1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали жената треба да се купи?

Дискусија во 'Свадба' започната од SStasia, 13 октомври 2019.

  1. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Тремата ја отворив за адети и обичаи како што се барањето на невестата од таткото и плаќање за да влезиш во соба да ја земиш и дали тоа е навредувачки, а во однос на земање на жени од Албанија воопшто не се согласувам, можиш да земиш жена без да ја плаќаш, не ја плаќаш жената туку "сопственикот", односно таткото
     
    На Rama, Belabelinakinder и Mantub им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Плаќаш за предметот на продажбата, а во случајов, тоа е жената.
     
    На Someonespecial, dayla, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.308
    Пол:
    Женски
    Затоа треба да се напише адет земање на невеста зошто погрешно се коментира јас немам ништо против адети се дава пари колку за адет ама има и такви будали што барат многу пари така кај едни роднини бара многу а овие парајли и му ја скршија вратата а други па се пазареа затоа се изнервира и си замина па да видиш после како се молат сватовите да се вратат. Затоа се дава до три пати колку што сакаш
     
  4. Juccy

    Juccy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    323
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А бе жено ај не туку комплицирај. Никој овде не збори за ИЗНОСОТ на пари што требало да се даде. Туку дали треба да постои таков глуп адет кој потекнува од времето кога стварно биле нашите баби и прабаби продавани ко стоки. Тоа што ти немаш ништо против нас ни е гајле. Овде не збориме колку пари требало. Ако не ја сфаќаш темата прочитај два пати пред да коментираш. Немаш ништо против пошо си израсната во патријархат и прифаќаш да си под мажот. Колку сакате зборете после како вие сте почитувани во бракот. Во такви адети кои симболизираат третирање на жената ко овца не смееш да уживаш, туку да се осеќаш неудобно. За вас почит е ако одите двајцата на работа, кога ти идаш од на работа правиш ручек цела година и за 8ми март он ќе ти направи тебе ручек и ќе се фалиш колку тебе мажот те поштуе. Не зборам конкрено за тебе да се разбериме пошо не знам како ти е тебе дома. Али ваквите муабети "адет и традиција" ги прават жени што немаат појма што значи почит. Што се задоволуваат со трошки
     
    На Gosh, Briar Rose и Asparagus им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Оваа практика сега е позната како традиција бидејќи претставува симболика на дел од античкото законодавство што се однесувало на брачното право и истата манифестира белези кои насочуваат на обесправената положба на жената во човековото општество низ историјата

    Ова е вид на култура која Англосаксонците не сакаат имигрантите од понеразвиени или традиционални/религиозни земји да ја донесат во нашите држави. Затоа доселениците често се бунат и не обвинуваат дека ги присилуваме да се асимилираат на западната култура - бидејќи не разбираат дека концептот за "bride price", дури и да претставува само симболика или традиција, сепак на индиректен начин укажува на купување на човечко суштество.

    Секој маж кој вистински ја почитува жената во човековото општество никогаш не би си дозволил да учествува во ваква мизогона практика која ја намалува вредноста на луѓето да биде еквивалентна на предмет или стока...
     
    На Oxymoron, Anabelle.Amorette, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Ах ова модерно време, па на се наоѓаме маани.
    За адети, кој сака како сака нека прави. Ако го сакам тој адет, и го договорам, како е омаловажување??? Омаловажување е само ако нешто правите против своја воља. Се друго не е, зошто сами сте се согласиле.
    Не ме купија со пари, со чоколадо и аналгин ме купија. Па не сум омаловажена. Попочитувана сум од оние што не ги купија.
     
