Дали вомените авојдираат премногу смарт менови за дејтање? Извинете, морав!!! Смешно ми дојде кога прочитав дејтање
Можеби не избегнуваат, но, навистина се тешки за сфаќање. Чист пример е мојот другар, учи на финки и некои курсеви за математика. Многу е паметен, а истовремено и чуден. Со него можеш со денови да зборуваш за вектори, квадратни равенки, синуси, радиуси, котангес, тангес и други работи. Но тема од секојдневен живот и самиот кажува дека му е многу просечна. Девојка до сега имал само во основно а од тогаш не. Кажува дека нема таква што би го освоила. И имам приметени таквите машки паѓаат на вакви девојки... чудни. Барем имам приметени од позадините на телефоните. Живеат во свој свет. Spoiler
Ова е премногу добра тема. Од секогаш, сум го мислел ова. Кога ќе видиш некој пар, реално...се гледа тоа. Јас мислам дека, во 90 % од случаевите е така..
Oд премногу паметен дечко сешто ќе научиш и никогаш нема да ти е досадно, а од глуп можеш само да си ги уништиш мозочните клетки
Хаха ги избегнуваме добрите момци, ги избегнуваме паметните момци ех жени, жени...маживе па бегаат од убавици... ех каде отиде светов... Шала на страна мислам дека за врската да биде функционална доста важно е и партнерите да се на слично ниво со интелигенција. Значи сите тие паметни мажи/жени си бараат веројатно некој сличен на нив. Погоре каде е спомнат другарот од ФИНКИ веројатно и не е баш заинтересиран за просечна девојка интелектуално. Не сум одбила никогаш дечко бидејќи го сметам за препаметен (не сум ни запознала таков) би било убаво да си најдам некој таков хаха Сум избегнувала некој бидејќи не ми бил привлечен но не е сега тоа темата
Како проценувате вие кој е премногу паметен? Колку што гледам, тема на дискусијата се т.н. гикови, и да, може да се каже дека се избегнувани од жените во некоја мера. Нормално е маж кој располага со социјални вештини да биде повеќе посакуван и баран, паметот не е само и единствено во науката и прочитаните книги, завиден интелектуален капацитет се манифестира и преку снаодливост во секоја сфера од животот. Да напоменам и дека паметните личности се склони кон детално анализирање, како такви се попребирливи, па самите ги отфрлаат гротото додворувачи/додворувачки од себе (што е добро).
А како би откриле дека некој е ПРЕПАМЕТЕН маж..и колку тоа има премногу......се е индивидуално..ако за некоја женска некој батка и е препаметен, за мене може да биде глуп и забеган....кко и да е, треба да излезам неколку пати па за да видам што носи во мозок, дали има повеќе од мене(што нема да ми пречи)..и тд.
Не можете да го отфрлите како генарилизирање бидејќи ваквите истражувања вклучуваат група на луѓе врз кои се одредува просекот, секогаш постојт исклучуци но тоа не е толку битно како просечниот резултат. Исто е како да кажеш дека мажите се во просек повисоки од жените, има некои жени што се повискои но ако има 10 рандом мажи и жени поголема е веројатноста дека маите ќе бидат повисоки. Тоа е астрофизичарот е шега, поентата е ако искочиш со некој многу паметен не значи дека ќе ти биде интересно. Според ова истражување Некои го покажуваат спротивното, можеби дел се предрасуди или пак луѓето имаат различна представа за тоа што значи социјалност, посоцијални жени ќе бараат посоцијални мажи итн. "Лол не јеби", ваков бзобразлук немам сретнато од времето кога сум член на фемина. Иако New York Post е таблоид го постирав тоа бидејќи има подобра читливост, не е битен сајтот битни се изворите. Ако сакаш линк од истражувањето слободно повели. Пишување интересни постови со доза на хумор не е тролање, ако ти гледаш на нив така тоа е твој проблем. Хахаха, не е теорија само отворив дискусија на темата, не значи дека тоа е израз на мојот карактер. Исто како некој да отвори тема за инцест, можеби можеби сторил инцест можеби планира на стори, може некој близок член на фамилијата сторил инцест а можеби е мотивиран од чиста љубопитност, јас спаѓам во последната категорија.
Се заснова врз IQ, иако тестовите се прилично точни секогаш постои место за грешка. Тоа најдобро се покажува по прфесијата, ако некој е астрофизичар, квантен физичар, матемачичар, успешен шахист, успешен доктор, адвокат итн. значи дека е попаметен од поголемиот дел од населението. 135-138 е еден процент иако не е толку елитистички како 160+ (луѓе со такво IQ буквално можеш на прсти да ги изброиш во Македонија, еден во 160 000 илјади), ако во Македонија просечно IQ e 90 луѓе со 135-138 ќе бидат 1 во 750 што не е толку ретко ама сепак е. Јас мислам дека жена не би можела да биде со некој доста помалце интелегентен од нејзе, за мажите и не е важно, битно да е разумна, да нема daddy issues. Можеби сапосексуалноста да се фетишира, но мислам дека релноста е посложена, никој не бара партнер според еден критериум туку неколку работи треба да се совпаднат.
Моментално излегвам со доктор на науки по физика шо е преуспешен во полето. Има објавено 6 научни трудови и работи на research во институтот за физика во Љубљана. Дефинитивно е еден од топ 5 најпаметни луѓе шо ги имам запознато во мојот живот. Поинтересна, пофина и поразбрана личност немам сретнато. Стварно ми ги проширва видиците во животот и премногу ме мотивира. Разговараме за секакви теми, прашвам секакви прашања, гледаме документарци ама истотака и излегваме, пиеме, гледаме смешни серии... Не е во ни една крајност. Според моето досегашно искуство, дефинитивно би одбрала да дејтам некој со надпросечна интелигенција и би се носела со сите предизвици.
Самото тоа што го цениш покажува дека можеби и ти имаш надпросечна интелегенција. Иначе низ историјата имало генијалци што биле доста успешни со жени како на пример Никола Тесла.
Па имам праено официјален тест за интелигенција во болницата во Битола и наводно според психолозите сум над просечната интелигенција, ама типот е далеку попаметен не ни планирам да се споредвам. Чоекот е гениј. Ама не знам некако не ми ствара несигурности то, пак ќе речам баш ми годи шо учам нови работи од него за универзумот и вселената и атомите и триста чуда.
Како што пишав погоре, жените повеќе би сакале да бидат со некој на исто или повисоко ниво на интелегенција од нив. Нема чуство на несигурност, баш напротив, во нивна корист е да биде така (попаметни деца итн.). За мажи е поинаква приказна.