1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали жената треба да се купи?

Дискусија во 'Свадба' започната од SStasia, 13 октомври 2019.

  1. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Со пријатели мои дебатираме и некако стигнавме до муабетот дали жената е омаловажувана со тоа што треба мажот да плати за да ја земи жената? Дали со тоа на некој начин жената е гледана како второ класен граѓанин? Кажете го вашето мислење дали давањето на пари за жена на свадбите е праведно? И дали тоа што мажот треба да побара одобрение да ја земи жената од таткото е во ред?
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.434
    Пол:
    Женски
    Да.

    Да.

    Не. Не сум стока. Сфаќам некој да сака да прати традиција ама лично мене ми е навреда кога би се мажела да сакат да ме "купат". Ќе повторам, не сум стока.

    Не. Не сум ничија сопственост. Побитно е дали жена сака да се мажи или не, наспроти дали некој ќе ја "дај" јер не можи некој да ја дај оти е чоек, и од таму - ничија сопственост, туку е засебна личност.
     
    На Orthophill, Gosh, eliesaab и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.721
    А каде тоа се купуваат жени?:^) Во Македонија?
     
    На M&M, Јаневски, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    12.749
    Пол:
    Женски
    дали жената е омаловажувана со тоа што треба мажот да плати за да ја земи жената?
    Секако дека е омаловажувана и жената сметаат од страна на повеќето членови од машкиот пол дека е никој и ништо за да се слушаат нејзините потреби и нејзините одговори. И тоа не смее да си го дозволи една жена доколку не се смета самата себе за значајна личност во општеството. И не верувам дека постои таква личност . Да јас знам дека тоа се зборува за купување жена од муслиманската вера, најчесто Албанка, но за мене без разлика на верата и нацијата сепак се тие две различни работи. Едната е верата и нацијата, а втората работа е изборот на жената. Секоја жена заслужува маж, добар, искрен, таков каков што ѝ прилега и секој маж треба да е свесен дека жената не е предмет кој може да се посака и купи со ефтини пари.Туку, жената е таа која е очајна за љубов и среќа во прегратките на нечиј маж, а не играчка за да си прави тој што му душа сака и да ја залажува со парите. Доколку мажот смета дека мора да има некоја жена во животот со која ќе го поминува животот, а не мисли дека околу него нема ниедна жена што ќе му биде домаќинка, го наоѓа начинот во тоа да ѝ дава пари на жената за да ја земе и да му биде ништо друго освен една слугинка.
    Дали со тоа на некој начин жената е гледана како второ класен граѓанин?
    За жал тоа е така ако е гледано од машката страна како што кажав погоре дека е омаловажувана жената од машкиот пол тоа е еднакво со: жената да е гледана како второ класен граѓанин. Зошто? Епа тоа е затоа што мажот се смета за похрабар и поискусен со работните способности на висока позиција и така доаѓа до вреднување на тие негови способности, макар што во никој случај не треба да се натпреваруваат во кој е подобар дали машкото или женското. Едноставно мажите се слепи и проѕирно гледаат низ способностите на жената тогаш, во тие случаи кога се докажува дека жената е непредвидлива и уникатна. И накратко кажано тоа е така од фактот дека мажите се најзастапени во политиката, а жените ги има во многу помал број и ете тоа е причината што е гледана жената од второ класен граѓанин.
    дали давањето на пари за жена на свадбите е праведно?

    Ако гледаме од една страна и подароците се купени со пари, а и добиените пари жената ќе ги потроши во купување нешто за себе или пак некаде ќе придонесе до остварување на некоја цел, на пр: купување стан/куќа, кола и слично. Но, тоа останало традиција и се рекло некогаш дека ако не ја применуваш традицијата не припаѓаш во таа држава. А моето мислење за ова е дека не треба да ги слушаме на никого што рекол, што правел.. Парите претставуваат основниот подарок кој се дава за свечени пригоди. Непријатна ни е работата да ги одбијаме тие што ни даваат пари како подарок, дури некои ќе речат дека е срамота да се одбие.. Епа искрено мене овој би ми бил одговорот за тоа: “А што бе? Парите нивни ли мене ќе ми требаат, доволно е поканетите да присуствуваат и што била таа традиција пари на жената да се даваат. Та парите секој ги заработува и ги троши самиот, не е праведно некој да ти ги даде на готово“ и ти да си помислиш “Еј, готово се збогативме.“Толку ли сме вредни ние жените? За парите да ни се даваат како некој детал кој ѝ недостига на жената?
    Што да правиме, кога таков е овој народ...

