1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е подобро за децата да израснат во град или село?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од k.frosina, 18 мај 2016.

  1. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.365
    Пол:
    Женски
    Ако има ваква тема слободно нека оди во канта.
    Треба да напишам состав за сестра ми за на училиште по англиски јазик на оваа тема и ме интересираат мислења.
    Би можеле да направиме мала дискусија ме интересираат повеќе мислења.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.598
    Допаѓања:
    155.812
    Пол:
    Женски
    Ќе го земам за пример брат ми. Живееме во град. Има околни згради, има паркче и три згради подалеку игралиште. Децата играат во групи поделени, насилни се, сакаат да се фалат за се, се тепаат постојано, многу ретко да играат нормална игра, па ќе лажам ако речам дела брат ми сака да излези со нив. Летово скоро и да го помина в село кај баба и дедо. И таму има игралиште, летно време се берат преку 50 деца (ова е што дедо вели), а за викенди кога е учебната година до 30. И заедно седат од 3 години до 15-6. Сите заедно, сите играат, се чуваат, се дружат, се сакаат и почитуваат. Па немаше сила која би го задржала брат ми дома за викенди или една недела дома. Таму компјутер не гледа, а тука е голем % на компјутер а ако излези во паркчето често се враќа со синејци по вратот, рацете.
     
    На Iva9612, Sara.Be, realGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не постои правило за тоа. И градот и селото си имаат свои предности но и недостатоци. Она што е важно за детето е редовно да шета и во град и во село, да се социјализира и да се дружи.
     
    На mode-kristina, Tanjamm, girl-miri и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    47.661
    Пол:
    Женски
    Не знам за село-град релација ама како дете што цел живот живее во Центар со сигурност можам да кажам дека моето дете сакам да израсне во некоја помирна населба. Ние како деца немавме каде да си играме , цело време мегу коли на паркинг пред зграда моите само си знаат како им било на секој пола саат на тераса да ме довикуваат да проверат да не случајно ме удрила кола некоја. Не сме имале некој маалски живот ниту па големо друштво. Ќе чекаш еден викенд да дојде мајка ти и татко да те однесат до парк да се прошеташ зеленило да видиш. И ден денес кога шетам низ Аеродром им се восхитувам на населбата , една од омилените ми е буквално идеална за живот. Од паркови, од трговски , од макрети буквално се има . Од друга страна предноста од животот во Центар ми била тоа што како дете градинката, основнотои факултетот ми беа буквално преку улица а средното школо на 15 мин пешки. Ја не знам што е тоа возење со автобуси или мајка ми да ме мисли да не ми се деси нешто кога беа актуелни тепачките по автобусите деца кога бевме. Исто кога сум изглегувала во град навечер таксито ми било многу поефтино бидејки се ми било близу а често и пешки сум си доагала дома. Така да тие превозни трошоци многу ми биле намалени во однос на другарчињата мои кои покрај другото за такси имаат давано плус 200-300 денари од искачање.

    Во однос на град- село релација ја веке селава ги гледам како населби не ми се више класични села. Сметам дека и едното и другото е убаво за живот, што знам село можеби има повеке природа во околина, повеке чист воздух,куќа, двор , помирно е , нема голема раздвиженост на луге и коли па со тоа и побезбедно за деца.
     
    На girl-miri, Victorian, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Незначи ако е село па нема интернет и компјутери, во денешно време бар тоа го има секаде,умре времето кога по селата немаше ни телефони
    на брат ти му годела промената,бидејки ретко оди на село,се му е интересно,нови другари
    Кога би живеел тамо би била друга приказна, повторно пред компјутер
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Подобро е во град. Побрзо ќе се социјализира.
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.598
    Допаѓања:
    155.812
    Пол:
    Женски
    @mami blue Не. Не реков дека немаат компјутери, напторив кај вујко ми дома има три лаптопи па има баѓи избор ама децата се надвор, не се внатре. Кога ќе види низ џам кој има на игралиште - секогаш има деца. Децата не седат таму дома (конкретно во селото кај шо оди брат ми зборам, нели да не се сфатиме грешно). И зборам за тие деца и кои живеат таму и деца кои одат таму за викенди/ преку лето.
    Патем и давав личен пример, и не велам не, му годи промената и тоа многу. Патем не оди ретко. Во мои 20 години имам одено помалку од негови 10. Ако не оди еден викенд баба вика „Ах кај е ***, да беше тука ќе не насмееше.“
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Се си има свои предности и маани, само толку ќе кажам, не дека едното е подобро од другото.
    Јас сум повеќе за живеење во град, иако по некој викенд во село чисто за промена не е лошо.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Абе остај ти тоа пак се деца собрани од град дојдени кај некој на село. Кога ќе се разотидат ами децата?
    Јас несакам да чујам да одам да живеам на село. Маж ми има куќа на село и стои празна, ама тоа е село малку отцепено со посебен пат не е баш село кое се наоѓа покрај магистрален пат. И јас му реков на маж ми значи под ниедна точка разно несакам ни да размислувам во ниеден случај да одам да живеам на село. Луѓето на нашиве простори почнаа и од градовите да продаваат се и да фаќаат џаде по други држави, а не пак да оди некој на село да живее. Селата изумреа одамна. Јас би отишла и на крај светот, небитно и би се борела и се, ама да одам на село да живеам не доаѓа во обзир. Значи се друго може, и во шатор ќе отидам некаде да спијам ако знам дека утре може подобро ме чека, од него ли да се забаталам на село. Уште помалце да родам деца таму. Ќе гребам со нокти ако треба да останам во градов или во подобар случај да си литнеме негде :D
     
