Во иднина кога ќе сум во фаза на оформување семејство, сакам и очекувам подеднакво да сме посветени со идниот сопруг. Ама не и двата ќе готвиме, и двата ќе чистиме, туку прво ќе правиме тоа во кој некој е подобар, па после во тоа што не сме подобри. Во секој случај да правиме се само приоритетно. Има дури работи, како сега дома, кои не сакам никој да ми гиба. Абе се ќе делиме за чистење, ама аквариумот јас ќе го бришам по три пати на ден сама и пајажините од ќошовите. Има некои работи кои многу ми сметаат ете ... И не верувам никој да ги прави додека јас не си ги направам. О.о
Оваа кампања беше она што ме поттикна за темава. http://prizma.mk/skandalozna-kampana-za-emantsipiranite-zheni/
Сега ги слушнав за прв пат рекламиве. Имале идеја и сакале да доловат некоја поента, ама толку лошо го извеле сето тоа. Погрешен избор на зборови, на песни, на примери, лош хумор... Крајниот резултат е страшен.
Прочитав за рекламиве, и иако како жена која си ја обожава својата кариера и работа не можам да се сложам со нив, на некој начин има зрнце вистина во рекламиве. Иако они тоа многу лошо и погрешно го склопиле. И јас имам впечаток дека жените денеска се малку поагресивни во комуникација и во начинот на живот, а мажите малку попасивни од генерациите порано. Само еден пример ќе земам за агресијава: женски домаќински муабети групата на фб. Мислам некој прашува за конкретна информација, и имаш после 300 мислења од жени кои го судат животот на тој што прашал. Во однос на машко-женскиот однос, мој впечаток е дека жените денес се поиницијативни, похрабри и поснаодливи, полни со идеи и планови, а мажите - принцези со посебни потреби, кои си бараат жена-мама. Едните влијаат на другите и обратно. Мислам дека порано било поразлично: мажот бил оној со иницијатива, кој освојувал, а жената била попасивна. Во однос на мајчинството: не дека не се заборавило на мајчинството, туку и се претерува. Мислев дека овие генерации мајки ќе бидат помудри од тие претходно во однос на тоа да ја поддржуваат повеќе независноста на децата, а тоа што го гледам е обратно скроз. Мајките денес се окупирани со децата, со здравјето, со храната, презаштитнички настроени, и мислам дека тоа произведува генерации на размазени и неснаодливи деца.
Баш супер тема. Жените се предоминантни и губат женственост, да можеби, али шта чеш, кога денешниве мажи се п**ки (со извинение на изразот). Шала настрана,јас се согласувам дека не треба да се оди до крајност, треба да се прави баланс, пошто реално денес има некои жени што стварно сакаат да бидат како мажи, а не знам зошто Не треба претерување. Лично јас, би сакала да остварам некоја кариера, да оставам трага, да сум задоволна со својот живот и нормално да бидам финансиски независна, се разбира со уживање и во семејство и во социјален живот. Не осудувам жени што сакаат да се домаќинки, секој си го реди животот како што сака. Ама кампањава е нешто тажно за 21 век, премногу дрско, со погрдни зборови и дискриминација. Не им личи на Сити и Метрополис, можеле нивната порака на многу поразличен начин да ја пренесат.
Да потполно се согласувам со темата и со мислењата, многу психолошка тема, и сватив дека повеќе од случаите во Македонија повеќе родителите им тежнеат на ќерките што треба да прават и како, на пример син да отиде у Америка со песна ќе го испратат а ќерка со сомнежи и несигурност како неспособни да сме.. Ама секако јас сметам дека жеското од како ке наполни 18 нека си тера по свое нека послуша совет а не родителите да и кажуваат што да прави во животот и каде да оди.
Јас сепак мислам дека зависи и од карактерот на родителите. Не се сите родители исти во поглед на ова прашање.
Жената е способна да ги извршува сите функции, жена, мајка, сопруга и работник. Неуморно е активна на сите животни полиња и едноставно успева да постигне се’!
Жените не заборавија да бидат жени, сопруги и мајки, туку ја заборавија својата вредност, заборавија да се почитуваат себеси и да не дозволуваат да бидат искористени, излажани, изманипулирани, малтретирани психички или физички. Е тоа е најголемиот проблем со жените во денешницава. Се' уште попрво би трпеле лош брак отколку да трпат што ќе речат комшиите и луѓето ако се врати дома и се разведе.
Mene ne mi e jasno zoshto ne se otvaraat temi dali mazhite zaboravile da bidat sopruzi i tatkovci? Znachi nikogash nema da se iskoreni vrednuvanje na zhenata ( i na celata nejzina lichnost) po toa kolku dobro ischistila i kolku vkusen ruchek zgotvila. Makedonija 2023 godina.