Веќе има теми за добрите момци и нивната запоставеност од спротивниот пол исто така и на убавите девојки не им оди баш најдобро. Редно време е да посветиме внимнаие на премногу паметните момци и нивните предизвици во секојдневниот живот. Според оваа статија на New York Post, жените сметаат дека некои машки се препаметни за дејтање. Цитирано е истражување во кое се анкетирани 214 луѓе и според резултатите иако и мажите и жените сакаат да имаат паметен партнер, жените ја повлекуваат крајната линија на 90-от процент(тоа би било околу 120 IQ). Луѓето што спаѓаат во врвниот 1%(зависно од скалата некој со IQ од 135 или 138 па нагоре) не се баш на врвот по посакуваност, за тоа може да постојат бројни причини (неравиени социјални вештини, преголема посветеност на, учење, работа, аутизам итн.). Што мислите за ова, дали се согласувате? Дали сте биле не дејт со некој астро-физичар што повеќе време гледал во ѕвездите отколку во вашите очи? По се изгледа дека на високонадарените (не таква надареност, хе хе) луѓе не им оди се од рака.
Ако е паметен не значи дека ќе ја одбегнува девојката и цел состанок ќе гледа во ѕвездите.. Генерализирање, исто како што ако некој учи многу одма ќе речат geek e.
Nit se soglasuvam nit ne zatoa sto e generalizacija. Da sum izlegla(ne bese bas astro-fizicar ko od tvojot prv post he he ama bese taka nadaren i se uste e) i ic ne mi bese gajle dali poveke gledase nagore ili vo mojte oci povazno mi bese kvalitetot na kazanoto megu nas od kvantitetot na muabeti.
Општо, секој т.н. препаметен човек, има низа socially-awkward карактеристики што не го прават баш посакуван партнер. Од лично искуство, имав таков еден стварно паметен, и дечкото си беше т.е. си е опседнат со спејс програми, нивна историја, напредок, развој на ракети, итн., и тоа било до степен по цел ден да знае да ми ги праќа клипчињата што ги гледа и да ми објаснува, иако било очигледно дека после саат време ми идело да се рокнам. Океј, и мене ми е нешто интересно, колку да не сум ќутук на темите, но таквото опсесивно зборување и размислување на таа, па таа тема, не остава простор да се продлабочи партнерската врска. Просечен човек нема интереси од толку јак интензитет и има тенденции да шета со паметот од една во друга мисла или идеја, додека другиве знаат да се напнат и да ја занемарат околината дури не си ја завршат мисијата т.е. да ископаат и научат што наумиле. Не мислам дека IQ од 135-8 е нешто премногу експлозивно и дефинитивно не е тоа кремскиот 1% (тука би ги сместила оние што надмашуваат 160+) ко што вика статијата, пошто познавам луѓе и со повисоки коефициенти од 135, а имаат нормални врски, ама па знам и со понизок, а забегани... но ок. Мислам дека секој, до некој степен, се плаши од попаметен од него. Стравот дека „ќе најде тој/таа некој на нејзино/негово ниво“, па „јас не можам толку“ или фактот дека некој секогаш ќе избере, еве, да прати во живо или да оди на научен семинар наместо да е со вас, итн., итн., знаат да го јадат човека. Оваа популарност на ликови ко Шелдон, Монк, Спенсер Рид, итн., што поттикна бран т.н. сапиосексуалки, е малце друга тема на разговор, но тие ликови се интересни само на екран пошто се преувеличени и им се дава некоја хумористично-симпатична нишка. Во реалноста се претешки за трпење. Едните пошто не знаат и не знаеш како да се однесуваш со нив од што се затворени и не можат да се снајдат во просечна социјална ситуација, а посебна сорта се оние свесни и горди на својот памет, кои никогаш нема да пропуштат прилика да спуштат некој смртник на земја што не знае Златниот Сооднос да го рецитира ко што ја знае азбуката. Значи, у право се. Маж-компјутер, не, фала.