    дали тоа што мажот треба да побара одобрение да ја земи жената од таткото е во ред?

    Не е во ред. Жената ако одобрува, та ниту семејство ниту пријатели, ниту никој нема да ја спречи. А семејството најмногу не би требало да негира, па затоа е најдобро мажот и жената да одлучат меѓусебе, а потоа да ги известат сите останати.

    И токму поради оваа тема, што е многу добро поставена и за која многу треба да се обрати внимание најпрепорачливо и најдобро е ние - женскиот пол да се поддржуваме меѓусебе и да не дозволиме такви работи кои ќе ни го извалкаат името и честа.
    WOMAN RULE THE WORLD!!! :!:
     
    Последна измена: 13 октомври 2019
  5. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    12.749
    Пол:
    Женски
    Има жени кои сами сакаат да се продадат едноставно се кажуваат на некој начин дека се продаваат, незнам точно дали има во Македонија, но знам за во други земји имам за албанки слушнато дека се продаваат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Во мојот град се знае за неколку невести Албанки купени од страна на Македонци, а колку ги има за кои не се знае, ехе.
    Колку треба да си неуспех од маж за да дадеш пари за жена, да ја купиш како стока од пазар и да ја толчиш уште толку, мислиш животот малце ја толчел.
    Углавном тоа се самохрани мајки, на раб на егзистенција, колку е сето тоа по сопствена воља или кеф, не би рекла, принудени се дури и на овој чекор само за да имаат кров над глава и јадење на маса.
    Мажите би ги пратила во санаториум на лечење, нема никакво оправдување за таква постапка, да си бил асален сам би си нашол жена која од кеф ќе биде со тебе, без денар да и дадеш. А да, лечење би им препорачала и на луѓето кои не гледаат ништо погрешно во ваквата 'купопродажба '.

    Околу нашите традиции, што да кажам.
    Заглавени сме во минатиот век, ми паѓа незгодно на свадби покрај толку прости адети, а жалното е што они си се смешкаат, снимаат и позираат а не ја гледаат подлабоката позадина на еден обичај од тип на давање пари за невестата, кој симболизира еден мрачен период, за жената нормално.
    туга.
     
    На Lella, mssuniquee, Puffy2019 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    44.037
    Пол:
    Женски
    Почитувам ако на луѓево им се допаѓаат одредени традиции и обичаи се' додека тоа не вклучува понижување на жената.
    Океј ми е ако некоја сака да ја земе младоженецот од дома пропратено со неколкучасовно играње ора пред нејзината куќа, океј ми е ако сакаат и во црква/манастир да се венчаат, океј ми е ако сакаат и свадба во носии да направат.

    Она што воопшто не ми е океј е во ова време да се плука по жената ако не е невина, ако нема којзнае каков чеиз, ако не е заинтересирана да готви/чисти/трчка по маж, деца и свекор/свекрва, да се чека на дозвола и одобрение од нејзините, да се купува од родителите како да е крава на сточен пазар и згора на тоа, ќе се ценкаме. Не поддржувам никаков обичај и традиција што подразбира омаловажување и потценување на нечие достоинство.

    Не знам дали некаде низ форумов или на друго место прочитав дека имало некаков обичај свекрвата да ја „чукне“ невестата од ѕидот или од нешто друго беше, за да била послушна. Чунки куче е ова, па треба да слуша.
    Веќе ништо не ме чуди дури и да е вистина.

    Не знам во кој крај ова го има и најискрено се надевам дека беше една обична глупост напишана од некој само за да ја „потпали“ дискусијата.

    А ако е вистина, не знам кој во случајов е понестабилен- дали свекрвата што верува во ова или па невестата што дозволила некој ова да ѝ го направи.

