувања секој ден, патувања секој месец, брендирана облека, храна, музика (има музичари кои живеат за музиката и ништо друго не ги прави среќни), спорт, некое хоби итн. А не дека одма спротивност на љубовта се парите. Парите се сосема различна работа од љубовта, немаат ама баш никаква допирна точка. Е сега што во последно време многу е модерно да се поврзуваат е друга работа, ама па тука не се работи за вистинска љубов, туку за интерес. Така што пак вистинската љубов не може да ја поврзете со пари, никогаш.

    Според мене, да, може да се живее само од љубов и да се биде среќен. Мене лично доволно ми е вистинска љубов за да бидам среќна. Ништо друго на светот нема да те направи среќен така како што може љубовта. Парите ги задоволуваат само физичките потреби, а физичките потреби барем мене не ми имаат никаква врска со емоциите и чувствата.

    Со разбирање, почит и љубов може многу работи да направиш и постигнеш заедно со партнерот, а без љубов и разбирање и милиони да имаш нема да уживаш во нив или пак како што има некои кои ги знам и тие многу пари што ги имаа ги расфрлаа натака - навака. Зашто нема љубов меѓу нив, а кога нема љубов, нема и договор меѓу партнерите, нема почит, секој прави што сака, купува што сака, оди кај сака и во таквите бракови двигател се парите. Е таквите кога ќе снемаат пари, немаат веќе што друго да прават во бракот, освен да се разведат. И ете ти ја после баш од кај таквите излегува најмногу споменуваната реченица со која најмалку се сложувам и која страшно ме нервира, а ја прочитав на темава 100 пати: Кога сиромаштијата ќе влезе од врата, љубовта излегувала од прозор. |( Абе ајде, значи ако имате пари имате и љубов, и се' е како што треба, ако снемате пари, толку од бракот.

    Моите се пример за љубов, моите се пример дека реченицава од погоре нема ама баш никаква врска. И во најтешките денови, се држеле заедно, тие денови уште толку ги имаат зближено. Може и затоа јас пред се' ја ставам љубовта.

    Парите никогаш неможат да ја пополнат празнината на љубовта, никогаш. Тоа го знаат само оние кои имаат премногу, а немаат со кого да споделат.

    Е сега очекувам одма некој да ме демантира со она познатото, ама ај со љубов плати ги сметките. Ок, јас не викам дека пари не се потребни, ама не се потребни за вистинска среќа. Сметките со закон мора да се плаќаат, храната ни е потребна за живот, облеката ни е потребна зашто не живееме во пештери... И сето тоа е физичка или законска потреба ама тоа не ве прави среќни, барем мене не.
     
    На Elf, Zvezdicka11, Saki15 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Скроз истото што го мислам ти си го напишала, само што мене ме мрзеше. :D Дефинитивно немам што да додадам. И јас не разбирам зашто овие две работи се споредуваат кога се знае дека нема живот без пари, а што има тука врска љубовта не сфаќам..... И со љубов и без љубов без пари човек не може да функционира, љубовта може да ти биде само светла точка во се тоа. А за оние кои поинаку гледаат на парите, воопшто не ги ни поврзувам со темава, така да..... :tmi:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  3. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Не знам колку физичките потреби немат врска со чуствата, емоциите, општото расположение. Ако немаш пари како ќе ја задоволиш потребата за храна, за облека, дом и сл. а сите тие потреби влијаат на нашите емоции и тоа како.
    Дали на пример, ако си гладна, ти студи, ти треба сон и што ти уште не ќе те одржи во живот љубовта. :shake:
    Не може да речеме добро мене ништо не ми треба доволно ми е тој што го сакам да е со мене, да тоа е во ред, но во реалноста не е така. Значи на некој му треба повеќе на некој помалку за да биде среќен.
    Се се врте во круг, сите работи се поврзани. Не велам дека парите се поважни од љубовта во никој случај, ако постои љубов, разбирање, парите сами ќе си дојдат.
    :hai:
     
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ама зошто љубовта ја поврзувате со основната егзистенција за живот? Нема врска со тоа.

    Збориме за среќа. За задоволства. Ако јас сега седнам и се најадам не ме прави мене тоа среќна. Туку само чувствувам дека сум задоволила една физичка потреба. Тоа не е среќа што ќе те прати за цел живот. Или ако се стоплам, а претходно ми студело. Тоа е само задоволување на една физичка потреба. Не е среќа. Барем мене не ми претставува среќа. Не ми претставува трајна среќа ни ново парче облека. И тоа е само една потреба, која е неизбежна да ја задоволиш. Партнерот нема врска со ова.