    На moon1, Rama и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  8. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.308
    Пол:
    Женски
    Грешка си разбрала се изгледа ти, јас ниту правев свадби и адети ако те интересира, изгледа ти немаш појма што значат адетите секоја една што правела свадба со адети според тебе значи не знае што е почит? Така испаѓа работата кај се најде само тебе да те почитуваат ние другите телина сме :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Јас свадба не правев само венчавка во црква и крштевка на синко со мажот ми не сакавме свадба јас ни бел фустан не облеков ни па бидермаер имав ни па адети правев и не ги понижувам тие што прават не ги нарекувам прости ни па овци .А мажот ми ме почитува и да ти кажувам нема да веруваш така да малку пазете со коментарите .
    Може да кажете дали сте за или против
     
    Последна измена: 15 октомври 2019
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    За адетот глуп ќе пишувате страни и страни, а за насловот глупав? „Дали жената треба да се купи?" Многу оригинално, на што и да се мисли.
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.308
    Пол:
    Женски
    Епа и јас се прашувам па испадна дека сум проста :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Како ке знам ја колку ме сака ако не плати? Ако даде малку ке се искомлексирам дека не вредам, а толкава жена сум. :worried:

    Па и моите, нели треба да се офајдат? Еее, 30 години ме ранеле...
     
    На Anabelle.Amorette, smooch, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Секако дека треба да се купи, инвестирале толку во тебе. Ама и ти да се покажеш дека ќе бидеш вредна инвестиција, што ќе си му некому толкава жена ако немаш скилс, да готвиш, да метиш, да имаш некој придонес во малото стопанство;)
    Помислив темава е мотивирана од некоја реална случка во реално време во Македонија.
    За адет купување на невестата знам и не знам што да мислам. Адет ко адет, да има некоја содржина свадбата. Иако не е изолиран случај во МК свадбите, и во некои европски традиции постои како некој рецидив од минатото, повеќе во форма на театар за забава на гостите
     
    На Yowannty и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Дечки, тоа со купување на невестата, т.е давање на ситниш пари на оние кои стојат пред врата на невестата, е стар обичај и не е морално да го практикува оној на кој му смета, мислам дајте, што ви смета ако некој на врата за вас или било која друга жена ќе даде некој денар, се тоа е симболична сума, но постојат и такви кои без срам упорно се туркаат пред врата и бараат уште повеќе, тие се мизерни во случајот|(
    Постои и друг обичај каде што невестата вели дека чевлите и се големи кога ќе и ги даде деверот, и деверот мора три пати да стави пари и потоа таман и се чевлите на невестата, и што сега невестата го оштетува парично деверот во случајот, или деверот ја купува невестата, што прави?:D
    Во многу краишта кога кумот и другарите го бричат зетот и тогаш пари оставаат сите гости, некаде и во ресторани кога честат бонбонче по масите гостите оставааат пари за младоженците, некаде и кога влегуваат гостите на врата стојат девојки и им ставаат мал ситен детал на рака или на облека и гостите пак оставаат симболично по некое денарче...има милион обичаи поврзани со плаќање пари кај нас, ова чисто за споредба дека се купувала жената и се понижувала8)

    Да, и јас сум против давање илјадници евра за купување жена од таткото, ова во случајот како што прават кога одат Албанија мажите и преку посредници плаќаат за жена...некој спомна зошто тие мажи едноставно не си нашле самите жена, а дали можат да најдат не е важно, оти сакале да верувате или не страшна е бројката на луѓе во "одминати" години, кои не се способни да се снајдат од разни причини, многу од нив се од рурални средини и не ни излегуваат да се запознаат со некоја жена...така да, крај краева добро и што постојат тие од Албанија, многу мажи си создадоа фамилија со нив, ексик и плаќање и се...
     
    На Yowannty, moon1, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека најомаложуваниот ден на жената е на нејзината свадба облечена во бело што значи невиност а и пред тоа е имала односи, како второ купуват ја на врата како животно мош типично не ја купуват ама ај традиција тоа е многу просто според мене и таткото да му ја дава на мажот како крава да дава друг сопственик да има. Наслово ви е дно дна, можелое со други зборови
     
    Последна измена: 15 октомври 2019
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Тоа со плаќање на врата за невестата повеќето го прват за зезање, и нема потреба толку длабоко да се навлегува во тој чин, бидејќи се дава ситнеш и останало како традиција.

    Додека жените муслиманки, не зборувам само за жените од Албанија, туку општо, скоро 90% од семејствата ги продаваат и тоа по странство или кај нас за некој по богати за вртоглави суми на пари.
    И всушност мажот кај нив што ја зема жената, му плаќа на татко и за тоа што толку години он ја издржавал и чувал.
    Е од ова бев згрозена, а за ова кај нас што е плаќање на врата како што кажав повеќе го гледам како зезање и традиција.
     
