Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали жените избегнуваат премногу паметни мажи за дејтање?

Дискусија во 'Сингл' започната од BoneMachine, 1 септември 2018.

  1. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Мажи се привлечени кон жени што се убави, не им е баш на врвот на приоритетие нивото на интелегенција (зборувам за мнозинството мажи, да речеме 90%, не сите). Иако повеќето не би им сметало сепак жените се тие што го прават изборот, ако има голема разлика тешко дека ќе се оствари таквата врска.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.436
    Тешко дека би била со ваков партнер, пред се поради природата на мојот карактер и вкусот за мажи кои ме привлекуваат.

    Изборот на партнерот ми беше направен на 19 години, па може да претпоставите кои критериуми сум ги имала.
    Сега знам што сакам, отприлика не отскокнува од она што сум го одбрала, ама пак имам јасно поставени критериуми.
    Но никако не можам да се замислам и да функционирам со дечко - гениј.
    Од друга страна, изборот на партнерот знам дека ќе ми биде согласно мојата интелигенција и образование.
    Не би можела да функционирам со човек кој нема никакви слични интереси со мене. Нека биде некоја златна средина, баланс. Ни пре паметен, ни пре (како да се изразам, а да не навредам некого!), но мислам ми ја сфаќате поентата.
    Стојам на тоа дека за една врска да функционира, партнерите треба да се на исто или слично ниво. На почеток може тоа не се гледа, ама доволно е еден состанок за да сфатеш со кого имаш работа.
    Секако не е секогаш битен степенот на образование, има луѓе кои со средно се прави генијалци. Има и такви кои се магистри, ама џабе.
     
    На Sesil, MacenceEna, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    The Bell Curve предизвика голема реакција бидејќи авторите преку книгата ги скршија табу темите (за расата и интелигенцијата да може да бидат истражувано од научен аспект) кои и онака веќе се знаеја, ништо ново не беше откриено, и никаков нов материјал не беше претставен.

    Доволно типично беше да содржината на книгата да беше опишана како "расистичка" а би рекла дека обидот да се прикаже интелигенцијата како проста цифра, како и присутноста на генетската компонента која сака да ја оправда разликата меѓу луѓето.

    The Theory of Multiple Intelligences [Howard Gardner, 1983] претставува уште еден доказ дека IQ тестовите не се доволни да се измери спектарот на интелигенцијата, како што е прикажано во неговата теорија.

    Гледано од аспект на нивниот опсег, поддржувачите на теоријата на Gardner сметаат дека тестовите за IQ се прилично ограничени, бидејќи тие тешко може да ги измерат особините кои се составен дел од класификацијата како интелигенција.

    И можам да видам зошто има... Човекот како прво и прво, сеуште не успеал да ја утврди дефиницијата за интелигенција, и тоа не претставува исклучок и за Howard Gardner, кој не се ни обидел да ја прошири дефиницијата за интелигенција, туку се мисли дека навел одредени способности и таленти кои смета дека можат да се дефинираат како интелигенција и да се вметнат во истиот спектар.

    Би рекла дека човекот преставува сложено суштество, и како што истовремено сите луѓе се исти, така истовремено се и многу различни.

    Дали интелигенцијата е само еден стандардизиран поим или збир од повеќе аспекти, засега зависи само од тоа како човекот мисли дека треба да ја дефинира, што не гарантира веродостојност.

    Може да се каже дека додека од една страна математичко-логичката способност се дефинира како интелигенција, додека музичко-ритмичката и хармоничната способност не се дефинира како интелигенција?

    Кој всушност одредил што ќе претставува интелигенција, а што особина? Која е разликата?

    Некој ќе рече дека ова е чиста дискриминација...

    Она што IQ тестовите го претставуваат како интелигенција е тесна дефиниција, додека теоријата MI, од друга страна е широка дефиниција.

    Се согласувам, но би сакала да додадам дека IQ тестовите знаат да создадат лажна импресија на интелигенција.

    Имено, бидејќи дел од самите испитаници веруваат дека истите тие тестови се валидни, а како што знаеме, истата таа валидност неретко се доведува до прашање.

    А не е валидно бидејќи како прво самиот човек не може да ја утврди природата на интелигенцијата - затоа и постојат разни теории за интелигенцијата кои укажуваат на различни аспекти.