    Среќа за мене е на пример дипломирање, патување на некоја дестинација која ќе ни всади во меморијата трајни спомени, посакувано работно место, некое хоби кое не' исполнува итн, ама на сета оваа пирамида од задоволства мене врв ми е љубовта. Ништо не ме прави среќна како љубовта. Зашто џабе ти е тебе да дипломираш, џабе ти се сите успеси, пари, патувања во животот, ако немаш со кого да ги споделиш на крајот. Се' на крај се сведува на тоа. Ако има љубов, се' се поминува полесно, и беспарица и тешки моменти, а ако нема љубов и за ситница ќе раскинеш или ќе се разведеш. Врти ја како сакаш работата, ако немаш некој до тебе кој ќе те исполнува во секој поглед, се' ќе ти биде половично.

    Малку се работите комплицирани и лесно може да се сфатиме погрешно ама па и секој различно размислува. :)
     
    На Zvezdicka11 и unique7 им се допаѓа ова.
  5. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Точно е се што кажувате, ама темата е толку опширна што може и да се заборавиме од пишување... Значи ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ САМО ОД ЉУБОВ? :!:
    Еден пример, кој во реалноста многу луѓе го доживуваат: Немаш доволно средства да платиш сметки, не можиш да си дозволиш одмори, излегувања, да се подновиш нешто... сето тоа доведува да се појават недоразбирање помеѓу паровите, нервози, нерасположеност... едноставно не можиш да живееш САМО од љубов. Самата ситуација не ти дозволува да уживаш во неа. Нели е тоа реалноста?
    Зборот ми беше дека се си е поврзано едно со друго, но сепак љубовта е движечката сила според мене, не го оспорувам тоа, како што и претходно кажав, со нејзина помош ќе ги постигниш и другите работи... :)
     
  6. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    неможе да се живее само од љубов. :D
     
  7. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    и јас како повеќете порано летев дека се живее само од љубов, дека ако имаш љубов имаш се... ама ете не било така, треба и многу други работи за да биде парот среќен ( зборувам кога си веќе во брак ), не за џабе старите рекле, кога ќе снема пари, љубовта низ прозор бега... пред се потребно е слога меѓу сопатниците, ако го има тоа, се друго се пребродува ;) порано можеби се живеело само од љубов, ама сега не можеш, ти требаат пари за сметки, за да се облечеш, за да гледаш дете, нели си човек па и на одмор да сакаш да одиш, така да кажи речи се се врти околу парите и задоволствата кои можат тие да ги пружат за жал :| знаете само колку е тешко секој ден да јадеш се исто пак исто бидејќи немаш пари за ништо... гледаш детето да има пред тебе се, а за тебе што останало... сега и не дека парите се се, треба да има како што веќе реков слога и да се сакаат партнерите, па да се биде среќен :)
     
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    може..
    само во Серанови :lol:
     
  9. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Ами воздух?
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Може ќе ви звучи малку филозофски, ама да може да се живее од љубов, ама ако таа љубов е кон природата. Може да се живее само од природата, не се потребни пари. Имате еден куп острови каде живеат перфектно здрави луѓе кои се хранат здраво прават разни лекови од кои нема нус појави како од другиве фабрички направените лекови(Која е заинтересирана нека ме контактира во лп знам многу добри видеа кои го докажуваат ова многу сликовито, ама ако ги постирам може да бидат сфатени како оф топик). Да може да се живее во љубов и хармонија со природата. Сепак мора да сфатиме дека и ние сме истовремено и дел од природата и вишок, бидејќи таа фукционирала исто и пред ние луѓето да постоиме, а откако постоиме последниве 200 години, сериозно почнавме да и наштетуваме, бидејќи се однесуваме кон изворите нејзини(вода, гас, нафта...) како да се бесконечни, а всушност не се.
     
  11. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    треба и пари :D
     
  12. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    како ќе живееш само од љубов ??
    без воздух неможеш да опстанеш ниту 5 минути
     