    На Yowannty и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  16. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против адетот затоа што е игра-не се купува жената реално, туку се глуми купување. Плус не потсетува на тоа време кога жените навистина ги купувале со пари затоа што не треба да заборавиме како живееле нашите претци и со што се соочувале. Да не е адетот не би ни знаеле. Тој факт ќе беше запишан во некоја книга која ретко кој би се заинтересирал да ја прочита. Со тоа имитирање на продажба, ние всушност лошиот обичај го преобразуваме во игра и шала. И добро е тоа што обичајот прераснал во игра, глума и шала - еден вид мала претстава. Да се невредиш од ваквото "купување" е бесмислено. Тоа е исто како глумецот кој треба да одглуми негативна улога да си сфати дека во реалниот живот е негативец и злобен човек.
    Значи не ги гледајте толку површински работите.
    Нормално дека сум против вистинско купување на човечко суштество, ама малку лоша глума, зезаење и смеење нема зошто да ми сметаат, напротив.
    Плус 99% се искажаа дека таков адет немале. Е како уште се прави адетот? Јас не сум била на свадба без таков адет, а само летово бев на 5 свадби. Ете тоа ми е најсмешно на форумов: никој од вас не (би) простил неверство, никој од вас нема тајни пред мажот, никој не лаже, сите сте брутално искрени... епа добро, каде се тие што простиле, што излажале, што имаат тајни... мислиш форум на светици. Глумење светици е полошо од глумење дека те купуваат. Светици и ангели можеби има само на небото, а тука на земјата, а воедно и на форумов - само обични смртници и грешници.
     
    На Miss666, Bezimenka@, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.308
    Пол:
    Женски
    :clap::bow::clap:
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Убаво реков јас дека позадината и поврзаноста е таа, иако некои пробаа да негираат.
    Како може да ви е ок, да правите шега и театар од трагедии од минатите векови ?
    Таква трагедија верувам дека ја има задесено, поединечно, секоја една наша баба или прабаба. Еве мојата баба со првиот маж била омажена на сила. Немало ни пари тоа време, дал нешто стока и ја зеле баба ми.
    Да е жива и да присуствува на мојата евентуална свадба еден ден, треба да се ругам на нејзината мака и да се смејам додека даваат пари за мене, а она плачела?
    Глупости живи.
     
    На Amellie13, Mantub, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  19. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ок. Тогаш ако некој маж во животот те повредил, немој да гледаш филм со таква содржина. Ако некој нема мајка, нека бега што подалеку кога ќе види мајка и дете, оти ќе биде повреден и ќе се потсети на својата загуба.
    И да, не читајте вицови, бидејќи тие најчесто се создадени за да направат шала на сметка на одреден тип на луѓе и стуации карактеристични за нашето општество. Може да се пронајдете себе или некој свој близок и да излезете повредени.... немам коментар :x
    Ама ок, секој со своето мислење. Како му е убаво - така. Некој свесно за пари се продава и убаво му е па што?
     
    На Snowflake97 и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Буквално купување жена - пари на рака, Мара за рака, е крајно деградирачки.

    Ама, адет си е адет.
    Глупаво е да се бара било каква позадина. Едноставно ај да престанеме да пееме за тешките времиња порано за да не ги потсетуваме старите како им било многу мачно, а тие се најсилните и најтешки песни што ги имаме па да ги секнеме, или ај да нема филмови за војни оти нашите дедовци и прадедовци така израснале, или чим така не одете на одмор веќе во Турска, и да си го откажете турското кафенце, оти ја памтите Цвета? И што се дешавало на жените под турско, чим така се омаловажуваат бабите нели.. Мислам... анализиве ви цутат.

    Секако младите решиле да се земат и без тоа. Тие адети се дел од нашата историја, како и се погоре што додадов. Фала богу, веќе ништо од тоа не е наша реалност и можеме слободно да правиме забава од истото, гледајќи свадбен албум на меден месец во Бодрум, уживајќи во турско кафе со локумче.
     
    На Snowflake97, M.B., joy1 и 2 други им се допаѓа ова.