1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е тешко да се каже убав збор и што значи тој за вас?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од inimini, 23 октомври 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Дали е тешко да се каже убав збор, дали е течко да се насмее човек неколку пати во текот на денот.
    Пишувајте.
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Ми беше, а веќе не. Мм ме преобрази,или љубовта. Сакам да се смеам и си се смееме мн и тоа спонтано берзпричински. И сакам да давам комплименти и тоа најмногу задоволство ми прави таа искрена насмевка на лицето и тоа кога ќе кажам збор на некој рандом непозна човек со кој ќе стапам во контакт како на продавница на пример. Си дадов завет да го разубавам денот и на некој друг, и можам да кажам дека чувството е бесценето исполнувачки
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Ако сум расположена и ако ми е погоден денот воопшто не ми е тешко да му го разубавам и јас на некој денот. Убав збор не е само те сакам и убаво изгледаш или нешто слично, доволно е да насмееш некого или да му дадеш значење дека ти е важен во животот :) :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Ако навистина го мислам - кажувам убави зборови и давам комплименти, ма воопшто не се штедам. И на блиски луѓе и на рандом непознати.
    Пред некој ден видов девојка со преубава кафена коса, и и' го влепив онака со восхит - девојко, косата ти е прекрасна. :)
    Некако се изненади, ама се насмевна и си кажа фала.

    Не е воопшто тешко да се каже некој убав збор, ако навистина има основа за тоа.

    Мене ми значи многу, еден убав збор може да ти измами насмевка, и може да ти го разубави и најгрдиот ден.

    А страшно ми се интересни оние типови кои не умеат и не сакаат да кажуваат убави зборови, ама наместо тоа се секогаш полни со зајадливи, негативни коментари.
    Како едвај да чекаат да изнајдат некому мана.
     
    На srcekrsacka, Springy, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    :$ Еве Јас секогаш се трудам да им речам убави зборови на луѓето дури и на непознати ! еве работам како продавач идат многу луге но посебно постарите се интересни се нешто се жалат ќе ги утешам понекогаш. И знаете какво е чувството кога некој тетки ке посакаат да ме прегрнат или некои постари луге да ме потапкаат по рамено или да ми ја стегнат раката во знак на благодарност на убавите кажани зборови!
    :tmi: Исто имам приметено дека помладите многу се стегнати и шкрти на убави зборови дури мислам дека незнаат да кажат убави зборови за да утешат некого ! еве гледам ако ЈАС се пожалам нешто керка ми ми викат ,,ШТО ДА ТИ ПРАМ;;??? :$ а ЈАС понекогаш и велам ами керко ич не си некако хумана некако не си ми народна ! , а таа на тоа не реагират .
    Сепак до карактерот е тоа дали некој ке ти упатит убав збор или не !

    :$ еве ЈАС ве молам кажете секогаш по еден убав збор утешете некого затоа што некому тоа може многу да му значит ! :$
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.177
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Убав збор - добар ден, како сте.
    Повели - за било што, кога додавате и соларник на маса некому, е убаво, а не е тешко.
    Благодарам, фала, секојдневно.

    Давам комплименти, убави зборови да ги наречам, секогаш на блиски кога гледам дека за нешто се потрудиле. Изглед, напредок во некоја работа, разговор.
    Понекогаш и за да ги поттикнам да се видат себеси дека навистина во моментот изгледаат - се чувствуваат добро.

    Грдите зборови болат, тоа го научив одамна, иако мислам дека имам уште да поработам на чистење на речникот :P
     
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Па да, сакам да кажам по некој убав збор на луѓето околу мене! Најчесто тоа го правам кога го мислам, односно искрено поделувам комплимент за убавата коса, добрата комбинација, пријатното расположеие, позитивата енергија која ја забележувам кај некоја личност! Сакам да пофалам и да орасположам некој!
    Понекогаш знам да се понудам и за решавање на некој проблем, доколку се разбира сум во состојба да помогна... најмалку што можам да направам е да се понудам да сослушам...односно да поразговараме, ако соговорникот мисли дека тоа ќе му биде од помош!

    Не дека имам заземено таков став кон било кој и не дека себеси би се ставила во ризик за да помогнам на било кој, но убавиот збор не чини скапо и не бара некој посебен напор а е добредојден кај секому! Затоа не ги штедам убавите зборови кога искрено ги мислам и кога знам дека секој сака да ги слушне!

    Од друга страна пак ме нервираат луѓе кои претеруваат со слаткоречиви зборови, ти делат комплименти или те опсипуваат со ,,срценце, душичко, мила си ми, сакам те,, до тој степен се слаткоречиви што буквално ќе те озрачат со лицемерие! Не мора до толку, по некој скормен комплимент или ненаметлива понуда за помош е добредојдена кај секого...
    Убавиот збор ја има вредноста сако кога е искрено кажен и кога не се претерува!
     
    На Theodora и enca.69 им се допаѓа ова.
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Секој ден и велам на мајка ми дека е убава. На неа најмалку штедам убави зборови, знаејќи низ што се поминала и се уште поминува за да имаме нормален живот. И без разлика дали е станата од спиење, уплакана од некое филмче или сме скарани, јас секој ден и кажувам дека е убава. И што и да прави, колку и да сме си лути, на лицето и се развлекува насмевка.

    Убави зборови делам само ако навистина ги мислам. Не дека е ретко, ама иссилено ми е нон стоп да давам комплименти како антички грчки патетичар. И почесто ги кажувам ако видам дека на некој навистина му требаат. На егоисти се штедам, ним и онака егото им е до плафон и не ценат вистински убав збор.

