Воопшто не е тешко да се каже убав збор (кога стварно го мислиш тоа), зошто би било? Секогаш си кажувам убави зборови за тоа што ми се свиѓа, или на некого за тоа што го направил. Сакам да делам комплименти (и сакам да ми делат ). Не е тешко да се насмее некого во денот, но сепак зависи за кого станува збор.
Iскрено за лјугето сто ги сакам и ме сакат знам и на моја сметка да ги насмеам,да им казам позитивни зборови за нив,да ги направам горди на себе,да се смејат и радуват->сето ова па и многу други убави работи за лјуге сто ги сакам и ме сакат...сето ова за нив иако мозе да казам несто неубаво и за себе само ѕие да се насмевнат и бидат задоволно!. Sето тоа DA!... Nо Aко тие преминуват на искористувајне,лазејне,потсмевајне и незнам усте колку неубаву зборови и дела за мене,,јас тогас знам да бидам друга лицност сто ке ја посакат назад но нема да ја имат. Zато секое несто го ставам на свое. Mене лјубов јас дупло повеке возврајкам. Mене изигрувајне јас дупло повеке ке возврата. Zатоа се на свое место
Кажувам комплимети и убави зборови само кога ги мислам и тоа само на луѓе што ми значат и луѓе што сум ги запознала и сметам дека се достојни за вакво нешто. Инаку сметам дека е бесцелно да давам комплименти на некои што не заслужуваат, можеби ќе кажам што треба да кажам, ама одвнатре ми се лоши и повраќа. И најмногу мразам кога ме тераат да персирам на луѓе што се тешки лицемери.
Мене не ми е тешко да споделувам убави зборови,не ми претставува никаков проблем..го кажувам на лугето околу мене што ми значат,сто ги сакам на било каков начин..сакам да ги расположам,да ги направам среќни... и секогаш споделувам убави зборови,комплименти итн.
не ми е тешко да кажам убав збор, да разубавам нечиј ден со комплимент, да измамам насмевка на нечие лице колку пати и на мајка ми и велам дека убаво изгледа за нејзини годинии имамувам насмевка на лицето гледам колку се мачи кутричка да ни овозможи нормален живот -не е многу по негата и по козметиката за разлика од мене-на кого ли се метнав ваква незнам, можеби на баба ми по татко ми а за добивање комплименти добивам да зависи од кого(познати, непознати) повеке од непознати, и кога сум весела сум постојано насмеана, т.е. блескам се приметува од далеку а кога не ми е денот а нечие зборче ми измамува насмевка е супер, исто и јас кога му го разубавував на некој лошиот дел се чуствувам
Во последно време имам приметено дека многу им е полесно на луѓево да изустат некој лош збор, нечија маана - отколку доблест, или пак комплимент. Мене конкретно, никогаш не ми било тешко да упатам убави зборови, напротив - ми причинувало задоволство. И не ми било многу битно колку сум блиска со таа личност.
Да за мене многу е тешко, зошто по природа јас не сум личност што знае чувствата да ги преточи во зборови. Едноставно не ме бива. За да насмеам некого не се трудам, зошто смислата за хумор не ми е јака страна. Ако некогаш се насмее некој на тоа што јас сум го кажала како шега се чувствувам исполнето и среќно што сум успеала да насмеам одредена личност, а ретко да нема личност што не сака да слушне убав збор. За мене убавиот збор е комплимент, доблест, грижа и сл.
Иста сум повеќе докажувам со дела, начин на однесување, некогаш знам и да ги потенцирам, но ретко. Иако не е тешко да се каже убав збор, поголемо значење ќе има кога тоа е кажано од срце, од душа.Мене ништо не ми значи ако некој нонстоп ми кажува убави зборови, тогаш има сигурно задна намера, а ми значи кога тоа се кажува умерено и искрено, лесно можам да препознаам.