    Но дури и да претпоставиме дека сме ја утврдиле природата на интелигенцијата, сеуште не е доволно јасно дали тоа е воопшто доволно за да се докаже валидноста.

    Ова прашање секако не може да биде одговорено бидејќи , како што кажав претходно, сеуште сме неодлучни кога станува збор за природата на интелигенцијата, па така се додека таа недефинираност трае, ќе постои и лажниот впечаток за точноста на интелигенцијата.

    @BoneMachine бидејќи не сакам да ја уништиме темава со off topic дискусии, предлагам дека можеби е подобро да отвориме специјална тема каде може да дебатираме... :)
     
    На Joi и BoneMachine им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.798
    Пол:
    Женски
    Е таквите мажи не се паметни. ;) Мнозинството не се паметни, а бараат паметни жени. :yawn: Секој со сличниот си оди.
     
    На Kitty23, JuLleE, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    @BoneMachine


    [​IMG]

    Бон, социологијата, антропологијата, филозофијата, психологијата и др. не се егзактни науки.
    Со самото тоа треба да се земе во обзир дека сите истражувања кои се правени, без оглед на тоа со колку расположливи ресурси располагаат треба да бидат земени со доза на резерва.
    That being said, намерата не ми е да го побијам истражувањето кое се базира на факти, а е истовремено и тесно врзано со еволуциската генеза, туку да ти посочам дека ваквите истражувања не се статични.
    Како што знаеш науката е жива материја која подлежи на постојани промени, што значи дека не нужно мора ова и во следните 50 години да остане вака во однос на IQ разликата и варијацијата во родовите когнитивни вештини.

    Сепак, она што тебе ти недостига е критичен пристап. Сите овие податоци преку прикази се во ред, но она што не е, е твојот очигледно шовинистички пристап кој индиректно го прикажуваш во теми од сличен карактер.
    Твоите реченици од типот (парафразирам) ,,Жените бараат мажи со подобар финансиски статус од нивниот" или со други зборови преведено ,,Повеќето жени се спонзоруши"

    Тера во еден момент да се запраша човек со која цел всушност ја имаш отворено темава? Значи пази, ваквите реченици (освен ако не се заебанција), стварно немаат допирна точка со конклузивни научни анализи, а ниту со реалноста. Напротив, премногу се прво генерализирачки, а друго субјективни и навредливи.

    И да, за тебе извадоците од релевантни извори може не се big deal за форумот, и тoa e океj. Ама тогаш се поставува прашањето дали и за правописот го мислиш истото, зошто искрено правиш доста грешки додека пишуваш. Не се лути, правиме сите, ама кај тебе оној збор "предХодно" кој го пишуваш во речиси секоја тема...штрчи. Имаш и други грешки на кои треба да поработиш во однос на ова, но ако ти е и тоа сосем неважно, тогаш слободно продолжи да пишуваш онака како што си почнал. А јас ветувам дека нема да те цитирам повеќе за глупости, за да не створиш алузија како и првиот пат дека водам некаква војна против тебе и твоите форумски другари. :D
     
    Последна измена: 4 септември 2018
    На RESANKA и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Изборот на дејт партнер никогаш не се сведува само една карактеристика, туку бираме партнер според физичка привлечност, карактер, заеднички интереси, па и интелект, меѓу останатите карактеристики.

    Самата тема е сексистичка и имам впечаток дека позадината на ова е муабет од типот - Жените кои се интелигентни бираат приглупи мажи за да можат да доминираат у врската.

    Дали ти @BoneMachine се чувствуваш инфериорно во однос на жените, имаш комплекс на нижа вредност или причината е сосема трета, да речеме, некој ти рекол дека си премногу паметен и затоа немаш цура, не знам, а и не е моја работа, сепак не можам а да не прокоментирам дека темава нема простор за било каква дискусија.
     
    На RESANKA, Feminka22 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    2.615
    Ги читам постовите и не ми е јасно зошто баш астро-физичарите ви се еквивалент на интелигентни луѓе?!?!

    Инаку, врзано за темава - напротив, одсекогаш ме привлекувале убави умови. Прво сум го бендисувала умот, а потоа лицето...
     
