Да како ај неможам да си купам кола, стан тоа е машка работа па ај таков ке си најдам и после понижување епа ке бидете понижувани и заслужувате прво немате самопочит.
Зошто „многу" ти е со големи букви? Оти ако не е баш многу ок е? Какви инцели, демек они измислија мажење за подобрување на финансиска ситуација Од постарите околу тебе, од барем една тетка или стринка немаш слушнато -да си најдеш некој со куќа и убава работа да не мора под ќирии да седиш и да се селиш ко...? Инцелите се криви.
Марјан Георгиевски ти е аргумент за реалноста и во кој свет живееме? Факинг Марјан Георгиевски и неговите несмешни пресмешки, при крај на 2019? @Bridget па тие се истите тетки највозбудени околу глупавиве обичаи, за од помладите зборев кој труе со муабетиве и зашто се дно. Ама само ти продолжи очи да вртиш, тоа го знаеш најдобро.
Ме мрзеше да објаснувам на што конкретно целам, па ми текна на ова и по брзо ми беше ова, отколку да пишувам реферати.
Не, ќе чекaм ти дa прoчитaш некoј нoв изрaз нa стрaнски фoрум и дa не "прoсветлувaш" тукa сo муaбети стaри кoлку бaбa ми oблечени вo нoвo рувo.
И за адет само да се работи, малку ми е језиво тоа давање пари за да ја земат невестата. Порано било сериозно и не било смешно како што им е сега на многу луѓе. Претпоставувам овој адет е останат од турското, како и некои други. Во мојов крај вака оди тој адет: Доаѓаат сватовите и деверот оди кон собата каде чека невестата. Пред врата стои братот на невестата (за тие што немаат брат не знам, најверојатно братучед или друг близок од машки род) и деверот треба пари да му даде за да влези и да ја „земи“. Потоа и ги дава штиклите/чевлите на невестата да ги облечи и таа треба 2-3 пати да речи дека и се големи за тој да остави во нив пари и да се таман. Како и да е деверот се троши тука. Не би сакала ваков адет на моја свадба. Лично ми е понижувачки, потсеќа на времето кога навистина ги продавале како стоки, што и на многу места уште се применува за жал. Ниту некој ме зема, ниту друг ме дава. Ама на кој како што му е убаво нека прави.
Адет како адет. Сите се безвезе ако ме прашувате мене. Го правев овој адет на свадбата моја, не се осетив деградирана. Не ми треба мене ниту адет, ниту муабет од проста раја, ниту некаква потврда од околината за да знам колку вредам. Ако сакате да направите промена, почнете од суштински работи, а не од преиспитување на банални адети од памтивек.
Мене на мојата свадба"ме продадоа" со песна. Наместо пари, брат ми побара од деверот да запее за да влезе во собата каде што бев јас.