.... ...воопшто не ми е тешко да го кажам ама само ако е стварно така...не знаам да лажам,да глумам....не сум љубоморна по природа,не се замарам со други и нема потреба ако нешто убаво ми се случува да не го споделам,или ако сум згрешила да кажам извини,или да подадам рака ако некој паднал,да му помогнам.. ... ...мислам дека токму убавиот збор и златна и железна врата отвора.. . ...ама само ако е кажан од срце и душа....
Кажувам убав збор тогаш кога тоа навистина го мислам, односно кога е од срце. Затоа и ретко кажувам. Треба да ми се насобере љубов и емоција и кога ќе се собере ми доаѓа спонтано и е неочекувано за другата страна. Сепак, јас сум личност која не така често изразува чувства или дели комплименти.
Убавиот збор значи многу за луѓето кои што се едноставни и не бараат премногу од светот и луѓето наоколу. Убавиот збор значи подршка и почит.. значи надеж и позитивност. Еден гест.. еден мал и единствен збор некогаш менуваат многу работи, работи кои ќе ги погледнеме со надеж и со љубов. Никогаш не ми било тешко да кажам убав збор за некој кој тоа го заслужува, за добар и пристоен човек што се труди и живее, човек кој е искрен и трудољубив. Не сум себична, но сум искрена и директна.. секој кој заслужува си го добива заслуженото порано или покасно..
Убавиот збор и железни врати отвора! Значи, многу е важно во животот да знаеме да кажеме убав збор и потребно е да се трудиме тоа да биде почесто.