Живот без љубов не благодарам.Живот без љубов непостои ,тоа е само просто преживување или проста егзистенција на телото без суштина каде духот се наога во некој предвкус на пеколот или празнотија мизерија.........
Да, ама не се живее само од љубов. Џабе го сакаш некој, ако за основни работи не се согласувате. - пример
ДА! Кога има вистинска љубов, може да се живее, до крајот на животот! Вистинската љубов значи, меѓусебно почитување, разбирање, наоѓање решение за секое несогласување!! Едноставно, многу тоа годи кога ке го осетиш на своја кожа
Порано кога немав свои финансии и сѐ гледав низ материјалистички пристап одговорот ми беше не. Сега го променив мислењето и велам да. Зошто сфатив дека пред сѐ компромисот е темелник на секоја врска. Слога = љубов = пари.
Ете пошто темата не специфира дали станува збор за само партнерска љубов.. Јас ќе кажам дека ДА, се живее од љубов. Нашето постоење започнало со љубов меѓу две лица. Нашата кариера започнала затоа што прво сме почуствувале љубов кон тоа нешто. Имаме семејство и другари затоа што ги сакаме. Чуваме миленичиња затоа што љубовта спрема животинчето е огромна. Живееме од љубов. Без тоа сме ништо. Не би постоеле.
Не. Љубов и не постоии - мое мислење (за ова дали ќе ме осудите или не ама ич не ми е гајле). Мислам дека зборот љубов е всушност комбинација од повеќе аспекти. Лојалност, доверба, симпатии, страст, почитување, искреност, трпение, поддржшка, разбирање итн итн. Ама тоа дека се живее само од т.н. љубов, не. Каде е почитта, подршката, лојалноста...?
Не, постојат многу други фактори. На темата само љубов и финансии се споменуваат. Не се само тие делови на една врска. Ако под љубов се мисли и на сите останати фактори...тогаш можеби. Се додека партнерите имаат желба и се трудат да створат финансии... не може и без нив секако.
Од љубов не се живее! Колку и да се сакаш со партнерот, кога ќе дојдат тешки денови поготово немање пари почнуваат кавгите. Сведок сум на многу такви ситуации
Мене насловот на темава ми е како за трето одделение. Возрасни луѓе се свесни од што и како се живее., а во тие нешта составен дел е секако и љубовта.