    Едит: малку истражував, најдов таков пост на форумов, свекрвата требало од шпоретот да ја чукне невестата три пати.
    И ова: „Свекрвата ја пречека со леб и главата три пати и’ ја удри на огништето, симболика да биде верна на куќата и никогаш да не се оддели.“
    http://npmavrovo.org.mk/?p=885
    Мислам дека во многу краишта ова уште се прави.
     
    На Puffy2019, Rama, Kate Rina 93 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Навредливо најмногу што може.
    Какви пари.
    Каков збор од таткото.
    Дали ќе ни ја дадете за снаа, да ќе ви ја дадеме
    Кој дава кој зема бе, ко стока на пазар да продаваат.
    Али најсмешни се жените што уживаат во овие преглупи традиции, "традицијата се поштуе, по тоа сме уникатни, по тоа се препознава секоја земја хехехе"
    Простотилук.
     
    На eliesaab, Puffy2019, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Да и тоа три за сто ако може да се најде. |(
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Wallker

    Wallker Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    Ова се само стари адети или суевериа како ли да ги наречам, претежно доваѓаат од повозрасните во фамилијата, и некој мал дел од младите го сакаат овој начин на курчење (демек видиме колку сум богат) :)
    Јас мислам дека доволно сме возрасни и умни за да се одлучи околу ова, доколку самата жена се чуствува неубаво нема потреба од вакви глупости.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Обичај. Кај другарка на врата јас земав пари, дека таа сакаше а сестра и беше мажена. Повеќе како зезанција го гледав тоа а тие сакаа да го направат. Строга бев:D
    Ништо не мислам иначе, за мене СЕГА и свадба е вишок а иначе јас правев свадба. Не знам оти. Така си мислев дека е ред. Сега само граѓански брак би склучила пред помалку луге. Убаво ми беше а убаво ќе ми беше и без свадба. Пари не замаа за мене ни брат ми ни никој. Немав обичаи.
     
    На Puffy2019, WildMk и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Бракот е една од најстарите установи што поминала низ најразлични фази во развитокот, но истата не секогаш служела за регулирање на половите односи меѓу мажите и жените и за прокреирање на потомството, туку претставувал начин за едно семејство да се стекне со профит и истиот бил поткрепен од античкото законодавство.

    Овој деградирачки обичај потекнува од римското право како најстарата форма за склучување брак, каде жената се купувала per aes et librum. Имено, pater familias на невестата во присуство на libripens и пет сведоци му ја давал невестата на шефот на семејството на младоженецот или на младоженецот лично, а пак младоженецот лично или шефот на семејството ја изговарал формулата на присвојување и му ја давал договорената цена на шефот на семејството на невестата. Оваа форма на склучување на брак се задржала со тоа што истата се претворила во симболично продавање и симболично плаќање на цената.

    Меѓутоа, античкиот период е далечна историја и луѓето, вклучувајќи ги и жените, претставуваат субјекти, а не објекти во правниот систем и човековото општество. Крајно навредливо и понижувачки е да "купиш" или да "продадеш" жена. Како можат одредени општества сеуште да го практикуваат ова без трошка човечност - бидејќи таа жена е нечија ќерка и/или сестра, која има сопствено мислење, чувства, надежи и соништа...

    Но за жал, и покрај тоа што живееме во 21-ви век, овој "бизнис" и во модерно време е сеуште практикуван. Дури и во најразвиените светски држави како САД/Канада се применува "Mail Order Bride" кој претставува еден вид "последица" на радикалниот феминизам во гореспоменатите држави, каде “men who seek wives abroad often explicitly state those women here are not worth marrying because they are too independent, ruined by feminism or fill in the pejorative blank.”
     