    На Dentina, Someonespecial, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Не знам ни јас..секој втор дибек е директор или некој функционер..нема врска интелигенцијата со професијата осим пример информатичарите стварно треба кликер
     
    На RESANKA и meggle им се допаѓа ова.
  9. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Постојано се противречиш самата, претходно спомна дека е генерализација и не треба да се земе предвид, а сега ставот ти се промени кон
    . Барем имај конзизтентни мислења кога веќе одлучуваш да навлезеш во дебата. Ова ти го кажувам за твое добро бидејќи противникот воопшто нема да те сфати сериозно.

    Ако фактите се шовинистички тогаш слобоно распни ме на крст и наречи ме шовинист. Кога ме цитираше никаде не напишав "јас мислам" само наведов докази, ако сакаш да го оспориш тоа што го напишав понуди конрта аргументи со докази, а не ме напапаѓај со ad hominem. Тоа не пали на мене.

    Кога сме кај печатни грешки, ти напиша "земе во обзир" обзир се пишува со ѕ, обѕир. Тука "што значи дека не нужно мора ова и во следните 50 години" глаголот си го ставила после придавката,а знаеме дека пред глаголот стои и го опишува прилогот, додека придавките стојат пред именката бидејќи ја опишуваат. Нe можам сега да навлегувам во детали, само што ми текна дека во кујната на маса имам ставено да ми отстои чај Бекулис.

    П.С. Не обрнувам премногу внимание на печатните грешки бидејќи сепак пишувам на форум и понекогаш можам да се занесам во пишувањено без одново да го прочитам текстот. Без разлика, секоја добронамерна критика е добредојдена.

    П.П.С. Тоа што спомнав за напаѓање, на моменти во стилот на пишување ме потсеќаш на една членка што беше активна и сега на жалост не е меѓу нас. Но можеби тоа е само до мене. ;)

    Морам да одам, чајот ќе ми остине. :)


    Јас и самиот спомнав дека реалноста е посложена, нареден пат кога ќе ме цитираш потруди се да ми ги прочиташ сите мислења на темата. Знам дека е тешко понекогаш, но запомни дека полесно е да нападнеш некој од чиста мрзеливост отколку да се потрудиш да ја дознаеш вистината.

    Никој не ме обвини за мизандрија (мажо мразец) кога напишав дека поголем процент од мажите имаат потпросечна интелегенција отколку жените, ти изгледа само си прочитала дека повеќето мажи имаат надпросечна. Нели јас сум тој што треба да е искомплексиран?
     
  10. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Одлична идеја! Најсоодветно ќе биде да ја отвориме во темата за Психологија.
     
    Последна измена од модератор: 8 септември 2018
    На ccca и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Постои спектар од фактори при изборот на партнер/ка,освен во екстремни ситуации.

    Да се има високо IQ и да се биде мудар се две различни работи.

    Високо IQ не значи висока емоционална интелигенција.

    Постојат интерполови и интраполови разлики.Сите луѓе не се исти.

    Ако ги погледнеме стастистиките на склучени бракови/разведени бракови во една година ќе дојдеме до заклучок дека и двата пола прават многу грешки во изборот. Прво,несоодветна избалансираност помеѓу рационалните и емоционалните аспекти,или постои заљубеност до уши а рациото е во аут,или пак односот е премногу рационален и калкулативен без соодветна емотивна нишка.Второ,колкав процент од луѓето денес без разлика на пол можат да бидат лојални, искрени,отворени и да имаат чувство за взаемно почитување,земајќи ги во предвид сите предизвици кои ги носи ова време?Е,сега замисли какви грешки се прават за дејтови.:D

    Стави една анкета : “Со кого би излегле на состанок(дејт)?:

    -Emmanuel Macron
    -Bill Gates
    -Snoop Dogg "

    :D
     
    На Joi, MarigoldA и poenta им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Многу параметри се битни за одбирање дејт партнер. Прво, што во моментот ти треба. Ако е само за забава, може да биде и со АјКју колку собна температура, ама за брак, дефинитивно не сакам некој кој не може да разбере основни концепти и да морам да му цртам.

    Друга работа е карактерот, ставовите и убедувањата. За дејтање, пак... може да флуктуира во одредени рамки на мојата способност за толеранција. За брак, кругот се стеснува и не би сакала покрај мене некој кој има многу различни ставови и убедувања, во однос на моите, а карактерот, треба да му е комплементарен на мојот.