    Знам по себе колку делува глупаво некој да те осипува со комплименти што не ги мисли, искрена насмевка не се задржува на лицето повеќе од неколку секунди. Па се добива ефект на кезачка марионета и потајно знаеш дека е кажано ради реда. Затоа се трудам да зборувам само кога навистина го мислам тоа.
     
    На Strumfeta93, eli25 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Убав збор- не е тешко да се каже.
    Тешко е да се каже -од срце,ако навистина го мислиш!
    Онака-па и нема значење,особено што секојдневно сме опкружени со такви ласкачи и лепи на зборови.
    Едно добар ден,како сте со насмевка барем можете од срце.Благодарам и повелете,навистина мислете ги.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Ако го мислиш од срце и го кажеш со љубов, секој збор го има тоа значење.
    А убавиот кажан збор значи радост, кога ја гледам насмевката на нечие лице и топлината на нечија душа.
    Се водам од еден совет на еден старец кој рекол:
    -Никој да не остане без твојот поздрав.
    Овие зборови навидум прости, имаат огромно значење. Победи се себе си и насмевни друг, иако не ти е до тоа. Едноставно покажи ја љубовта.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Не сум човек кој ласка, тој што ласка во секоја минута ти кажува еден куп убави зборови кои дефакто се фалш, зад кои стои омраза, завист и злоба.

    Кажувам убави зборови кога навистина тоа го чувствувам и мислам, не пречесто, знам да поделам комплименти за надворешен изглед и никогаш не се покајувам и не ги повлекувам доколку тој за мене не го мисли истото. Исто така и за карактерот на човекот знам да поделам комплимент, но по добра проценка и долго размислување и не ми е тешко.

    Што се однесува до мене не сакам многу комплименти да ми делат, чувствувам срам, а кога ми ласкаат чувствувам нервоза и непријатност исто кога се збори обратно особено измислици.
     
  12. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Што значи за вас кажан убав збор-и дали е тоа тешко

    Делам комплименти и кажувам убави зборови само кога навистина ги мислам. Па нема ништо тешко да се каже убав збор на било кој, не е тоа решавање атомска физика :!:
    Сепак еден убав збор ќе те натера на крајот од најгрдиот ден да си помислиш дека вредиш.
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Убаво е човек кога е топло мек и несебеичен. Да кажувам, не ми е преголема гордоста за да не даваам комплименти. Нормално на оние кои заслужуваат и доколку ги мислам, не со цел за да се наметнувам. Луѓе сме, а туѓата насмевка не прави побогати барем мене да...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Крута сум на зборови, повеќе покажувам со дела...Богами треба многу за да од мене се слушне убав збор. (Не мислам на-Добар ден, благодарам и убаво изгледаш, тие лесно ми одат)
    Не дека не ги мислам, туку тешко излегуваат од мене...Не е од гордост или сл. туку едноставно таква сум на карактер од малечка :) Можам некој да го обожавам а не можам да му кажам ни дека ми е мил...барем не со збор, но се трудам (колку можам :D ) да покажам...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Не е толку тешко колку што има себични луѓе, се` што мислат задржуваат за себе, попрво би навредиле некого, отколку да му кажат убав збор и да му ја згреат душата..

    На сите ни значи убавиот збор. Искрениот убав збор.
    И не ми е тешко да го кажам, воопшто. Без разлика на кого и непознат да е, ако сметам дека истиот го заслужува со нешто, зошто да не го кажам?
    Нема круната да ми падне, нити пак бисерот да ми се одрони, а можно е да разубавам нечиј ден и да направам да се почувствува поубаво.

    Убаво ми е кога правам другите да се чувствуваат убаво, а убавиот збор е дефинитивно еден од начините за да се направи тоа.
    Зарем на тоа да почнам да штедам?
     
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Ако нешто ми се допаѓа, го кажувам тоа на тој човек. Давам комплименти, и тоа некако автоматски излегува од мене. Гледам нешто убаво и толку- :o :inlove:
    Ако некој не ми се допаѓа како човек, не мора да бидам иронична или сакрастички настроена. Едноставно стојам подалеку.
     
  17. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Не сум човек што се расфрла со зборови. Ако навистина ми се допаѓа нешто кај некоја личност ке се потрудам таа да го дознае тоа но да правам лице и да се умилкувам- никогаш.
    Многу ми е убаво некој мене да ми даде комплимет макар и некое малечко но да е искрено. Не сфаќам зошто луѓето кажуваат работи што не ги мислат.
    А добар збор од типот на добар ден, пријатно, догледање... На такви зборови не штедам, тоа е чиста култура.
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Не е тешко да се каже, работата е да се мисли...
    Многу ми значи ако е искрен, и ништо во обратниот случај...
    Имам кажано и кога не сум го мислела тоа, не било често, и не сум горда на тоа, ама штачеш, секој бара вистина, а ако му ја кажа, толку од муабетот... :worried:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Па делам комплименти,но кога стварно го мислам тоа,а не за на некој да му се упикувам...според мене не е тешко да се каже убав збор кога го мислиш тоа.
    А сакам и кога мене ми кажуваат убави зборови,иако некогаш ме фаќа малце срам или во моментот не знам како да изреагирам :$

    Се сеќавам пред некоја недела,симпатијава (и добар другар) ми вика ама убаво мирисаш и јас не очекував некој комплимент да ми даде, и во моментот само се заќутев и ми вика фала се вика...и му викам абе чекај сеа сум возбудена што те гледам и се изнасмеавме :D (важно се извадив некако).
     
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Не штедам на убави зборови ич.Кога нешто ми се допаѓа кај некого му го кажувам тоа.Многу сакам да дела комплименти.Чудо кај мене ама повеќе сакам да делам комплименти или убави зборови отколку некој мене да ми даде