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    На почетокот се сакате, се земете. Во ред е јас не велам дека треба да се омажиме со некого кој не го сакаме, ама пред љубовта треба да биде почитувањето, довербата и тие работи. Но кога ќе влезете во брак, ви се роди едно детенце, сметки едно друго трето сто проблеми е тогаш љубовта ретко каде останува. Во секое семејство има кавги, ама општо гледано се е за пари. Се се сведува на кавги. Реално гледано со пари не може да се купи се ама џабе ми е јас да го сакам мажот ми од тука до небо и назад ако тој е на работа јас дома детето ми се разболе а јас во моментот немам скршен денар за детето на доктор да си го однесам.
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Знаете ли зошто многу бракови се распаѓаат?
    За пари, а зошто?
    Епа се земале од љубов девојката имала се кај мама и тато, а овде од некоја мизерна плата на мажот живее и оп јас куфериштето и ќе си одам кај мама и тато.
    Ова не е генерално во издвоени случаи.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    А сум видела пример кај шо било обратно. Дечкото од побогато семејство а девојката од посиромашно. Девојката немаа многу пари а иако беше возрасна не работеше а откако се фати со дечко и се скапи работи носеше скапи парфеми најочигледно тој и ги купувал. Се земаа демек многу се сакаа тој уште ко беа во врска си одеше со други и таа знаеше ама нејзините родители ја набедуваа да се омажи за него демек имал многу пари ќе и обезбедел поубав живот. Се земаа бракот не им траеше ни 2 години. Тој по цел ден демек на работа од утро до мрак а таа по цел ден дома. Се разведоа незнам точно зошто и на крај таа бремена си се врати кај мајка и и татко и. И сега таа не работи си го гледа детето со алиментацијата од мажот и. А демек многу се сакаа на почетокот.
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Знаете ли зошто многу бракови се распаѓаат?
    За пари, а зошто?
    Епа се земале од љубов девојката имала се кај мама и тато, а овде од некоја мизерна плата на мажот живее и оп јас куфериштето и ќе си одам кај мама и тато.
    Ова не е генерално во издвоени случаи.[/quote]

    А сум видела пример кај шо било обратно. Дечкото од побогато семејство а девојката од посиромашно. Девојката немаа многу пари а иако беше возрасна не работеше а откако се фати со дечко и се скапи работи носеше скапи парфеми најочигледно тој и ги купувал. Се земаа демек многу се сакаа тој уште ко беа во врска си одеше со други и таа знаеше ама нејзините родители ја набедуваа да се омажи за него демек имал многу пари ќе и обезбедел поубав живот. Се земаа бракот не им траеше ни 2 години. Тој по цел ден демек на работа од утро до мрак а таа по цел ден дома. Се разведоа незнам точно зошто и на крај таа бремена си се врати кај мајка и и татко и. И сега таа не работи си го гледа детето со алиментацијата од мажот и. А демек многу се сакаа на почетокот.[/quote]



    Тие не се земале од љубов , самата велиш дека нејзините ја натерале, греота може мислеле ќе се спасат од немаштијата , баш затоа го напишав тоа болдираното има и такви случаеви.
    Тој збеснал од многу пари, како и многу други од било кој пол да се.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Само од љубов не се живее и тоа не е никаква дилема.Секако дека љубовта ќе почне да исчезнува и нема да биде иста како на почетокот ако сопружниците живеат во сиромаштија и не можат да си ги обезбедат ни најосновните потреби.Факт е тоа дека за љубовта нема место веќе кога во фамилијата ќе ојдат финансиски проблеми.Е сега секако дека нема фамилија што не се соочува со финансиски проблеми,зборам значи за голема сиромаштија во која едвај се врзува крај со крај.Може и ќе се случи двајцата сопружници да останат во брак за доброто на децата ама туку веќе нема да биде присутна љубовта.А да точно ги има и такви девојки кои од љубов се мажат во сиромашна фамилија а пред тоа живееле многу богат живот,или обратно.Ама според мене што љубовта не успеала да опстои откако ја увидат економската ситуација на сопружникот,најверојатно ни немало љубов туку само заљубеност.Реалноста е таа бракови најчесто се растураат заради парите,без разлика дали се работи за тоа дека се премногу сиромашни или премногу богати сопружниците.Нема аир ни од многу пари.Тие го поматуваат рассудувањето на сите и не тераат на глупости,во буквална смисла.Така да пари да,но за да си обезбедиш пристоен живот без непотребни расфрлања наоколу,затоа што како што може да исчезне љубовта од преголема немаштија така можа да исчезне и од многу пари и незнаење веќе што да се прави со нив и преголема разгаленост.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Нормално дека не се живее, кога ќе немат што да јадат, ќе почнат да се јадат еден со друг :D
    Љубовта е основа, база, почетна точка, врз која се градат сите други вредности и заеднички цели во животот, ама сама не може да опстане бидејќи љубовта не е само моментално чувство, туку љубовта се дела која се прават еден за друг, се трудиш и обидуваш колку што е во твојата можност да створиш, да направиш, да се движите напред, заедно.
    Секако дека во животот ќе има и лоши денови, тука е љубовта која ќе дава сила да се пребродат тие лоши нешта, ама ќе даде и сила и желба да се пак оди напред, во потрага по подобри нешта, љубовта е движечка сила, и е активна... Ако еден од партнерите не се труди и дава за другиот, тогаш тоа и не е вистинска љубов, бргу ќе изветрее и нема да има ниту љубов ниту надеж, ниту заедничка цел, ниту пари, ниту живот.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    кратко и јасно НЕ!
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.798
    Пол:
    Женски
    За да биде среќен човекот му треба љубов, но само од љубов не може да се живее.