    И јас и мажот ми сме со висок коефициент на интелигенција. Јас околу 125, тој околу 135 (од официјални тестирања). Ми причинува задоволство што имам покрај мене некој со кого можам да разговарам на било која тема. Повеќе од 18 години сме заедно, и теми за разговор, суште не ни се исцрпиле. Можеме со саати да дебатираме.

    п.с. Интелигенцијата не е поврзана со степенот на официјално образование.
     
    На dunika, Kitty23, MarigoldA и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Слободно посочи ја мојата контрадикција со цитат.
    А, ако конкретно мислиш на оваа реченица -
    Погрешно си разбрал, зошто не се однесува на конкретната студија. Генерализацијата која ја спомнувам е примедба кон твојата (не)критичност и акцентирање на тоа колку се жените и педерите за никаде во добри 70% низ овдешните теми, преку импликација на црн хумор.
    Што се однесува до оваа тема, јас уште пред три години, ако помниш бев со став дека мажите наспроти жените имаат повисока контрибуција во полето на науката и инвенцијата заради разликата во когнитивните процеси кои горе ги спомнав. Тоа беше став кој примарно и сама го застапував.

    Не е доволен цитатот каде од жените правиш спонзоруши на еден ноншалантен и индиректен начин?
    Која е таа студија што по научен пат дошла до конклузија дека сите жени се склони кон мажење на супериорно висококласни мажи? Можеш да кажеш дека дел од жените често бираат алфа мажи (што год да се подразбира под овој шаблонско изведен поим), или едноставно да кажеш дека дел од жените преферираат мажи еднакви до себе во однос на кариерата, исто како што мажите го прават тоа. Ама, наместо тоа ти рече дека жените се (генерализација) хипергамични суштества, што апсолутно нема врска со темата а ниту пак со наука. Но, затоа има врска со типизација и лошо инкорпориран вредносен систем кој постепено го проектираш низ теми како оваа.
    Да, мора да постојат генерализации во одредени ситуации, за да ни дадат улога во општествената хиерархија, но унифицирани етикети како оваа за жал не се дел од таа агенда..

    Не, печатна и правописна грешка не е исто. Кај тебе се случува екстремно често да е правописна, зошто во секој втор пост го пишуваш тој збор на идентичен начин. Јас во претходната реплика со тебе имав совест и доза на рационалност да кажам дека "сите правиме правописни грешки" (including myself), а ти што направи? За да ми ја докажеш поентата, зимаш и бараш грешки во мојата реплика, а потоа се заблагодаруваш на укажаната примедба..Колку е тоа сулудо и пасивно агресивно човече. :drunk:

    ..На кого те потсетувам, на Валерин?
    Не се плаши да посочиш ник, зошто јас немам причина да се кријам. Овој дупли профил ми е направен од други приватни причини. А кога веќе го спомнуваш и тоа, размисли добро кој прв го почна нападот, од која причина и како се заврши сето тоа. Моите сегашни реплики кон тебе немаат хејт импакт од минатото, зошто буквално со сите членови со кои до сега имам водено полемика се со идентичен тон.

    Да не одам уште оф топик..
    Пробај со некој мејнстрим чај од нане или камилица, викаат имал позитивни ефекти врз меморијата, башка ќе биде во склад со твоите стереотипни стандарди.
     
  14. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Хипергамија не е спонзоруша туку баш се поклопува со тоа што ти го напиша. Интерсно е да те гледам како самата ги испревртуваш зборовите со намера да ми противречиш, а на крај да се согласиш со истото. Тоа радо го следам со пуканки во рака.

    Се гледа дека си очајна да ме напаѓаш без причина. Која ти е целта? Бан од Фемина? Тоа баш ништо нема да ми смени во животот.

    Хахахаха не сум баш пасивно, и самата знаеш дека после нашата предходна расправија ти беше таа што стана пасивна на форумот. Патетична си, од Месечината се гледа дека сеуште си ми гневна од тогаш, што е показател дека имаш проблеми, дури и тогаш така кажав, и во право сум.

    Што се однесува до нападот, јас се шалев со тебе и ти беше првата што почна да навредуваш па ти вратив.

    Од кои причини отвори нов профил? Знаеме дека сакаш да правиш сплетки и да дознаваш приватни информации за членови. Се недевам дека си била на терапевт изминативе години, ама и да си била се гледа дека немало никаква полза.