    На Ance-to му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Да беа нашите села како холандските, да, зошто да не?
    Мирно, тивко, чисто, за мерак.
    Има се, раздвижени се селата.

    Кај нас е проблем што селата се запуштени и без инфраструктура.
    Освен тоа, голем дел од нив се веќе празни или само со стари луѓе.
    Мм има руинирана куќа во Демир Хисарско и со план сме некогаш да изградиме викендица покрај Црна Река, но во далечна иднина.
    Јас би се преселила на старост, заради мирот и чистотијата, а со мали деца, не доаѓа во предвид.
    Да се мислам во кое школо ќе го пратам, па да го мислам дека треба да патува со автобус во секакви услови (дожд, снег, високи температури) - ноу веј.
    Не дај боже да ми се разболи па да треба да возам 40км до Битола до на лекар - нема шанса.

    Сега каде што живееме, имам градинка на 3 мин одење и основно училиште на 1 мин, буквално слегувам од дома и во дворот на школото сум.
    Мислам дека е идеална локација за со мали деца, за понатаму ќе видиме.
     
    На ♡BuBaLe♡, girl-miri, Mr. Right и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Најдобро за децата е да израснат во приградска населба, далеку од бучавата и градскиот метеж но сепак се да им биде на дофат. Инаку ако треба да се бира помегу овие два екстреми, село или град ни едното ни другото не е добро. Градот е загаден има голема бучава, се е покриено со бетон.... Додека пак селото од друга страна има свои други негативности и предности. Но она што е исклучително важно за растењето на децата е да израснат во чиста ментана средина, домот да им биде исполнет со љубов,....
     
    На Ance-to, theowndemon, Gerbera и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    И селото и градот си имаат своир негативни и позитивни страни. Според мене подобро е да живеат во град, но што почесто да одат во село на почист воздух и за одмори.
     
  13. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Во село, ама село во западна Европа или прекуокеанијата. Македонија е доволно никаква така што и градовите немаат скоро никаков потенцијал за комотен живот. Убава држава сме си, ама светлосни години развој ни фалат кон подобро, така да градот како помало зло би го избрала.
     
    На Ance-to, ♡BuBaLe♡ и ЈеленаЏиш им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве една жалосна вистина.
    Пред 5-6 години, во Берово, кое не е село туку мало градче, беа во прво одделение запишани 31 прваче. Цела една генерација од 31 ученик. А да не зборуваме за селата.
     
    На ЈеленаЏиш му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Не е битно село или град е.
    Битни се други работи : внимание, нега, воспитување...
    Колку деца од село или мали места се успешни луѓе...или обратно, колку градски деца се неуспешни во животот.
     
    На Vitaly и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Растење на село, едукација у град, работа на село...
    И вистинкиот/а до вас, непроценливо!
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    И во Полска живеев во село и тука живеам во село, не ми фали ништо. :) Што е битно дали ќе се израснат во град или село? Битно е да се воспитаат на правилен начин а не дали во град или село.
    Не ги разбитам тие што ги навредуваат луѓето кои живеат во село и зошто? причина? Срамота е да си неписмен и некултурен а да се правиш тоа што не си а не да живееш во село.. И не гледам причина зошто не би живеел некој во село во кое има услови за живот, не е ништо срамно тука... :) Ама менталитетот балкански заостанат да ви кажам надалеку се слуша и се прикажува.... :D ^_^
     
    На Sara.Be и КикиМаус им се допаѓа ова.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    има ГРАДОВИ и градови , и СЕЛА и села.

    Да можам да одбирам сигурно ке е некој помал град, или пак село што е во близина на град (до 10 км). Не доага у обзир скопје, детето уште мало да ми се комплексира у школо зошто тој нема ајфон 7 а тројца од оделението имаат. Не доага у обзир ни мало село или некое планинско каде што нема да може детето да оди на спорт или курсеви.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    И ние живееме на село..10км оддалечени сме од градот..Овде у село имаме основно училиште а за средно е у град но сепак има платен превоз за учениците..Но како и повекето ке кажам не е битно дали е село или град битно е воспитувањето дома..А можам да кажам и селата не се како што се биле на времето еве пример нашето село е општина и има и доктор и заболекар и дисконти..Така да не мора да де иде у град..У село живеев и пак во село се мажив..:)
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Блазе си ти,Скопје е луда куќа:|
     
    На *Amethyst* и blessed.an им се допаѓа ова.