1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали жената треба да се купи?

Дискусија во 'Свадба' започната од SStasia, 13 октомври 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.686
    Допаѓања:
    116.530
    Пол:
    Женски
    Глупав и деградирачки адет.
    Жената не е ни стока,ни предмет па да се купи.
     
    На Anabelle.Amorette, smooch, Briar Rose и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.308
    Пол:
    Женски
    Едно прашање ако е глупав и навредлив зошто скоро сите од младите го прават тој адет? Дали бабата на некој ќе се навреди ако го прави адетот ајде прашајте и кажете па после ќе дебатираме . Еве јас не правев свадба и сега да не одам на свадба или да не ме канат за да не се навредам глупости
     
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Бреј ама пример даде.
    Зборуваме за колективна трагедија, а ти минимизираш со тоа што го сведуваш истото на банален хипотетички пример што благе везе нема.
    Па уште рече адетот постоел за да сме се потсетувале како било порано. Зошто побогу би се потсетувале на таков ужас и деградирање, на нешто кое длабоко во минатото треба да остане, па уште и пред мали деца, кои гледаат како мажот мора да даде пари за да ја земе жената. Ептен убаво и поучно.
    Демек денес знаеме подобро, а уствари е иста приказна но во попрефингана форма.
    Друго, зошто селективност ?
    Ајде за да не се заборават стари трагедии, да се исмејуваме со холокаустот, со црнечкото робство, со убивањето на женски бебиња, со мажење на девојчиња со старци, со невиноста на жената прикажана на бел чаршаф ?
    Зошто да не ?
     
    На Oxymoron, Amellie13, RoseRain и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ни адети со ваква симболика (од самото „ja dadofme“, до давање пари и триста чуда) не ми се допаѓаат и не ги поддржувам, скраја да е па некогаш на моја свадба такво нешто. Не гледам тука ништо интересно и забавно за едуцирани и еманципирани луѓе. Споредбата со историските филмови е скроз ирелевантна, филмот е едноставно реална слика за минатите времиња и го гледаш (надежно) со неодобрување за овие ствари, а овде ги славиш и ги претвораш во забава обичаите со таква симболика. Од „адет си е адет“ си патиме, tradition is just peer pressure from dead people и од неа треба многу да се селектира само она што е чисто од било какви конзервативни вредности.
    А да, поминале времињата на потчинета позиција на невестата/снаата, уживајте си, затоа се полнат темите ко снаи vs. свекрви/золви, потоа за тоа дали и колку мажената жена е пожелна во родителскиот дом откако веќе „ја дале“ и колку наследство ќе ѝ следува ко на жена, па и за семејно насилство итн.
     
    На lovestoneddd, Amellie13, Cinnamon Bun и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Премногу сериозно си ги сфаќате тие обичаи и адети па дури и сериозно дебатирате, као демек ете готово на врата му дале 5 евра и ја купил за 5 евра. Абе што се замарате при толку сериозни теми во светов.
    Па уште и невестата ја потчукнуеле од шпорет да била мирна. Ова прв пат го прочитав тука :D
    Па има адет и невестата пешкир да врзе на родно дрво за да била плодна. Еве, ја префрлив само немав време да го врзувам, и тачно било :D Маж ми преку златен прстен го гледав кога дојдоа по мене и беа надвор, ама заборавив тоа за што беше, онака се зезавме, да испочитуваме традиција.
    Да знаев уште некој адет ќе го практикував.
     
    На moon1 и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.259
    Допаѓања:
    166.146
    Aj сменете наслов на темава да знаеме за што станува збор, и за што се расправа(ме).
    Мислам, купување луѓе е кривично дело ваљда, адет е нешто сосема друго.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.686
    Допаѓања:
    116.530
    Пол:
    Женски
    Нели треба да е битна само љубовта помеѓу двајца?
    Не е исто да купиш чадор или вол и жена.
    Ама,не,некои од пусто Турско нејќат да се откажат...
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    За каква купопродажба зборуваш објасни и само турците ли тргуваат? :D
    Нешто преку фактура, фискална? На страна адети и обичаи.
    А тоа ако некој "купил" жена од Пустец, се разбира дека не е од љубов (иако не спорам дека љубовта може да се појави покасно) и ако таа жена пристапила на тоа "купување" само за да избега од таму, тоа е нејзин избор.
    Постојат и бракови за документи, каде што еве на пример нашинец оди во Германија и си "купува" жена за да се стекне со државјанство по некое време а таа глупача се продава, врска нема. И така. Различни ситуации а вие генерализирате и поврзувате со нешто што било пред илјадници години.
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.686
    Допаѓања:
    116.530
    Пол:
    Женски
    Во сите ситуации е лошо.
     
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Проблемот со тие кои ја поддржуваат оваа традиција и не гледаат ништо лошо во неа, само покажува дека постои голем недостаток на информираност/едуцираност за ситуациите со кои се соочуваат жените во различни држави низ светот.

    Не треба да бидете ограничени и само да гледате како се одвиваат работите во вашата држава, туку да се заинтересирате како концептот за "bride price" е манифестиран во остатокот од светот.
    Можеби во МК, овој концепт генерално преминал во традиција и симболика, но во државите како Индија, Гана, Камбоџа или Нигерија, концептот за "bride price" сеуште се сфаќа доста сериозно.

