Дали живеете живот кој го посакувате?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Magnolija, 3 февруари 2010.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.589
    Ова прашање ме мачи подолго време и решив да го споделам со вас.
    Дали животот ви тече во насока во која вие сакате, дали сте задоволно од животот што го живеете.
    Пошо јас иако сум мн млада не сум задоволна и сакам да превземам неколку работи, сакам да бидам поодговорна и посамостална, сакам да бидам одлична ученичка, да запознавам повеќе луѓе, да учам француски, да шетам по други градови, конечно да си најдам дечко, повеќе да се забавувам, но иако знам што ми е потребно за да бидам среќна...пак како нешо да ме кочи. Јас не го живеам животот што јас го сакам. Се би дала да имам доволно енергија како порано и да си ги остварувам моите сонови и да вложувам во личноста која е скриена длабого во мене. Се надевам дека ме сфативте, па дали вие живеете живот кој го посакувате?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Ретко кој го живее баш оној живот кој го посакува затоа што не ретко тоа зависи само од нас самите, плус си имаме сите обврски, имаме и мани, и сето тоа на некој начин не спречува да си оствариме се што сакаме. Јас лично СУМ задоволна со животот што го живем: здрава-жива сум, школото сега-засега ми е супер, моите дома ме сакаат, ми веруваат и ме поддржуваат, времето си го исполнувам најдобро што можам, секако зачинето се моите најблиски другарки. Не велам дека е тоа баш животот за кој сум сонувала. Постојат многу работи кои ми стојат на листата и чекаат да бидат прецртани. Но не се жалам. Впрочем, ако имав се што сум сакала, нема воопшто да ми беше интересен овој наш земен живот, па можда и на Плутон ќе сакав да одам. Е тек тогаш како ќе си ја остварев желбата?! Што е реално, реално е... ама... :lol: :lol:
     
    На Love...music и Mila-Milena им се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Точно,секој сака нешто што нема.Јас генерално сум зафоволна со својот живот.Но,секогаш може подобро.Единствено правило е-животот е еден и брзо се троши!
     
  4. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    20
    One day your life will flash before your eyes so make sure it is worth watching

    Еднаш ја прочитав оваа порака некаде и тотално е точна и вистинита.Затоа,направи го најдоброто од секој момент бидејќи само во тебе е силата да ги промениш нештата во својот живот а не да чекаш тоа само од себе да се случи.Кога ќе се го смениш начинот на размислување ке видиш како ќе се сменат нештата

    8)
     
  5. BlueEye

    BlueEye Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    27
    се разбира дека секогаш може подобро. но јас сум презадоволна со она што ги имам и што живеам и нон стоп нешто прам за да не ми е досадно "life is too short to be boring" ова ми е секогаш на памет. и веќе почнав да си ги остварвам моите сонови и сум пресреќна :D
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.508
    Допаѓања:
    37.773
    И јас сум задоволна со мојот живот. Понекогаш ме фаќаат некои депресии, некогаш помали некогаш поголеми, ама секогаш гледам да се опраам и да превземам нешто. Јас сум многу енергична личност и исполнета сум ако имам милион обврски и кога ќе ги завршам е тогаш сум си многу задоволна од себе. Ако можеш да направиш нешто немој само да седиш со скрстени раце. Дејствувај за да не се каеш подоцна и да си викаш што би било кога би било.
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.388
    Порано никогаш не бев задоволна, бидејќи секогаш може повеќе, а и нон стоп си поставува некои преамбициозни цели што никако не можам да ги остварам.
    Во последно време ептен се сменив, и сфатив дека и покрај тоа што ништно не е совршено, сепак е добро. Немам постигнато се' што сум планирала, ама имам постигнато повеќе од било кој на мои години.
    Така што, да, прилично сум задоволна.
     
  8. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.878
    Допаѓања:
    15.905
    Дефинитивно. Се’ што би побарала повеќе од ова, би било аздис, себичност и лакомост. Сфатив дека никогаш нема да можам да правам некои работи, да си дозволувам извесни луксузи, да постигнувам некои несфатливи амбиции, зошто едноставно,не можеме да имаме се’ што ќе замислиме. Тоа е реалноста. Она што постојано го имам, е стремежот и предизвикот кои секогаш ме мотивираат да пробам да остварам она што сакам, оптимизмот ми е карта за престој на овој свет, и го дишам секој ден со полни гради. Се изнагледав грозни нешта, тажни судбини наоколу, лоша карма, и си велам - јас сум среќна што постојам онака како што сакам, реално. Го студирам факултетот што го сакам, ја работам работата што ме празни и исполнува истовремено, имам љубов која не сум ни знаела дека ја чувстувам во себе, имам здрави, живи среќни родители и прекрасна сестра, другарки кои би го дале својот живот за мене и јас за нив. Секој ден учам нешто ново, се радувам на ситни работи, оти во тоа е тајната на постоењето. И го сакам светот и животот, зошто се единствени.
     