    На Ygritte, kalinaka и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Ма какво купување. Глупост на квадрат. Кај мене на свадба немаше вакво нешто. Ниту било каков друг адет.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.166
    Допаѓања:
    26.230
    Пол:
    Женски
    Правев свадба без многу обичаи :D тоа што 'купуваат невеста на врата' ич не се осетив омаловажена.... Не ни помислив на нешто такво... Побитно ми е да бидам испочитувана после свадбата од сопругот и неговото семејство :) и сум (fingers)
    Башка бев бремена и не ме замараа многу вака-така а и си кажав со време дека јас не верувам во обичаите и адетите 8)
     
    На Yowannty, Rama и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.709
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    Порано ги купувале, да.
    Дали татковците пари зимале за нив, дали пари ,,враќале” , дали израмнувале долгови..
    Јас лично некад се понашам ко стока, да.Ама и не се осеќам како таква.
    Против продажба сум на женското тело и во овој контекст, и во проституцијата, и во порнографијата и во робијата со луѓе.
    Нема износ со кој некој би можел да ме купи.
    Да сум живеела во време кога жените ги ,,трејдале” или ќе се убиев пред трејдот или после заедно со ,,маж ми”.
    Човечкиот живот и човечкото тело немаат цена.
    А во врска со свадбениот обичај (гледам и тоа е дискутирано)-тоа кај мене на свадба нема да се случи.Нити кај моите деца здравје Боже.
    Не се слагам уопште со тоа.Ем е безвезно ем е просто.
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Почни од муабетот дека мажот ја "зема" жената. Ретко кој вели обратно. "Ти кога планираш да ја ЗЕМЕШ девојка ти за жена?", "Кога ќе ја ЗЕМЕШ ќе реновираш по дома?", "Кога ќе те ЗЕМАМ за жена, ќе правиме така", итн. Влече корен од на времето кога жената буквално се давала од нејзините кај (не толку) непознат маж/фамилија, без да има таа право на глас да бира. И со најдобри намери, не треба да се користи тој термин и мора да се разбере дека никој никого не зема, две личности решаваат да живеат заедно во ист дом.
     
    На Amellie13, Lella, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.709
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    И јас викам ,,земам” иначе.
    Кога ги зезам другарките за дечковците им викам ,,па нема за маж да го зимаш”
    Тој збор прв ми доаѓа да го кажам.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не ми изгледа понижувачки, затоа што го гледам ко адет, ко уште една свадбена 'игра'.. ко со фрлање букет, сечење торта... Односно, не му придавам никакво позадинско значење.
    Плус, секој може да си одбери какви церемонии ќе прави/не прави за својата свадба.
    Немаше земање од дома за нашата, оти така јас сакав... А сум праела еден куп адети и церемонии, на еден куп различни свадби, и како што реков... нивна работа.
     
    На Yowannty, Rama, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bezimenka@

    Bezimenka@ Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Mene licno mi smeta toj obicaj plati pa zemi a zenata se krie vo iscekuvanje vo soba. Bilo nekogas toa,ima i denes ama ima i takvi shto stojat na vrata i baraat paricki i toa bez oset ti se cini ke se zbogatat. Bev svedok na takvo nesto kaj blizok bratuced,stojat decki na vrata bratucedov dava pari,baraat uste,pak dava pak baraat i taka edno 6-7 pati.. i ocigledno im bese samo do parite i baraa uste,bratucedov na pocetokot aj na shala ama na kraj se iznervira i im kaza deka ke si odi,ja pribra muzikata i i trgna nazad :) koga pocnaa da trcaat site po nego :lol: na kraj se zavrsi dobro ama nemase potreba od takvo preteruvanje.
    Jas koga pravev svadba nemase takov obicaj zashto ne sakam da se cuvstvuvam kako na aukcija :)
    Ama na kraj sekoj si ima pravo na izbor :$
     
  20. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.306
    Пол:
    Женски
    Некако е утнат насловот на темата за што се работи за адет или за купување жена со пари ? Ако е за адети тоа кој што сака го прави јас ништо од адети не правев а ако е жена за пари тоа го прави сиромаштијата знам луѓе од македонија што имат земено жени за пари од албанија па си живеат убаво. Не е таа животно да ја продават да не е но таквите да ги прашат дали ќе го направат тоа пак одговорот е Да зошто тоа им е единствен излез од сиромаштијата. А кај нас не знам немам слушнато дека има вакво нешто кај нас седат не се мажат чекат принцови и принцези и богаташи. Кај нас е полошо се продават секој ден на различни
     
    На moon1 и Rama им се допаѓа ова.