    На пример, во секое племе во Гана, мажот кој сака да се ожени мора да плати за невестата, било парично или преку други предмети и тоа претставува интегрален дел од традиционалната брачна церемонија, иако во последно време постојат и модернизирани фамилии кои не го бараат овој трошок.

    Во Нигерија пак, оваа традиција е уште поригорозна и луѓето воопшто не ни сакаат оваа практика да престане бидејќи се гордеат со нивната култура и сметаат дека луѓето во Африка не треба да ги копираат Европјаните и Американците и поради тоа плукаат по модерното општество кое ги третира жените како рамноправни со мажите.

    Од друга страна, во Америка или другите англосаксонски земји, воопшто не се практикува концептот за dowry или за bride price бидејќи луѓето или никогаш не слушнале за нив, или пак доколку слушнале, сметаат дека е крајно деградирачки и не сакаат да имаат таква традиција во нивното општество.

    Во Америка доколку родителите на невестата му побараат на Американскиот младоженец да плати bride price, истото ќе се рефлектира негативно врз тоа семејство, заедно со губење на многу општествени вредности како почит, одобрување или социјален статус. Со други зборови, ова воопшто не се практикува во англосаксонските општества, ниту пак се поддржувани на било каков начин бидејќи се смета за навредлива, примитивна и деградирачка практика, дури и да е само претставувана како обична традиција.

    Всушност, кога ќе направам споредба на тоа во какво општество сум пораснала на запад, за разлика од луѓето кои цел живот живеат на Балканските држави како Македонија, сфаќам само колку драстично се разликуваат мислењата за оваа практика, па и целиот менталитет, генерално зборувано...
     
    На BoneMachine, Oxymoron, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Тие народни заебаванции кажуваат најголеми мудрости...
    Reverse деградација е во прашање во секој случај а во ред е да се направи муабет со Тате.
     
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Ајде беее, да не скокаме против адети?

    Па адет порано било и сватот да ја проба прв невестата, или па свекрвата да присуствува на прва брачна ноќ, па не гледам дека и тие адети ги правите. А да не правам муабет шо невинини сте само у ушето, па у бело се прчите.

    Али адет, јбг.

    Него поарно жената да се продава сама, ете спозоруша да биде, него ли на врата да прават сакате ли војска браќата и таткото за да ја шитнат, оти така она си ги зима парите шо со ги заработила со нејзината пи*ка.
     
    На Herrera, Oxymoron, Briar Rose и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    За овој обичај имам слушано дека се практикувал кај муслиманите, не знам дали уште им е обичај. Тоа веќе не е обичај туку мрдната работа. Исто и ако жената останела вдовица ја земал некој од браќата на умрениот маж. За свекрва на прва брачна ноќ исто обичај кај муслиманите.
    "А да не правам муабет шо невинини сте само у ушето, па у бело се прчите" Ова на што се однесува?

    Е сега околу проститутките и нивното продавање, тоа си е веќе професија за кое треба да се издава фискална. Тука е запазена волјата на двете страни.

    И пак ќе повторам, премногу сериозно сфаќате некои обичаи.
    Едно е да се коментира симболично обележување на обичај сосема трето е да се коментира за сеуште актуелната практика во Индија па и во некои африкански и арапски земји каде што е дозволено да се имаат повеќе жени, на жената да смеат да и се гледаат само очите, да бидат каменувани ако случајно и несакајќи погледнат кон некој маж. Тоа се веке крајности кои не можат да се вбројат под темава и треба посебна регулатива за истите.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    И мене ми е глуп и понижувачки овој обичај ама у споредба со реалните проблеми е минорен . Кога ќе размислам боље е адетов да се практкува по свадби неголи "јас брат не сакам традиционални работи ама кога ќе дојдам од работа ако нема ручек на маса ќе ја вратам кај нејзините"
     
    На Angie1432 и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Сега тука ви е понижувачки и деградирачки адет ако на врата платат за вас, а не ли ви е понижувачки што прв критериум за избор на партнер е што барате дечко со многу пари, со кола, со куќа/стан.
    Па тоа е поголемо продавање, отколку ова.
     
    На black-angel, Belabelinakinder, hellocity и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Мислам дека насловот е малку грд.
    Иначе, адетот купопродажба на невестата е традиција и сеуште се одржува.
    Не е ништо срамно, така било некогаш и сега се прави повеќе како атракција.
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Тоа дека прв критериум на жени за избор на партнер е маж со МНОГУ пари и кола/куќа/стан е шовинистичка бљувотина што ја користат мизерни инцели за да се утешат дека никоја не ги сака. И е срамота што и некои жени ја шират истата.
     
    На SuperGirl24 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Не е шовинистичка бљувотина, туку е реалност, освен ако не живееш во друг свет.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  19. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    А зошто сметаш дека во уметноста (литературата, филмот, театарот, па и сликарството) нема пародии на сè ова што наброја? И тоа во школо ги обработуваат на 16 годишна воздраст. Ама ок, не знае секој.
    А зошто не покрениш една иницијатива за децата да не ги учат предметите Историја и Македонски јазик и литература? Војни, трагедии, драми и пародии се изучуваат. (facepalm)
     
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Хаха и од бубрег ке се отакажат ама од турско никако