    Вчера морав да испијам Бекулис додека ти ги читав коментарите. Едноставно така ми реагира телото кога ги читам твоите коментари.
     
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Бон, не ни пишав дека терминот значи спонзоруша in the first place.
    Еве сега читам и сфаќам дека не сум се ни изразила погрешно па, да не можеш да разбереш. Изгледа чајот ептен те удрил во глава.

    Типично е за тебе да ја прикриваш нервозата со иронични коментари.
    Вистински задоволни луѓе остварени во животот не ја пронаоѓаат "екстазата" преку проекција на сопствените емоции, или анализи на членови на форум. Уште помалку во шовинизам или прикриена хомофобија која етапно бива прикажана на суптилен начин, преку теми како оваа и слични на оваа. Теми кои се содржински конзистентни но, отворени со друга намера.

    Сериозно?
    Чекај малку, зошто би добил бан, и зошто мене би ми било тоа намерата? Ти во 2015-16 година не доби кога јас лично барав и објективно требаше, па се поставува прашањето зошто тоа би се случило баш сега кога не треба, нели.

    Фасцинантен си.
    Твојата другарка ја започна целата мелодрама зошто се утрипа од обично случајно погодување нечие презиме, и мислејќи дека барањето за моето доаѓање на skype e со намера за разоткривање идентитети, па вие добрите white hat момци решивте да си поиграте со cyberbullying. Јас ја знам целата вистина, и кога те читам со ова извини ама не можам a поштено да не се изнасмеам, зошто толку многу грешиш.
    Впрочем, знаеш и сам дека немаше такви методи како пребарување профили кај мене во logs, али океј. Ќе се правиме дека ова не се десило, и не си го прочитал, нели, ама сакам да знаеш дека се знам. ;)
    Инаку, не се повлеков баш тој период, меморијата не ти е баш најсилна страна, туку многу подоцна. Ако се сеќаваш после тоа дури се чатав и шалев со тебе.
     
    Последна измена: 5 септември 2018
  16. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Хомофобија? :rofl::rofl::rofl: Е сега ме фати на дело. Што е следно? Ако ме гледаш како шовинист немам намера да се расправам околу тоа и онака не ми е битно што мислиш.

    Се познава дека сеуште си гневна, но сепак ништо не можеш да направиш околу тоа.

    Добро се сеќавам дека ти почна прва да навредуваш, дури ми се закани дека физички ќе ме истепаш. :rofl: Ако сакаш да се претставиш како жртва слободно направи го тоа.

    Изгледа ти имаш лоша меморија, не сме ни чатале ни шалеле.
     
  17. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    @BoneMachine гадно си се зезнал што си ја отворил темата , ама ајде Бог нека ти е на помош. Па уште и насловот да го напишеше како што треба, ама ни за тоа не те бива. Ти на женски форум ли најде да докажуваш нешто. Знаеш како велеле : Кој со ѓаволот тикви садел од глава си ги лупал. (fingers)
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Да имаше конструктивна критика ќе напишеше нешто паметно, но очигледно е дека твоите способности за критичко размислување не можат да допрат подалеку од насловот кој воедно е точно напишан.

    Сакам нешто да докажам на женски форум? Отворив тема за дискусија во која ти не си способен ништо да придонесеш па ме обвинуваш со измислици. Доволно беше да пребарам 5мин низ твотите мислења за да заклучам дека немаш составено ни една паметна мисла. Сите коментари ти се патетика до патетика, ако научам Мопс да пишува на тастатура ќе напише попаметни работи, а имај предвид дека тие се едни од помалку интелигентните кучиња.

    Ова е шовинизам како што немам видено до сега, жените ги поистоветуваш со ѓаволот. :D
     
  20. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки

    Не се однесуваше тоа со ѓаволот за жените туку го напишав во смисла дека сам со свој камен по глава се маваш. Гледам дека си се заинтересирал за мене штом си копал по моите мислења. И да нормално дека немам ништо паметно да кажам во тема во која генерализираш. Така правеше и во темата за девојките каде што дискутиравме за привлечноста. Важно е тоа што ти си паметен , а јас ако сум глупав за мене сум глупав и јас ќе си страдам поради тоа. Ете сега и шовинист ме направи. Имаш уште некој епитет кој сакаш да го додадеш. Ај сега земи воздух и почни со навредите.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.