Кај нас очигледно нема толку паметни или барем јас не сум налетала на таков, а баш би сакала со некој да излезам. Генерално повеќето ги мрзи и факултетот да си го довршат.
Не. Обратно, не би излегла со некој само дека е убав. Ако е астрофизичар како во примерот гарант знае и муабет од општа култура да сврзе. Не се научниците чудаци
Воопшто не би ми сметало да дејтам препаметен маж. Би ми сметало кога тој истиот би бил препотентен и би ми плескал во лице како он е најпаметен а блиските мои, блиските негови, јас не сме.
А бе, јас сфаќам и се согласувам дека има доста луѓе што она со сапиосексуалноста го доживуваат навистина позерски и како тренд, ама... многу поодбивни ми се, наспроти тоа, примери на фраерчиња кои ги „советуваат“ другите мажи да фрлат тоа книгите и наместо тоа да се зафатат само со теретана, да станат вистински мажјаци... За мене не постои такво нешто како премногу интелигенција. Како што вели еден цитат, you can never be overdressed or overeducated. Тоа што може да им биде проблем на некои високоинтелигентни луѓе при наоѓање партнер, е затвореноста и социјалната анксиозност кај некои од нив - а не нивното знаење и IQ. И тоа е индивидуално, а не сите големи интелектуалци и научници се вклопуваат во таа стереотипна слика од филмовите и сериите.
Не те знаат форумски доволно добро, затоа ти оставаат сериозни одговори. Моментот кога New York Post некој ќе го земе како пример за ругање посочувајќи го како конзистентен извор на статистички податоци. Лол, не јеби. Ова ако ништо друго заслужува да оди во тема смешни мислења. Или во потпис со bold.
Насловов на темава ми звучи како некој да си измисил теорија дека никој не го дејта бидејќи е премногу паметен.
Па, побитна ми е интелигенцијата него ли убавината. Така да би била. Обожавам и јас да филозофирам за некои чудни теми, можда сум и по малце nerd, па обожавам вакви дечки некако.
Целата тема сумирана во една реченица. Не верувам дека некој маж или жена ги избегнува надпросечно интелигентните баш бидејќи се препаметни, туку поради други карактеристики што одат со тоа, како арогантноста, повлеченоста, опседнатоста, недостатокот на слободно време, интровертноста, физичкиот изглед. Имам сретнато многу машки за кои што сум добила впечаток дека се доста паметни, ама за никој не сум помислила дека е ептен интелигентен. Можеби затоа што не ја сфаќам така инелигенцијата, со една бројка да може да се дефинира цело знаење на еден човек. А на ликови како Шелдон Купер и на тв кога ги гледам превртувам очи, а не па во живо каде што ја немаат улогата на ,,lovable geek''. Така да, не ми е гајле ако некое машко знае да ја реши Римановата хипотеза ако не знае да направи два реда нормален муабет. Ако е паметен, интересен соговорник и барем со просечен изглед, има 110% шанса да се заљубам во него.
Македонците, со оглед на тоа што сме екстремно паметен народ, голема е веројатноста да дејтам астро-физичар.
Мене лично не би ми пречело да биде некој попаметен од мене, бидејќи најискрено битна ми е интелигенцијата. Баш би ми било предизвик, на тој начин и јас би можела да научам нешто ново и повеќе. Секако би била со таква личност доколку не е арогантна, надмена и со таа своја интелигенција да потценува и се да ти објаснува па да испадне mansplaning. Се во граници на нормалата. Не е само интелигенцијата, има и други полиња за штиклирање.
Од тоа што успеав да го скролнам пред некој ден од темата околу "убавите девојки се сингл", изгледа од таму е инспирацијата за темава на членот. Не, не избегнуваат. Затоа што не сите машки се толку паметни, нема толкави генерализации, залепени етикети и нѐ има и нас малку попаметни и не толку наивни девојки/ жени па сме таман на "исто ниво".