    На L-enna и Magnolija им се допаѓа ова.
  9. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    612
    Mozam da kazam deka sum zadovolna.
    Mojata najgolema zelba bese da se vrabota,toa mi se ostvari,pa sega nemozam da se pozalam....
    FALA MU NA BOGA site mi se zivi ,zdravi i veseli.....
    Ziveeme skromno i so mnogu ljubov.....
    Sakam taka da ostane....
    Mojata zelba koja ostanuva e da dobijam uste edno dete,ama toa e na lista na cekanje.....
    Mnogu mi e ubavo denovive,pa taka i neka ostane!
     
  10. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    281
    Магнолија што се однесува до тебе, тоа се некои субјективни работи, кои можеш да ги оствариш, а што ти фали малце фантазија и воља ;) Инаку живот како живот (мојот) тежок, многу повеќе лоши моменти одколку убави ... ама мораш да научиш да бидеш задоволен со тоа што го имаш, никогаш да не си поставуваш превисоки цели и насмеј се и кога ти е најтешко, тоа е мојата формула за убав живот. Животот како живот, каков ке си го замислиш и направиш, таков ке ти биде...никако потклекнување пред многубројните проблеми...научи да ги сакаш другите и сакај се самиот себеси. Секое добро :) позз 8)
     
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    Го сакам мојот живот и велам дека не смеам да се пожалам од сите работи што ми се случиле. Премногу сум среќна поради тоа, секако, им благодарам на Господ, родителите и пријателите. :mrgreen:
     
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    Искрено НЕ - посакувам многу работи да беа поразлични но сепак тоа е што е - донекаде и сум задоволна ;)
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Задоволна сум од мојот живот,фала му на Бога што имам родители кои ме сакат,подржуваат,тие ни се и родители и пријатели кои се тука но нема да бидат засекогаш тука,пријателите исто така.Единствено минливи ви се пријателите,некои остануваат некои не,заради тоа што и времето си го прави своето.Барем ја така гледам на животот,иначе во глобала сум задоволна од мојот живот и гледам да дадам се од себе за целите во мојот живот.Да зависи и од нас,но зависи и од судбината,некои работи не ни се секогаш во наши раце,во контрола,за некои некој друг решава.Така да имам една порака ПУШТЕТЕ ГИ РАБОТИТЕ ДА ТЕЧАТ ОНАКА КАКО ШТО ТРЕБА,НЕ ОНАКА КАКО ШТО НИЕ САКАМЕ ДА ТЕЧАТ.Но не викам дека,не треба да се бориш за целите во својот живот,но и дека треба да ги прифаќаме работите баш такви какви што се.
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.349
    Допаѓања:
    14.816
    Пол:
    Женски
    Не живеам живот кој го посакувам.Сакам повеќе работи во мојот живот да бидат поинакви,ама тоа не е можно.
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    rabotam na toa da ziveam zivot kakov sto posakuvam... :D
     
  16. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    20
    femina90 оваа ти е најдобра ! Дефинитивно најдобриот одговор што некој можел да го даде на оваа тема.Алал да ти е,само така продолжи !
     
  17. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    77
    Па живеам си го сакам животот каков и да е!! :)
     
  18. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    198
    и јас до сакам животот ама е далеку од тој живото кој посакувам да го живеам
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.675
    Не баш дека го живеам токму оној живот за кој сонував додека бев малечка,меѓутоа животот ми е одличен.Сеуште сум многу мала и уште сега несмеам да почнам со песимистички идеи и депресивни денови.Имам семејство,другарки,роднини,образование,а пред се имам и живот кој е само еден и нема реприза.Моите родители се трудат да ми овозможат подобар живот.Благодарна сум што ме донеле на овој свет и што постојам.Се стремам кон исполнување на моите соништа во иднина,го правам тоа што сакам да го правам,се обидувам на некој начин да се осамостојам и да решавам некои проблеми сама,а кога неможам барам совет од некој по возрасен за да не погрешам.Нормално е дека има падови во животот,тоа на секој жив човек му се случува,но треба да ја извлечеме поуката од истите и да не ги правиме повторно истите грешки.Сакам да го продолжам моето образование во иднина,да имам свое семејство и деца,да ја работам професијата која највеќе ја сакам и да бидам успешна.Но,се во свое време.Не треба најубавите години во животот да ги поминам во размислување и кроење планови,кога ќе дојде време ќе мислам и на тоа. Има само една пречка која малку ми ги кочи идеите меѓутоа со сета сила се трудам да ја снема :) Животот е убав и го живеам онака како што јас посакувам ! :)
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Не, како да кажам дека го живеам како што посакувам кога некои драги особи ги нема на овој свет. А за школство, работа, е тоа е веке друга приказна, тоа е глобала и знам дека во тоа не сум сама и не зависи од мене. Работев за без пари. Се запишав на факс, ама скапо па неможам да продолжам е за ова не сум јас крива. Тоа е мојот одговор.