Само кога навистина го мислам тоа. Доколку нешто ми се допаѓа кај луѓето, од се` срце им го кажувам. Некои убаво го прифаќаат, некои го гледаат како лицемерие, во секој случај, споделувањето на нешто навистина убаво е нешто што мене пред се` ми го разубавува денот. Edit За жал, денес дојде такво време што, иако, потсвесно луѓето копнеат по тој убав збор повеќе од било кога, кога го слушаат, не го почитуваат и вреднуваат како нешто искрено.
Секогаш кога зборувам(било што)се обидувам да биде вистинито.За убав збор не ми е тешко да го кажам,ама многу е важно на кого го кажувам.Неможам некој едвај сум го запознала и сега да ги трупам со комплименти..некако не ми иде.. Поблиските обично изобилуваат со комплименти од моја страна..и другите не викам не ама треба навистина добро да си го заслужат.Во овој поглед не сум скржава.Сакам кога на некој ќе му го разубавам денот на сите можни начини.
Па кажувам, порано беше потешко но сега со фејсбукот кажувам често. Дури и кога не го мислам тоа, кажувам. Spoiler имаше една случка...на фб имаше една страница избор за најубаво машко и женско и ја користеа од цел свет луѓе и една ставила слика, и јас и пишав многу убави заби имаш обожавам жолта боја, но таа за жал не сватила и ми пишала фалаа ти. и мојот коментар имаше околу 100 лајкови а нејзината слика 10. и сега другарки нејзини пишале ти си родена само да му го упропастиш денот на некого и во инбокс ми стигна порака..и пишуваше дека таа била болна незнам од која болест и многу се натажив и од тогаш кажувам убави зборови и кога не мислам така. (инаку таа беше негде од америка, незнам точно битно англиски зборевме)
Многу често, без разлика дали на моите блиски или на некој што едвај го познавам... Самото чувство кога на некој ќе му кажеш некој убав искрен комплимент и кога гледаш дека тоа му годи е преубаво, ме исполнува и ме прави среќна затоа и практикувам често да кажувам убави зборови.
зависи на кого... А на фамилија и пријатели и симпатија секој ден ги честам со убави зборови. Но на крајј и јас добивам по некој убав збор
некогаш е тешко да се каже извини,али благодарам и те сакам не И,мислам дека треба се повеќе на вистински начин да ги употребуваме тие зборови бидејќи се многу вредни и ние сите би се израдувале кога ќе ги слушнеме!
Ако го навистина мислам не ми е воопшто тешко. Не умам да глумам и да кажувам кога навистина не го мислам. Со давање на комплимент не е толку битно што ќе го уважиш човекот колку што е побитна насмевката која ќе ја извадиш на неговото лице. Ако мене некој ми каже убав збор, судејќи по негова реакција ако е искрена неможам да ја скријам емоцијата и да не се заблагодарам. Убаво ми доаѓа и ми ја крева самодовербата
Не ми е тешко, ама најчесто од куртоазија, отколку што тоа го мислам. Инаку мене лично не ми значи нешто многу многу, можда затоа и не употребувам
Мене убавиот збор многу ми значи.Еден убав збор може цел ден да ми го сврти на насмевка. Најсериозно. А и јас кажувам убави зборови,и кога мислам и кога не мислам така. Кога не мислам кажувам ако има потреба од тоа,а не за да се умилкувам на некој.Го мразам тоа лижење на г*з!
Не за џабе рекле убавиот збор железни порти отвара. Убавиот збор значи почит. А не е тешко да го кажеш тоа ако навистина го мислиш и чувствуваш
Воопшто не, јас сакам да им укажувам на моите блиски дека ми значат и дека ми се посебни. Не форсирам, не се преправам, не извртувам, ако немам нешто убаво да кажам преќутувам. Ама сакам да им делам комплименти на луѓето кои ми се добри, па макар и на едно здраво да сме биле, се приметило дека сјаат, па зашто плус и ја да не им кажам дека посебно изгледаат Не сум себична на зборови, поготово не кога искрено ги мислам.