Практични е клучниот збор тука. Шала на страна, сепак интелигенцијата е поврзана со успешност и продукивност, таа е најдобриот индикатор за тоа. Дали има луѓе во високо IQ што се мрзеливи, секако, но оние што е на врвот на која било професија скоро секогаш ќе бидат и едни од најинтелигентните. Tоа е кажано искрено, на жена ништо не и значи ако не можеш да заработиш за удобен живот ако сакаш и Толстој прочитај го пет пати.
Секој ако размисли логички како подобар избор ќе се одлучи за практичен партнер без разлика дали се работи за маж или жена. А практичен по дифолт не значи само богат, туку и снаодлив, способност за справување со секојдневни проблеми, реакција итн. Емоционалната интелигенција е побитна у пракса џабе ти е да имаш 160 IQ ако не знаеш да се справиш у општеството и социјалните релации и паднеш у депресија и буквално си непродуктивна личност.
Јас не реков дека има нешто лошо да бараш некој што добро заработува, мислам дека тоа се подразбира. Да бев жена, под услов да не бев лезбејка, и јас ќе бркнев некој таков.
Smart is the new sexy Јас на пример пре би дејтала норвешки дрвосечач,отколку некаков си geek. Сакам мажи со општа наобразба и сопствен став,ама не и да се поинтелегентни од мене. Ок,сега сум веќе мажена,ама да се свртам наназад и да направам психолошки профили на екс-ови,јас сум била доминантниот лик(мозокот) во врската.
И Мијалков беше екстра 'продуктивен' и 'успешен'... како и стотици 'продуктивни' и 'успешни' во државава... Јас не би таков.
Па у рамките на моралот не мафијаши, аман ако се практични не значи дека се криминалци. Тачно дека практичните и продуктивните имаат поголема веројатност да се богати али не мора да значи, пропалици сигурно нема да се.
Не значи. Многу ретко кај нас некој е многу продуктивен, без да биде криминален. Да зборуваме за земја во која напредува оној кој е снаодлив и 'го бива', ај, ама овде... само шеми и криминал се подлога за некаква продуктивност... најчесто.
Постојат паметни мажи ама реално ние жените сме попаметни и можеме да го завртиме околу малиот прст ( ова не значи да го праиме будала) , така да незнам зошто би избегнувале да дејтаме таков.
.......Ko nema nekoj pameten maz, ama i dobar, ke ko gledam kako princ. Zainteresirani kandidati poraka vo iMbox hahahah
Како мислиш паметен и колку паметен? Ако е ептен надпросечно, таквите имаат проблем со дејтање и преземање инцијатива. А таков реално... не знам дали сакаш, можно е да имаат и некои чудни фетиши.
Паметен во граници на нормалното, не сега да забегува. Под паметен маж подразбирам некој што има развиено висока емоционална интелигенција меѓу другото и знае точно што сака од животот и се стреми тоа и да го достигне.
Емоционална интелигенција и високо IQ не одат секогаш заедно. Ти изгледа бараш емпат. Исто како мене.